рѓа

(едн.) рѓата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12362
1. (’рѓа) Црвеникав оксид по површината на железо.
Англиски: rust Албански: ndryshk
Употреба: Хемија
Примери:
Креветиве фатиле ’рѓа.
2. (’рѓа) Болест по лисјата на некои растенија.
Латински: Puccinia Англиски: leaf rust Албански: gjeren
Употреба: Ботаника
Примери:
Има ’рѓа по житото.
3. (’рѓа) непрокопсан човек
Англиски: crook Албански: ndryshk, pis
Употреба: Преносно значење , Ретко
Примери:
Поголема ’рѓа од него нема.
Изрази
(посл.) Фалбата е ’рѓа.
(посл.) Чистото злато ’рѓа не фаќа.