cap - онтологија

капа повеќе

мн. капи
Вид збор: Именка, женски род
Дел од облеката што ја покрива главата, со различна форма и големина, без раб или со стреа, штитник над челото.
Албански: kapelë
Употреба: Општество
Височинка во облик на капа.
Албански: kep
Тоа што личи на капа.
Албански: kësulë

капаче повеќе

мн. капачиња
Вид збор: Именка, среден род
капак
Албански: kapak
Употреба: Деминутив
Мала коска, со срцевидна форма, напред на коленото кај човекот.
Албански: kupë gjunji
Употреба: Медицина

капела повеќе

мн. капели
Вид збор: Именка, женски род
шапка, обично женска
Албански: kapelë, kësulë
Употреба: Разговорно

капица повеќе

мн. капици
Вид збор: Именка, женски род
капа
Албански: kapelkë
Употреба: Деминутив

капче повеќе

мн. капчиња
Вид збор: Именка, среден род
капа
Албански: kapelë e vogël
Употреба: Деминутив , Хипокористика

качулка повеќе

мн. качулки
Вид збор: Именка, женски род
Вид капа, пришиена или закачена за јаката на облеката.
Албански: kapelkë

клобук повеќе

мн. клобуци
Вид збор: Именка, машки род
шапка
Албански: kapelë, shapkë
Употреба: Архаизам

кукул повеќе

мн. кукули
Вид збор: Именка, машки род
качулка
Турски: kukul Албански: kësulë, kapuç
Издигнато место, рид со конусен облик; остар каменлив врв.
Албански: kodrinë gurore
Употреба: Геологија

ќелепош повеќе

мн. ќелепоши
Вид збор: Именка, машки род
Плетена капа од памучен конец; капа што ја покрива ќелата.
Албански: kapelë, kësulë

ќепе повеќе

мн. ќепиња
Вид збор: Именка, среден род
вид капа
Турски: kep Албански: lloj kapele

ќече повеќе

мн. ќечиња
Вид збор: Именка, среден род
Бела капа, дел од албанската носија.
Турски: keçe Албански: plis

шапка повеќе

мн. шапки
Вид збор: Именка, женски род
капа, шешир, црна шапка
Турски: şapka Албански: shapkë, kapelë
Употреба: Разговорно
Примери:
(разг.) Му симина шапка на некого (поздравува некого).

шапче повеќе

Види и: шапка (ж.)
Вид збор: Именка, среден род
шапка
Употреба: Деминутив