болва

мн. болви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6392
Ситен инсект со нозе прилагодени за скокање, без крила, кој живее како паразит по луѓето и животните.
Латински: Pulex iritans Англиски: flea
Употреба: Зоологија
Изрази
Од болва лој вади - од ништо сака да извади, да добие нешто.
Тоа за тебе е како болва да те каснала - толку е богат што тој издаток нема да го осети.
Болвата бивол ја прави - од ништо прави нешто.
Изведенки
болвлив прид.
болвливиот
Пример: болвлива кошула