акцент

мн. акценти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4203
1. Гласовно истакнување на определен слог или збор.
Англиски: accent Албански: theks
Употреба: Лингвистика
Примери:
Акцентот е на третиот слог од крајот на зборот.
2. Знак за обележување на нагласувањето.
Англиски: accent Албански: theks
Употреба: Лингвистика
Примери:
Сите туѓи зборови имаат обележен акцент во текстот.
3. Истакнување на нешто во споредба со нешто друго.
Англиски: accent Албански: theks
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во овој труд акцентот е врз синхронијата.