полароид

мн. полароиди
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 35734
1. Вид стакло што не ја одбива светлината и не блеска.
Англиски: polaroid
Примери:
Полароидот не дозволува да се одбие светлината и се користи во современите камери и фотоапарати.
2. Фотографски апарат што вади фотографии веднаш.
Англиски: polaroid
Примери:
Во рацете држеше најсовремен полароид.