показалец

мн. показалци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4381
1. Прстот до палецот.
Англиски: forefinger Албански: gisht tregues
Употреба: Анатомија
Примери:
Земаа отпечатоци од палецот и од показалецот.
Таа му се закануваше со показалецот.
2. Индекс или текст што насочува и дава некакви податоци.
Англиски: pointer Албански: indeks, tregues
Употреба: Ретко
Примери:
Златната книга е добар показалец и информатор.