а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загине

загинат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изгуби живот.
Англиски: die Албански: vdiq
Примери:
Во таа борба загинале тројца партизани.
Tој загина во авионска несреќа.
2. Загуби, изгуби нешто.
Англиски: lose Албански: humbi
Примери:
Во планината го загинав новиот џемпер.
Ми загина ножето.
3. Исчезне, се изгуби од видик, за определено време и сл.
Англиски: vanish, perish Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата црна силуета загина некаде удолу по долината.
Каде загинавте вие деновиве?
4. (се загине) Се загуби, се изгуби некаде.
Англиски: disappear Албански: humbet
Примери:
Детето се загина вчера, одвај го најдовме.
Изведенки
1. загинува несв.
(се) загинуваат
2. загинување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи