делта

мн. делти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 18769
1. (само едн.) Четвртата буква од грчката азбука.
Англиски: delta Албански: delta
Употреба: Лингвистика
2. Утока на река што се дели на повеќе ракави.
Англиски: delta Албански: deltë, gojë lumi
Употреба: Географија
Примери:
Делтата на Дунав.