небаре

Вид збор: Прилог
Ранг: 527
За воведување споредба - како да, како да е.
Англиски: as if
Примери:
Размавнува со рацете небаре се брани од оси.
Се прекрстив небаре прописот е таков.
Замина, а писмото сѐ така го држеше пред очите небаре го чита.
Тргна по него небаре дресирано куче.