мотор

мн. мотори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3002
1. Машина што ја претвора енергијата во механичка работа (обично за машини кои се движат со согорување на нафтени деривати или со електрична енергија).
Англиски: engine Албански: motor
Примери:
Автомобилски мотор.
Бензински мотор.
Брчење на мотори.
Го запали моторот.
2. мотоцикл
Англиски: motorcycle Албански: motorcikël
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја продаде колата и купи мотор.
Се возеше на мотор.
Се качи на моторот и отиде.
3. Движечка сила (сила што поттикнува).
Англиски: engine Албански: motor
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој беше моторот на движењето.