едно

Вид збор: Префикс
1. Прв дел во сложенки со значење - вториот дел од сложениот збор се јавува во количество еден.
Примери:
едновековен, едногодишен, еднојазичен
еднојајчен, еднокатен, едноклеточен
2. Прв дел во сложенки со значење - еднаков, ист со некој друг или со нешто друго според значењето на вториот дел од сложениот збор.
Примери:
едноверен, едновремен
едноимен, еднокрвен, едномисленик