набрбори

набрборат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изнакаже многу, сѐ и сешто.
Англиски: chat Албански: flet gjithëçka
Употреба: Разговорно
Примери:
Уште од изутрина ми набрбори што било и што не било.
2. (се набрбори) се изнакаже
Англиски: blab Албански: llomotis
Употреба: Разговорно
Примери:
Се набрборија како да не се виделе од лани.