поткрпи

поткрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 55555
1. Закрпи, сошие одоздола нешто скинато или распарано.
Англиски: patch Албански: qep, arnoj
Примери:
Таа му ги поткрпи скинатите чорапи.
2. Закрпи малку, потшие.
Англиски: mend Албански: arnoj, qep
Примери:
Дај да ти ги поткрпам панталоните.
3. (се поткрпи) Се обезбеди материјално малку, во некоја мера.
Албански: arnohem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Одвај се поткрпивме месецов.
Изведенки
1. поткрпува несв.
(се) поткрпуваат
2. поткрпување ср.
глаг. им.