ѕид

мн. ѕидови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 383
1. Вертикален дел од куќа, зграда и др. врз којшто лежи покривот или дел што го преградува внатрешниот простор.
Англиски: wall Албански: mur
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Мала куќичка со четири ѕида од плитар.
Дебели ѕидови од камен.
Ѕидови без прозорци.
внатрешни ѕидови, варосан ѕид
2. Заштитна ѕидана ограда.
Англиски: wall Албански: mur
Примери:
Имало ѕид околу тврдината.
Тој прескокна од дворот преку ѕидот.
Изрази
Турка ѕид со глава / удира ѕид со глава - се обидува да постигне нешто невозможно.
Затворен е во четири ѕида - не доаѓа во контакт со никого, живее повлечено.
Ѕид ги дели - соседи се.
Жив ѕид - низа, редица луѓе како пречка, како преграда.
Кинески ѕид - несовладлива преграда за какви било врски, изолираност од надворешни влијанија.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи