буцне

буцнат; буцни, буцнете; буцнав, буцнаа; буцнал; буцнат; буцнев, буцнеа; буцнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 28256
1. прободе
Англиски: prick Албански: shpoj
Примери:
Стариот со бастунчето буцна во вреќата.
2. Боде со рогови (за рогато животно).
Англиски: prick Албански: shpoj
Примери:
Разбеснетиот бик го буцна својот стопан во слабините.
3. подбуцне, провоцира
Англиски: incite Албански: nxit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Аџијата буцнал и им ја расипал свршувачката на младите.
Изведенки
1. буцнува несв.
буцнуваат
2. буцнување ср.
глаг. им.