австриски прид.

австриски (прид.)

3. Непосредно по Илинденското востание, на 2.10.1903 год., во австрискиот град Мирцштег Русија и Австро-Унгарија потпишаа нова спогодба за спроведување реформи во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но нека не се заборава дека има и друго, и притоа многу други гледишта на македонското прашање, како: српското, грчкото, влашкото, руското, словенското, австриското и на другите западноевропски држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таков став имаа и германските и австриските социјалисти во тоа време – главно поради истите причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој побрза да се стави на чело на својата голема ордија, која се готвеше да ја нападне австриската престолнина Виена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На терасата од хотелот „Аурора“, некогашен дворец на некој австриски или италијански гроф, секоја вечер се танцуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сепак, беше убаво, топло, извонредно пријатно за патување, уште повеќе и затоа што патот водеше низ извонредните пејсажи на австриските Алпи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ја скашкаа во Сараево едни нѐ носат на австриска граница, други - на Едрење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум читал и за соединувањето на австриските војски и Карпошовите востаници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога стигнал со своите голтари до Скопје, она што никој не го памети и што го запалиле австриските војски на честитиот или никаквиот цар Леополд, ајдутот Парамон дошол пред књазот Карпош и му рекол дека ќе се бори на негова страна за човечки правдини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кралската влада му упати на судот во Хаг нови документи: го достави писмото на австрискиот гроф Менсдорф упатено во 1913 година до својот министер на Конференцијата во Лондон, во кое стои дека границата меѓу Србија и Албанија да оди меѓу Свети Наум и Подградец...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Им кажа дека манастирот имал и постари вина, но кога дошла австриската војска го испила.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Направени се дури и експертизи во австриските закони, од кои јасно се гледа дека граѓаните навистина имаат право на преобликување на фасадите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во перформансот Уметноста и револуцијата од 1968 г. Брус го јаде својот измет, ја пие својата урина и мастурбира пеејќи ја австриската химна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога возот се приближуваше кон австриската граница помина една претходна милиционерска патрола. Едо намерно, наместо пасошот, им ја даде личната карта.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еден-два часа потоа нови грмежи ми го привлекоа внимание и видов нови десетина мечки - австриска ескадрила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури подоцна сфати колку бил несвесен за природното вклопување на својата физичка појава во новиот пејзаж – неговата висина и русата коса можеа да бидат и словенечки и австриски, и германски, како што виде подоцна, додека возот продолжи да оди низ широките пространства на обединетата Германија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На 25 октомври австриската војска влегла во Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По двомесечна опсада здружената полска и австриска војска ги поразила Турците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нѐ уверуваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла, ни ја пренесе својата љубов кон германската уметност, нѐ учеше да бидеме горди што, иако по крв Евреи, кои живеат на австриска почва, сепак ѝ припаѓаме на германската култура.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи