чело

мн. чела
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 406
1. Како дел од лицето на човекот; соодветниот дел од главата на животно.
Англиски: forehead Албански: ballë
Употреба: Анатомија
Примери:
Го удри право в чело.
Го бакна в чело.
Високо, ниско чело.
Намуртено чело.
2. Најпредниот дел на нешто, глава, почеток; најистакнато место.
Англиски: head Албански: kokë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чело на одред, баталјон и сл.
На чело на војската, на државата итн.
На чело на трпезата.
3. Вид гудачки музички инструмент.
Англиски: cello Албански: violimçel
Употреба: Музика и танц
Изрази
(разг.) Со крстот на челото (е некој) – искрен, чесен.
Со ведро чело - радосно.