а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

волја

(едн.) волјата
Вид збор: Именка, женски род
1. Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не.
Англиски: will Албански: vullnet
Примери:
Никој не можел да ја скрши неговата челична волја.
Само мојата волја определува што ќе ми се случува.
2. Желба, намера, расположение; сопствен избор.
Англиски: desire Албански: dëshirë
Примери:
Немам волја за ништо.
Беше изгубил волја да зборува.
Ја потискаше некаква зла волја.
Прави како што ти е волја.
Во домот некој не смееше да има своја волја, свои мисли.
3. Стремеж, поттик за извршување нешто, за постигнување определена цел.
Англиски: poise Албански: shpresë
Примери:
Без волја за живот се подготвувала за умирачка.
Тоа ѝ даде сила и волја да живее.
4. Одлука, заповед, наредба, дозвола, согласност за нешто.
Англиски: decision Албански: vullnet, urdhër
Примери:
Јас ќе ја исполнам вашата волја.
Прифати да биде извршител на нивната волја.
Со ваша волја, ќе раскажам сѐ по ред.
Без волјата на стопанот никој не можеше да продре внатре.
Изрази
Не ми (ти, му...) е по волја - не ми се допаѓа некој или нешто.
Преку волја - без волја, без желба, со сила.
Железна волја - цврст, силен карактер.
Божја волја - по волја на Бога.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи