посебен

посебни
Вид збор: Придавка
Ранг: 552
1. Што е одделен, одвоен од другите, што постои самостојно меѓу другите, што не е дел од некаква целина.
Англиски: separate
Примери:
Него го сместиле во посебна соба.
2. Што се разликува од другите.
Англиски: special
Примери:
Во нашата азбука за секој глас има посебен знак.
Нејзините зборови не оставија некој посебен впечаток.