а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опне

опнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Силно напрегне, запне да направи нешто.
Англиски: strain Албански: tendos
Примери:
Токму поради стравот што пред малку му ги стегна градите, сега уште посилно опна, па побрза да се врзе со појасот.
Со јуриш опнаа да влезат - не бива.
2. Затегне, доведе нешто во затегната, оптегната состојба.
Англиски: tighten Албански: shtërngojë
Примери:
Тромите прсти удрија по опнатите жици.
3. За дел од тело - истегне, протегне, испружи.
Англиски: stretch Албански: tendos
Примери:
Ги опна рацете кон ѕидот и силно воздивна.
4. стави, намести
Англиски: put Албански: vendos
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја опнале тавата, ги напржиле рибите.
Ги опнаа фурките да предат.
Опнал ловџиска пушка на рамо и по цел ден се врти околу селото.
5. За шатор - оптегне, растегне.
Англиски: tighten Албански: tendos
Примери:
Го упатија кон она шаторско крило што го опнаа под една карпа.
6. Удри, тупне, перне некого.
Англиски: strike Албански: godit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не сакајќи, го опна со лактот по главата.
7. Даде, наметне нешто на сила.
Англиски: force Албански: detyroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Багажот мене ми го опнаа да го носам.
8. Натера, принуди некого да работи, да прави нешто.
Англиски: force Албански: detyroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ех, да ги опнам малку на сонце, та малку да пожнијат, ќе заборават каде им е главата, а каде нозете.
9. Испие, изeдe наеднаш нешто.
Англиски: topple Албански: përmbysem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Опна eдна чашка, опна две и сè подобро се чувствуваше.
10. Започне да прави нешто.
Англиски: start Албански: fillon
Употреба: Разговорно
Примери:
Штом ќе излезеше од селото, ќе опнеше еден разговор за времето со него.
Опна некаква песна - не песна, ами нешто долго - крај немаше.
11. (се опне) Се напрегне, запне да направи нешто.
Англиски: strain Албански: vendos
Примери:
Се опна да ја дигне вреќата сам.
12. (се опне) Се истегне, се протегне, се испружи.
Англиски: stretch Албански: tendos
Примери:
Тенките и ковчести раце на првиот пак се опнаа.
13. (се опне) Се наметне некому, отиде некому без срам.
Англиски: impose Албански: mbulojë
Употреба: Разговорно
Примери:
Вечерта неколкумина од нив му се опнаа дома на разговор.
Изведенки
1. опнува несв.
(се) опнуваат
2. опнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи