а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крвав

крвави
Вид збор: Придавка
1. Што е од крв, во што има крв, што е cо крв, што крвави.
Англиски: bloody Албански: i përgjakur
Примери:
крвава флека
крвава вода
крвави раце
крвава рана
крвав завој
2. Што е исполнет или постигнат cо крвопролевање, со убиство.
Англиски: deadly Албански: i përgjakshëm
Примери:
крвава свадба
крвава битка
крвава историја
крвав престол
3. Што е стекнат cо тешка мака, што е заработен со голем труд.
Англиски: hard Албански: me gjak
Употреба: Преносно значење
Примери:
Печалбарските пари се крвави.
4. Што причинува болка, страдање, што е многу мачен.
Англиски: troublesome Албански: i dhimbshëm, i rëndë
Употреба: Преносно значење
Примери:
крвава тага
крвава болка
5. немилосрден, строг
Англиски: merciless Албански: gjakpirës
Употреба: Преносно значење
Примери:
крвав џелат
Крвав арачлија.
6. Што е омрзнат, одвратен.
Англиски: disgusting Албански: i neveritshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Крваво ми е пред очите кога го гледам.
7. Што личи на крв, што има боја на крв.
Англиски: bloody Албански: si gjaku
Употреба: Преносно значење
Изрази
Крвави солзи (лее) - голема мака, патење, болка.
Крвава пот - голема, напорна, исцрпувачка работа.
Изведенки
крваво прил.
Пример: Крваво се караат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи