доволно

Вид збор: Прилог
Ранг: 1247
1. Во доволна мера, онолку колку што е потребно.
Англиски: enough
Примери:
Знаеше дека син му е доволно умен за да знае да се снајде.
Мислам дека не ја сакаше доволно.
Има доволно храна за сите.
2. задоволно
Англиски: pleased
Употреба: Ретко
Примери:
Кога го виделе неговото убаво, поцрвенето лице, царските луѓе се поднасмеале доволно.