вода
мн. води
Вид збор: Именка, женски род
1.
Проѕирна безбојна течност без мирис и вкус која во чиста состојба претставува хемиско соединение на водород и кислород.
Примери:
Се напи вода од стомнето.
Се измија во студена изворска вода.
Слатка вода - природна вода што не е солена.
Спротивно од:
суво (ср.)
2.
Раствор, течност слична на вода.
Примери:
Колонска вода.
Минерална вода.
Сулфурна вода.
Лековита вода.
Слично со:
раствор (м.)
3.
Место од каде што излегува, тече вода.
Примери:
Се враќав од вода.
Ја зеде стомната да оди на вода.
Облекла нов фустан за на вода.
4.
Воден тек или поголема водна површина.
Примери:
Се брануваат сините езерски води.
Жуборат бистрите води на планинските потоци.
Никаква вода не тече низ нашиот град.
5.
Водно пространство, дел од море, океан, голема река или езеро што и припаѓа на определена држава.
Примери:
Рибарските бротчиња често ги нарушуваат грчките територијални води.
6.
Сок што се добива со цедење или при варење на овошје, зеленчук и сл.
Примери:
Оризовата вода е многу хранлива.
Кисела вода истекуваше од грозјето.
Слично со:
сок (м.)
7.
Количество вода во кое нешто се вари, се пере и сл.
Англиски:
water quantity
Албански:
sasia e ujit
Слатко од смокви се вари во повеќе води.
Првата вода од гравот се фрла.
8.
Воденикава течност што ја лачи организмот.
9.
Нешто ново, друго, животна ситуација, професија и сл.
Примери:
Заплови во брачните води по вторпат.
Дали може да се пее без да се навлезе во комерцијалните води?
Слично со:
фаза (ж.)
Изрази
Жива вода станав - се испотив сиот.
Ми ја мати водата - создава непријатности, прави сплетки.
Лук и вода - нешто безначјно, безвредно; ништо.
Го гледа како капка вода - чува некого или нешто како нешто највредно, најскапоцено.
Ја врти водата на својата воденица - прави, овозможува работите да се одвиваат во своја корист.
Крвта вода не станува - не може да се заборави, да се биде рамнодушен кон некој близок роднина.
Изведенки
1.
водица ж.
мн. водици
мн. водици
2.
водичка ж.
мн. водички
аугм.
мн. водички
аугм.
3.
водиште ср.
аугм.
аугм.