edict - онтологија

берат повеќе

мн. берати
Вид збор: Именка, машки род
Царско писмо, указ, повелба од султан со што се одредува некаква повластеност.
Турски: berat Албански: urdhër, dekret
Употреба: Административен термин , Историја

едикт повеќе

мн. едикти
Вид збор: Именка, машки род
наредба, закон, указ, објава
Употреба: Историја

повелба повеќе

мн. повелби
Вид збор: Именка, женски род
Документ со кој владетелот доделувал некому определени привилегии.
Албански: urdhër
Употреба: Историја

послание повеќе

мн. посланија
Вид збор: Именка, среден род
Официјално, писмено обраќање од владарот до народот или до законодавното тело.
Албански: të drejtuarit me shkresë
Употреба: Историја , Религија

ферман повеќе

мн. фермани
Вид збор: Именка, машки род
Султански указ, наредба од повисока власт воопшто.
Турски: ferman
Употреба: Историја
Примери:
Царски ферман.

хатихумајун повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Султанов указ од 1856 г. за рамноправност на сите поданици во Империјата без оглед на верата.
Турски: Hatt-ı Hümayun
Употреба: Историја

хатишериф повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Султанов указ од 1839 г. со кој им се дадени права на христијаните во Турската Империја.
Турски: şerif
Употреба: Историја