стадо

мн. стада
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2221
1. Група животни, обично овци и кози, што пасат заедно; група животни, обично од еден вид.
Англиски: herd Албански: kope, tufë
Употреба: Зоологија
Примери:
стадо овци
задружно стадо
стадо крави
покопно стадо
2. поголема група луѓе
Англиски: crowd Албански: tufë, grumbull
Употреба: Преносно значење , Разговорно
3. јато
Англиски: flock Албански: plimë, tufë
Употреба: Ретко
Примери:
Прелетало едно стадо диви пајки.
Изрази
(посл.) Викај по волкот дури не влегол во стадото.
Еден волк на едно стадо му е доста, стадо без овчар на волци дар.
Старо куче стадо варди.
(разг.) Фрли го во морето тој ќе ти излезе со стадо овци.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи