Дигиталниот речник на македонскиот јазик ги обединува постоечките македонски лексички ресурси. Овој речник е приватна иницијатива, финансиран и ставен на располагање од страна на SAM97 GmbH. Тој се состои од речник и корпус.
При составувањето на речникот е користена следната литература:
- „Речник на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Том 1-3, Детска радост, 1994
- „Толковен речник на македонскиот јазик“, Том 1-6, издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003-2014
- „Граматика на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Детска радост, 1999
- „Правописен речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески, Просветно дело, 1999
- „Правопис на македонскиот јазик“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2015
- „Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија“, Министерство за информатичко општество на РМ, 2009
Корпусот е збирка книги од македонската литература и слободно достапни текстови во дигитална форма. Тие се обележани на морфосинтактичко ниво (POS). Преку анализа на текстовите, зборовите од корпусот се поврзуваат со зборовите во речникот. Текстовите од корпусот служат како примери за користење на зборовите или за надградување на речникот.
Дигиталниот речник на македонскиот јазик им стои на бесплатно располагање на сите што сакаат да го користат македонскиот јазик, на севкупната македонска дијаспора и на останатите заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет, притоа користејќи ги сите научни и стручни извори што стојат законски на располагање, без да се повредат авторските права на кој и да било автор, почнувајќи од браќата Миладиновци, преку Марко Цепенков, Димитрија Чуповски, завршувајќи со Блаже Конески, сите слависти и македонисти, па и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и авторите на Толковниот речник на македонскиот јазик.
Во поглед на авторските права важи член 52, точка 4 од Законот за авторски права објавен на 31.08.2010 во Службен весник на Р. Македонија бр. 115, којшто вели дека:
„Без плаќање надоместок е користењето дела заради илустрирање во образовни или научни истражувања до степен оправдан со некомерцијалната цел што треба да се постигне, под услов да се наведе името на авторот и изворот, освен доколку тоа не е возможно.“ (www.pravo.org.mk)
Универзитетите и научните институции можат да добијат бесплатна копија од основната верзија на Дигиталниот речник. За тоа е потребно да постават барање преку долунаведената електронска адреса.
Дигитализираните информации во овој речник се сопственост на SAM97 GmbH и не смеат да се копираат. Корисничкиот пристап (user interface) и врските со другите дигитални речници се, исто така, заштитени како интелектуална сопственост на SAM97 GmbH. Автоматско поврзување со други веб-апликации и понатамошното користење во други медиуми и апликации е дозволено само по писмена дозвола од страна на SAM97 GmbH.
При непочитување на наведените услови го задржуваме правото да поднесеме кривична пријава и да бараме отштета.
Со користењето на речникот автоматски ги прифаќате и условите наведени во импресумот.
За предлози за внесување нови зборови важи еден од следните критериуми:
- Зборот треба да е содржан во Речникот на македонскиот јазик од Блаже Конески
- Зборот треба да е содржан во Толковниот речник на македонскиот јазик издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
- Да постојат конкретни примери од македонската литература или македонскиот печат со употреба на предложениот збор.
Грешки во содржината на речникот можат да се пријават преку следната e-mail адреса: .
За сите прилози и сугестии Ви благодариме однапред.
Импресум
Адреса: SAM97 GmbH
Одговорен: SAM97 GmbH
Контакт:
Информација за одговорноста
И покрај интензивната контрола на содржината, не преземаме никаква одговорност за содржините на екстерните врски. За содржината на екстерните врски се одговорни самите фирми кои ги ставаат тие содржини на располагање.
Безбедност на податоците
Дигиталниот речник не собира или архивира податоци од корисниците. Сите пребарувани зборови и текстови за проверка се бришат и не се достапни за користење во други цели.
Important information to all our users
The digitized information of the dictionary and the user interface belong to SAM97 GmbH. They are protected by copy rights and it is not allowed to copy them. Any automatic access by software needs a written approval by the company. By using our site you acknowledge those restrictions. Not abiding may lead to legal actions against the perpetrators and we reserve the right to demand financial compensation. Some of the basic data of the dictionary is freely available for educational and scientific purposes. You can always contact us using the e-mail address shown above.
Privacy policy
The Digital Dictionary does not collect or archive any user data. All entered data for searching or spellchecking is deleted and not available for other purposes.