социјален

социјални
Вид збор: Придавка
Ранг: 1095
1. Кој се однесува на општеството, на животот и односите на луѓето во него; обусловен од поделбата на општеството на класи; породен од условите на определена средина.
Англиски: social
Примери:
социјални науки
социјален прогрес
социјални болести
социјални противречности
Социјален состав на населението.
2. Кој се стреми кон изменување на општествените производствени односи.
Англиски: social
Употреба: Политика
Примери:
социјални борби
социјална револуција
Изрази
Социјална помош - материјална поддршка определена од државата за лица и семејства што не се во можност да обезбедат егзистенција.