обѕир

мн. обѕири
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10343
Внимание, разбирање, почит кон некого или кон нешто.
Англиски: consideration
Примери:
Тој не покажа никаков обѕир во работата.
Таа има обѕири спрема нас.
Го направи тоа од обѕир кон старицата.
Изрази
Без обѕир (на нешто) - не водејќи сметка за нешто.
Со обѕир (на нешто) - водејќи сметка за нешто.
Земе во обѕир - разгледа нешто, посвети внимание на нешто.