ангел

мн. ангели
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1678
1. Замислено небесно крилато суштество во човечки облик.
Англиски: angel Албански: engjëll
Употреба: Религија
Примери:
Шестокрилен ангел од највисок ред.
Ќе гледаме ангели во фреските.
2. Олицетворение на убавината, на добрината и на сите доблести.
Англиски: angel Албански: engjëll
Употреба: Преносно значење
Примери:
Госпоѓице, вие сте мојот ангел спасител.
Изведенки
ангелче ср.
мн. ангелчиња
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК