ќе (чест.) - ја (зам.)

Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Јас ќе копам до три метра сам“, вели Јован, „сам ќе ја фрлам земјата горе, а потоа ќе ми треба човек за влечење кофа со земја. Да си кажеме однапред“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Започнуваат да ги раскреваат и да ги изнесуваат машините на Курта.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од едната детска соба треба да направиш спална за 5, 6 деца со кревети на кат ‘ко фиоки поставени едно врз друго, како кибрити, а другата детска ќе ја претвориш во туш кабини зашто само за капење твоите и нејзините, па и ова заедничкото, ако не дај Боже се роди, очи ќе си ископаат, или коси ќе испокубат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе ја заколам твојата Оливера, вели, ќе го скинам твојот кабјол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сум можел ни да помислам дека ќе видам елен и ќе ја доживеам оваа прекрасна и горка прикаска.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Овчарот се изгуби, момчето што го донесе извештајот за амнестијата си ја нарами торбичката и си киниса, ветувајќи им на војводите дека нема да ги предаде на аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Времето допрва може да покаже дека биле во право. ‌Имам добри преседани за таков убав светоглед. ‌Се прашувале луѓето, на пример, дали Невидливиот човек од Ралф Елисон, Друга земја од Џејмс Болдвин или Да се убие птицата подбивница ќе им станат неразбирливи или безначајни ако дојде време кога во американското општество расата веќе нема да биде општествено обележана (претседателствувањето на Барак Обама, за волја на вистината, во мигов ја прави таквата можност понезамислива отколку замислива).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Големо е страдањето на слободољубивите луѓе на оваа планета, и огромна е сега потребата што нѐ гони да создадеме нови системи на владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како повреда при работа се сметаше и заболувањето на осигуреникот што настанало непосредно и како исклучителна последица на некој несреќен случај или од виша сила за време на вршењето на работата или во врска со неа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И откако ќе ги надуе образите и откако ќе ја оддели устата од устинката на стомнето ќе кликне: - Овие не пуштаат душа, а камо ли вода!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш Пандил Димулев заплакал и рекол дека ќе ја покрие јамата со земја и со камења зашто човекот гори со денови: најпрвин кожата поцрнува, полека низ неа да испари крвта, потоа месото се јагленосува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу често патував; значи, секоја недела, т.е. 3 до 4 пати во месецот си муабетевме за сѐ и сешто, па дури и за младата му жена што еднаш ќе ја донесе да си се поднови зашто со своето стручно око оценил дека има парчиња што на жена му многу ќе ѝ одговараат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се обидував во отсутниот дијалог со Татко над ракописот на неговата Историја на Балканот низ падовите на империите, да сведочам за потрагата која ќе ја наполнеше неговата тишина, празнините во ракописот. Потрага која не престанува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога ќе ја осетиш на својата кожа болката и неверството, јас ќе бидам единствената на која ќе помислиш кога ќе ги затвориш очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ТЕОДОС: Кумашинците! Кој ѓавол бараат?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Завет Пред да ми се отвори морето проговори: завети си нешто Јас реков: Поезијата, ме знае Тоа: Не, таа трае Јас: Љубовта, ме уби Тоа: Не што не се губи Јас: Среќата, ме нема Тоа: Добро, ќе ја земам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе ја тераме ние таа работа ако треба до истребување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Холограм! Кажи ми нешто за Турскава чаршија која за инат засекогаш ќе ја нарекувам Турска, ко некаков мал јазичен пиетет кон Турците што ги истеравме пеесетите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Затоа сосем спокојно верував: ќе се сопнам на неа и во пад ќе ја приклештам под себе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Понесливата тежина на градата ќе ја натераше да си ја поткрене дојката, подобро да ѝ ја почувствува тврдата тежина што ја потсетуваше на размесено надојдено тесто, толку многу си ја чувствуваше дојката што по сеќавање, во носот ќе ѝ замирисаше на топол леб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој ги пиеше со жедта на своите очи оскудните зраци и секој шум што доаѓаше однадвор го притегнуваше кон прозорецот, иако знаеше дека ќе ја сети пак само ладнината на железото врз челото и сувоста на правта, налепена по сивкавите лушпи на ова одвратно дрво, ќе го заскокотка грлото и сипкава кашлица ќе го наполни телото со морници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И колку што таа повеќе се бранеше, толку тоа нему причинуваше поголемо задоволство и осветата му беше помала. Се чинеше дека ќе ја разнесе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе те следи додека си жив, се сетил за зборовите на дамкавата Фиданка Кукникова на работ на лесновската шума.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во првобитните белешки кои грижливо ги препиша во Boite Verte, тој ја истакнува, иако несигурно, потребата за „конкретизирање на редимејд-от“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг, но ти лесно според потта на мојата болна кошула, како според Книга на болниот, ќе ги протолкуваш сите соништа и ќе ја покажуваш кошулата како поука на сите кои копнеат заедно со Тебе да стигнат таму каде што не може никој освен тебе.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред неумоливата, татковинска вистина, која инаку, е општо позната, макар што тоа сѐ уште никој не го знае, бидејќи сѐ уште не се прочуло, Енценсбергер потполно занеме; делува како залутан молекул на една непријателска територија, која Србите секој момент ќе ја освојат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Ако мислите да почивате, - му довикна на Претседателот низ густиот рој снежинки, што виореа меѓу нивните лица со побелени веѓи, - почивајте откако ќе ја префрлите Големана Пресека. Немојте никако пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мили мои, си зборува во себе, и оваа зима ќе ја поминеме во подрумчето на баба Петра! Оваа прошетка можеби е последна.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И, колку повеќе слуша плачење и редење, толку повеќе чувствува дека треба да рече збор, да допре нечија рака со единствена мисла дека ќе ја олесни и својата и туѓата болка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
МЛАДИЧОТ: Би сакал да го добијам револверот со кој ќе ја вршам акцијата. Да свикнам на него.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Срдечно ќе ја одбележиме независноста на нашата мила татковина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој ќе ја претепа на смрт со гумен пендрек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој одеше на риболов и се враќаше од него, броејќи ги часовите до сонот: се надеваше дека сонот ќе му ја открие со тајни знаци неговата иднина и болката ќе му ја направи потапа: ако е Атиџе болна, колку е болна; ако пак е здрава, кога ќе ја види?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Утре в зори ќе ја земеме таа што ќе дојде да ни донесе храна, и неа ќе ја заѕидаме во темелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И трчам, вели, право трчам, кај срчето. Ќе ја отворам вратата, вели, и уште од врата ме угрејува нешто од кај срчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И запомни за злоносницата - лук, ракија. Како ѓавол од крст ќе ја стругне пред тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговиот Реквием со кој ќе ја испратиме душата на удавеникот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа... молчи си ти, и неа јас ќе ја свиткам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Прво распаќе: По овој пат, внук внука ќе води векови. Рамнинава од плеќи планина ќе ја престориш од планина Непреод да протече.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Меѓутоа, трогнат од широкоградоста на постарите браќа, кои заради заедничкото дело биле готови да се откажат од најмилото на светот, најпосле и тој попуштил и ветил дека ќе молчи таа ноќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На враќање пак ќе ја земеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Громови ќе ја разлутат оваа насилничка тиранија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По овој срок аскерот ќе ја продолжи својата работа и власта не ќе има никаква милост спрема сите оние што не ќе се теслимат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
При слабата светлост не можеле да видат дали чудесниот цвет во окото на животното свенал, само знаеле дека едниот рог се замрзнал со врвот в земја и дека нозете останале неподвижни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
* По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поради тоа, тој се обратил до Форин офис, со цел истиот да се ангажира околу проверката на веродостојноста на тие гласови и да направи анализа "за начинот на кој Советската влада" ќе ја спроведе својата замисла.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Чувајте се, да не ви падне сенката во темелот, ни рече, оти ако си ја заѕидат сенката, ќе ти се одземе здравјето, вели, или некоја завист ќе ја ненавиди куќата и жената и цел живот невиден ќе се шеташ, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Сѐ што е каурско е на нозе станато. Ибн Пајко ќе се турчи, верата ќе ја менува!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кои ќе бидат теоретиците на новото течење, каде тие теоретици ќе ја развиваат својата дејност, каде и каква ќе биде нивната аудиторија, од каде ќе се земаат средствата за пропагирањето на идејата, како ќе проникне таа во народот и како ќе се поддржува во него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ау, жив си, а помислив дека си се чпиртосал! - реков онака, на шега.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пак и да се допушти оти востанието тогаш ќе биде и посилно од сега и ќе ја принуди Европа да свика европска конференција, може ли некој да предрече оти решенијата на таа конференција ќе бидат во наша полза? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Токму кога ќе ја достигне вратата да излезе, Луков го запира со зборовите:)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само понекогаш ме измачува прашањето како да постапувам кога желбите ќе ја надраснат дарежливоста на реалноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во време на комплетна параноја и страв од сида, еден актер, болен од сида, решил да направи монодрама за својот проблем.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе ја фрли зад некоја грмушка, зад некој камен и со лазење ќе појде за да ја земе, да ја украде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немало да има ни граѓански отпор, ни борба за човечки права, ниту Роза Паркс ќе седнела на предно автобуско седиште резервирано за белци, ниту Кенеди ќе ги добиел изборите, ниту Мартин Лутер Кинг ќе држел историски говори, ниту Врховниот суд ќе ја укинел расната сегрегација по училиштата и универзитетите, ниту ќе се случел маршот на Вашингтон, ниту Црните пантери ќе имале муда да кренат глава, ниту демократите ќе се степале со полицијата на својата чикашка конвенција, ниту ќе се изродел студентскиот бунт, ниту ќе имало мировни движења, ниту ќе дошло до сексуалната револуција, ниту до флауер-пауер, ниту до мејк-лав-нот-вор, ниту до филозофијата "грлс сеј јес ту гајс ху сеј ноу", ниту до појавата на феминизмот и женската рамноправност, ниту ќе имаше слободен печат да го раскринка она лајно Ричард Никсон, ниту ќе имаше нудистички плажи и кампови, ниту ќе имаше екологија и борба против индустриските штеточини, ниту Латиносите и Азијатите ќе добиеја пристап до раководните места во државната администрација, ниту хомосексуалците ќе се избореа за право на слободна љубов, ниту поп- рок ѕвездите ќе држеа концерти за гладните во Африка, ниту јас како тинејџер ќе можев да носам искинати фармерки пред жива мајка Милена, ниту ќе можевме глас да кренеме против крвожедните корпорации, ниту ќе смеевме попреку да ја погледнеме воената индустрија, ниту ќе беше можен антиглобализмот, ниту пак глобализмот, ниту секоја сабота ќе одевме на протести против војната во Ирак, ниту денешниве манекенки ќе шетаа по писта во танги и со разголени гради, ниту Клинтон ќе смееше да зуцне дека дувал хашиш и ја таклабасал Моника Левински, ниту Џена Џемисон ќе направеше толку пари, ниту Ал Гор ќе можеше да попува против глобалното затоплување, ниту Бил Маер и Мајкл Мур ќе можеа осум години да плукаат по Буш и Чејни, ниту медиумите ќе признаеја дека Сара Пејлин е бимба бимбосана, ниту сега јас и ти ќе седевме овде со зелена карта, со другарот Обама на чело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Френк ќе ја прифати. Ќе ѝ даде живот, можеби и љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Да, кога ќе ја доведеш Катерина ќе ѝ објаснам колку си ѝ верен и на колку начини може да ја злоупотреби твојата верност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да можеше да се помрдне, ќе ја подадеше раката и ќе ја положеше на О'Брајановата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но знаеше дека во неговиот филџан виде уште нешто, нешто што го протолкува токму во тој миг, кога му се отвори сосема свесна дека ќе ја рани, ќе ја убие така закован во нејзината утроба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Светот е soap-noir, и тоа е неговиот последен жанр, слика којашто земјината топка, рушејќи се како мртва ѕвезда, уште долго ќе ја испраќа во вселената...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога не си можел да ги совладаш на местото, или барем првиот ден, тогаш сигурно побргу од тебе ќе ги настигне некоја глутница волци и, ако се совладани дотаму, за да не можат да ѝ се спротивстават, ќе ја нахранат побргу неа, така, за кога ќе стасаш ти да можеш на наидеш на тоа место само некоја бела коска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога двајцата се најдоа во канцеларивчето на чичка Васка, тој кусо им кажа: „Еден шлакнат во Брамптон ја продава гаражата. Пошто-зошто ќе ја даде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
В година тие ќе ја посетат Тоскана и на Галилеј ќе му однесат сувенири од Галилеја – неколку параболи од светиот апостол Марко, вакцина против лепра и се разбира еден малечок стаклен глобус.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Како риба е, токму кога ќе помислиш дека ќе ја фатиш таа ти се излизнува низ рацете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сум сигурен во врска со светлината што сега ќе ја спомнам, (мене сѐ ми се чини дека ја видов) затоа некој од моите блиски ако потврди дека чудна светлина огреала од лицето на тетка Боса Сотирова во моментот кога сфатила дека син ѝ нејзе ѝ се обраќа од темнината на ноќта, јас сум спремен да прифатам дека несомнено беше така.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да ѝ надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа (чл. 122, ЗОО – rebus sic stantibus).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И ние само погаѓаме дали ќе ја зафати и шумата или ќе остане само во селото. 203
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со желба повеќе да сакаме и мисла дека пак ќе се вратиме на старото за нас свето место.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Избирам со јаготките на прстите. Умирам од желба да ми се случи да напалам таква долна облека што нема да ја сеќавам кога ќе ја допирам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се качив и почувствував како под мене ги искршив моите прекрасни уметнички слики.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но имаше конкретен доказ; тоа беше еден фрагмент од напуштеното минато, како фосилна коска што ќе се појави во погрешен слој и ќе ја уништи геолошката теорија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ако ме намразите поради зборовите или поради делата мои, јас нема да починам и повторно ќе ви зборувам и повторно ќе работам и единствено во срцата ваши, а не надвор од нив, ќе ја барам повторно љубовта кон мене, ќе ја барам со секој здив на моето битие, оти не постои друга награда на овој свет за оној што вистински љуби освен возвратената љубов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од оваа страна ќе ја водам пешадијата, а од оној рид ќе го изненадам непријателот со коњаниици.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Всушност, самата градба на храмот беше една чудесна хармонија која, штом ќе ја видиш, ти влегува во окото и однатре те осветлува. Да не зборуваме за живописот нарисуван од даровити раце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кој ќе ја здогледа, да штрекне од почуда, да шекне од восхит.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Куткај, куткај! Кај ќе ја втасаат жената, тука ќе ја налегнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби иде денот кога некои поповолни општествени услови ќе им ги оправдаат тврдењата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој можеше да зборува пушејќи дваесет цигари, на која било тема што ќе ја начневте.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаеш илјада марифетлаци. Ќе ја изитриш и ќе ја ујдисаш некако работата. Ќе ми поможеш и мене.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Откако ги всадија вземи четирите џиновски нозе, железната мрежа сепак продолжуваше да расте пред очите на сите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да ги земев, а тоа ни на крај ум, можеби ќе ја подобрев нивната позиција кај наредбодавачите, ќе го дадев својот доказ - „за мојата дволичност”, додека сталиничката држава ќе имаше доказ и право да се пресмета конечно со вратениот емигрант.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- ГРУТКА СНЕГОВА МИ ЛЕГНА ВО ДУШАВА И НЕ СЕ ТОПИ... АМА ТОЈ ЌЕ ЈА СТОПИ - И ВЕК ЌЕ ВЕКУВАМЕ... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зар не е јасно како бел ден оти претставници од нас нема да има, оти ќе ги решаваат нашите судбини без да нѐ прашаат нас што бараме ние, а затоа ќе ги прашаат нашите непријатели што имаат свои држави и свои дипломати и кои ќе ја извлечат сета полза од нашата пролеана крв?!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога еднаш ќе ја признаеше зломислата, човек можеше да биде сигурен дека за извесно време ќе биде мртов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако го прежали коњот, ќе ја омажи ќерка си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Автономна Македонија, како пат по којшто ќе се дојде до соединувањето на Македонија со Бугарија, Србија никојпат не ќе ја допушти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Да одиме, - стана Пишпирик од пенушката на која седеше. – Ако побрзаме, зимата ќе ја минеме сити.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Напати најмладиот од нив бојазливо ќе ја спомене чајџилницата и благата напивка од која пиеја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кажи ми, што се случува со неа кога ќе ја исмеат, продолжував да трагам по одговорот злоупотребувајќи ги не само зборовите туку и мислите на Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И изгледаше многу покорно, иако знаеше дека таквото кажување ќе ја трефне, оти беше извадено од една црковна книга во Свети Ѓорѓија - Горг што ја беше читал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Набрзо потоа му се родија и внуките, Македонка и Пиринка, па тој, сиот угреан од радост, велеше: - Барем уште една да ни родеше; неа ќе ја крстевме Солунка, за сите три да ни беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ветрот ги храни планинските треви со верување на луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Четниците, кога ги бараат непријателските јатаци, не тропаат полека и не извикуваат тивко, туку ќе ја искршат вратата и ти, уште нерасонет, ќе ја почувствуваш студената кама под грло.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе подушка по грмушките, ќе крене една задна нога, ќе ја крене сериозно и главата и ќе се помоча на дрвцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крстовица забави чекор во кој Кузе забележа страв. Ликуваше кога гледаше такви.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како што ќе ја поткрене главата да проговори и ќе ја снема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во електричната инсталација знам еден таков дефект што вечер кога ќе се шкрапне било кој прекинувач, кога некој каде и да е ќе ја вклучи струјата, ќе се предизвика таков куршлус од кој куќата цела ќе пламне како кога се пали автомобил и никој жив нема да остане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ќе ја пикнам главата в перница и ќе се соберам како гол полжав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко сакаше да дојде до некаков позадлабочен, философски одговор на оваа дилема, особено кога беше во прашање неговата родна земја Албанија и неговата илузија дека ќе ја разбере логиката на возвишувањето и на падовите на империите на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ами ај ти ја препишала, ај не ти ја препишала... и така твоја, и така твоја... Ти ќе ја располагаш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Стравот ѝ го снема. Седна на моторот, зад него. Заедно ќе ја најдат побрзо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што се однесува до убиството од омраза, што веќе го спомнав, ќе ја прочитам само одломката во која тоа дословно е наведено: Што се однесува до Мирко Бундев навистина не сум сигурен кога точно го замрзив и која беше причината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од дуќан ќе ја продадат со светијованот Мицка и поскапо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури беа мали, тој никогаш не ја тепаше како што ги тепаше Хари и Ернест само затоа што беше девојче; но подоцна почна да ѝ се заканува и да ѝ кажува што сè може да ја снајде само да не е обѕирот спрема покојната мајка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А лично ми ја донесе приказната за ќерката на генералот Канчевски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Духот на дувлото, племенскиот и патријархален менталитет, поддржани со силата, ја одредуваа, ја одредуваат и уште долго ќе ја уредуваат духовната клима на нашите градови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Водата, како ќе ја фатиш, ќе ти загине на дланката, на лицето. 152
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оди малку побргу, вели, и песната ќе ја направиме валцер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им се сторило дека онде кај што нема умирања ни животот нема целосно значење - дури и од пепелта на шумските огнови никнуваат сипаничави печурки- смрчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас не ве стави да се карате и еден со друг да си и вадите очите, ами да ве зас'на од потерите и да ви дада по парче леб да не умрите од глад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Добро, ќе ја видиме таа работа, - рече Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Неранимајковец, рече; точно така, - немаш скршен марјаш в џеб, а ваму сакаш да се жениш. Со што ќе ја раниш Ганка? Со трици?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Дај ми половина од твојата муниција. Ќе ја ставам во џебовите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ќе се покриеше со ложникот, чемпресот му удираше во прозорецот, потсетувајќи го на зборовите од Марин Крусиќ, дека сепак најпосле среќата ќе ја дофати. Ама кога? - беше нестрплив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И пак ќе почне едно давење, грвалење за водата, за потокот и мечката одново ќе отрча да се качи на буката, велеше, ама буката ќе падне, заедно сосе мечката, велеше, и крмакот, засилен, ќе ја дупне во мевот со секачите, со ’рпалите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Дарванската вода е подобра за пиење, ама сега, кога ја нема неа, и оваа ќе ја фалиме. Господ на помош.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во секој случај, да се биде поет за него беше барем исто толку важно како и да се биде сликар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но за жал бев свесен дека не располагам со многу податоци што бездруго ќе ја збогатеа таа вистинитост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Доста се понамршти малку, ѝ беше незгодно да рече „не знам"; да рече „знам“, — дали ќе ја услагоди некоја работа ако ѝ даде Митра, та почна да ги собира рамената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека се води разговорот меѓу стариот сват и „командирот“ на стражата, обично стрикото или братот на невестата ако е поитар — некој од зетовата дружина ќе се префрли некако и ќе ја отвори, небаре насила, портата и овие што преговараат заедно со другите сватови што бодињаа досега, ќе напнат и небаре насила ќе влезат во дворот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не можеше да се одбрани од ритамот, немаше контрола над играта, а и да ја имаше, не ќе ја користеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А поддршката на мнозинството Турција ќе ја добие само ако се погрижи да воведе во Македонија вистински реформи, способни навистина да ги зачуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граѓански права и сносното економско постоење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговите седумдесет години му ѕвечкале под кожата. За земјичката се пролева крв како во песните. Ја браниш и удираш. А тие, како ќе ја одбранат?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И затоа, не облекувај туѓи чевли или ќе ти ги стуткаат прстите на нозете и плускавци ќе ти се наредат по петиците, па кога ќе ти пукаат, сите ќе ја видат крвта што ти капе од меурите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не знам зошто ми се чинеше во последно време дека еден ден не ќе ја најдам таму таа слика и сѐ повеќе имав желба да ја преместам во собата каде што спиевме Ели и јас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Шишката ќе ја потсечеме, а од неа тече сок и кога ќе се згусти го сушиме и прајме лепешка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Утрото ќе ја отвори вратата Јон и ќе ме викне, ќе се мири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што не ѝ шепна мајката света што ал ќе ја снајде, па да бега подалеку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа може да им се забележи на оние што велат оти никогаш немало македонска народност. – Немало, ама ја има сега и ќе ја има за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По тој ист пат нејзините мисли и понатаму непречено ќе слегуваат кон полето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас ќе појдам кај Веснината учителка и ќе ја замолам нешто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Малку повеќе дисциплина никому нема да му пречи. Со заедничка трпеливост и договарање оваа неволја полесно ќе ја совладаме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но дали ќе ја заборават, се праша со право уметникот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И како прилега кога одеднаш ќе ја тргнеш крпата и кога ќе откриеш купишта смет и кога ќе погледнеш внатре па неколку секунди гледаш во белите нешта што потсетуваат на макарони или јувки, само што тие живеат и вријат. Ги има милиони.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мајка останата сираче при раѓањето, но во првата рожба на својата маќеа ќе ја доживее загубената љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Парацелзус го испрати до работ на скалата и му рече дека секогаш е добредојден во неговата куќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па реши да ѝ биде покорен, мед и млеко да му минат низ заби, како потоци. Може тоа ќе ја смилостиви.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И затоа, нова шанса сега ќе му дадам: кој од нив двајцата ќе ја реши загатката со натписот од одајата источна, тој ќе го заслужи името пресветло – Писмородец.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе ја обесам ноќта и ќе ја бодам в папок со глогов кол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Нема да биде бадијала. Откако ќе ја подготвам монодрамата, ќе барам средства од Министерството, па макар и пред комисија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тој ќе ја бакнеше највистински, оти куклава од ден на ден станува се поубава, помила, поблиска до неговиот живот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И продолжува Чедо Пелагијо, утре е недела, ќе се промениме во нови пљачки, ќе ја фатиме Пеличка за рачињата и ќе појдеме до цркавата Света Богородица отаде Вардар!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
АРСО: (Не знае што да прави, станува, гледа кон градот.) Па... ќе ја свршиме, чорбаџи Теодосе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Му објаснив на Даскалов дека и местото на кое ќе ја погребеме, мајка ми самата си го избра.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ако не може да се добие автономија, треба ли ние рамнодушно да гледаме на работењето на пропагандите и да се бориме со едно ново течење што е насочено само против нив само затоа што тоа течење ќе ја ослабело најсилната пропаганда?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нашата единица имаше кола посебна за нашите работи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
— „Не е лошо да а натрата на невестата Малова да ѝ жугне на ќерка му на попот да си а имаат муата на капата — си велеше Доста и пак ја гледаше нејзината Нешка, сега веќе невеста на коњ, како се исплачува со неа, со татка си и брата си, оти ќе ја остави нивната куќа и ќе стане попова снаа, на младо ѓаче невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сака нешто да каже, ќе ја подотвори устата, ќе подзине и пак ќе продолжи да го џвака листот. Прежива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако прегазуваме река, првин тој ќе влезе и ќе ја прецапа водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тоа беа денови на среќа кога ситните недоразбирања не се во состојба да ја растурат примамливата палата што ќе ја крене заслепеноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
МАТЕЈ: Сакаш да спиеш? БОРИС: Ако ми се приспие, ќе ја легнам јас овде, ќе си заспијам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ми вадат нови обвиненија дека некогаш некаде сум рекла: „Ако некоја Македонка се омажи за Грк, јас ќе ја стрелам на првиот ѕид“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе си ги стави рацете одзади, можеби тоа беа часови на размислување, ќе ја фрли главата колку може повисоко (ретко некогаш се веднеше кон земјата), - и туку кружи наоколу во дворот како орел што слетал ниско, над земја демнејќи го својот плен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мама, мама! - повторуваше детенцето. - Ајде, дојди со мене! Ќе ја побараме мајка ти.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
По два дена, ми се јави по телефон дека е готова, дека ја средила својата соба, куќата, исто така, ќе ги затворела, ми рече, прозорците, вратите, ќе ја ставела на место храната за Гаро и за мачката, а видела дека има зоб за коњот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
6.  Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но: онаа светлина! Ќе ја видам ли таа светлина преподобна уште еднаш, макар и во некој друг живот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само ќе подзине и ќе ја истури в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И низ песни прескокнуваа цели епохи Од Самол па до наши дни Што има Македонците да се плеткаат Во подемот и пропаѓањата на сите империи Одвреме навреме во песната на Македонците Ќе им влеташе по некое клето Турче И тогаш ќе се сепнеа и ќе си речеа колку ќе се изрезилеја Ако го скокнеа времето на Отоманската империја Баш во тоа време се збрани сите македонски страдања Сите порази и загушени востанија Баш во тоа време на Македонците им се нанесоа најголемите неправдини И некако природно се прими што Отоманското царство Го урниса човек роден и учен во Македонија Природно беше што во тоа време Некои Македонци влегоа во Стамбол на бели коњи Иако беше сосема неприродно и уште понеправедно Што по по урнисувањето на Царската порта Македонија ја распарчија балканските орли И оттогаш наваму така распарчена се тетерави И во соништата за сите царштини Ја римски ја византиски ја турски биле Тадури и австро-унгарски И на Австро-унгарците Македонците им најдоа маана Да стасаше нивната царштина до Македонија И тука одамна ќе имаше филхармонии и универзитети А не само амами тек и чифте амами и секакви анови Одвреме навреме Македонците ќе запееја Под московски вечери Рабјинушка Калинка и такви песни Знаеја многу такви песни како да не знаеја И од порано беа начуле по некоја Ама особено научија да пеат по руски Откако се најдоа во црвеното царство Неоти знаеја како се најдоа во црвеното царство А отпосле дознаа дека баш во времето На црвениот император Јосиф Висарионович Сталин Се стави печат на старите делби на Македонија За сега Македонците севезден да се прашуваат Има ли во историјата печати што бледнеат Има ли печати на кои им истекува рокот на траење Ако има такви печати тогаш сетики ќе дојде денот Кога на најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Македонците ќе ја качат најубавата им мома Угул гола ќе ја седнат врз знамето со шеснаесеткракото сонце Префрлено наместо седло преку грбот На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Во наизменичен патриотски кас и галоп Да го обиколи сиот свет И да ја разнесе насекаде славата и гордоста на Македонците Секако ќе има и такви кои ќе се противат на ова И ќе велат дека тоа ја навредува честа на Македонците И особено честа на Македонките А Македонките се рамноправни со Македонците Ако не од времето на Роза Луксембург Тогаш барем од времето на Валентина Терешкова Македонките уште пред да се родат знаат дека се рамноправни Македонците нека си мислат дека се порамноправни Впрочем какви и да се Македонците никогаш не се сложиле за ништо Па нема да се сложат ни за голата мома гордо јавната На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Оти сите Македонци знаат дека жена гола ако видат Голема кавга ќе се роди во тие што ќе ја видат и сонуваат А во кавгаџиско настроение се заборават без исклучок Сите соништа од циклусот за пропаднатите империи.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А пак за џамијата, што велиш, ќе ја правиш, ќе ја правиш и оро ќе играш!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И двоколката со волето негово ќе ја вратам в село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исто така, со оглед и на постојаниот карактер на оваа терапија која мора континуирано да биде спроведувана, квалитетот на животот на Ф.И. значително е намален.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оти кажано е: кога гордоста ја почитуваш, таа кон тебе свирепа е и сурова, а ако само собереш сила да ја презреш, ќе ја скротиш. Но јас сила таква да му се спротивставам – немав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш не беше далеку од тоа горнопланинско село, но селото во ноќта не го виде за да се сретне со некого кој подоцна, по игра на случајот, ќе ја измени неговата врвица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да, јас одново треба да барам лост, лост во себе, со кој ќе ја поткренам земјата и себеси самиот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште кога Сулејмани Величествени во својот поход во Албанија (1538), ќе ја организира управата санџакот во Влора ќе биде под надлештво на големиот везир.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа ќе ја натера македонската интелигенција со различно образование да се сплоти во едно за да го обедини нашиот народ, но веќе не врз таа основа што си ја покажа сета своја неодржливост, а врз друга, врз чисто македонска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, Дуко пече и јаде. Ќе ја заврти и ќе ја голтне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе собереше дваесетина пациенти во некоја од големите простории на болницата, и со еден од повиканите ќе ја започнеше играта во која лудилото го прикажуваше како глупост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе ја силува и ќе и го пресече гркланот во моментот на климакс.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Еден ден, заклучи рабинот на монастирлитската синагога по завршувањето на оваа ревија на мудреци што дефилираше пред неговите духовни очи, со одборот на синагогата, придружени од сопругите, секако и тој ќе ја посети Битола.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Млада е, не е право да се мачи ноќе. А ако веќе самата сака да се мажи - што тогаш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Од него ќе ја добиеме сликата. Биди утревечер овде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И сега кога чека повторно... таа се движи по патот на судбината со надеж.. дека сенката ќе ја снема .. дека повторно ќе биде онаа која е, кога е со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога ќе се почешаш, тоа директно оди во крвта и во период од една до дваесет години, добиваш болест која е мешавина од маларија и сида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секоја странка, претходно, сама ги поднесува трошоците што ги предизвикала со своето дејствие (чл. 146, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кој ќе ја научи лекцијата за растењето Пред да прорти жарот во семето на светот?
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Но таа помина пред Боцевата берберница во едно убаво пролетно утро, со ведро крената глава, и Соколе веднаш почувствува дека е свршено со мирното созерцавање и дека отсега ќе ја чека само неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Резигнирано ќе ја одбие Нобеловата награда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе ја затворам устата, а таа уште си штрака, си работи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ПОП ЈАНЧЕ: Може. Без церемонија и врева. Гозбата друг пат ќе ја направи Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа е прилично голема ледина, околу наоколу оградена со длабок ендек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
После ќе појдам кај Оливера Поточка Форевска, ќе ја побарам за да се истушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе ја полниме плоштатката пред црквата, започната како Преображдение, а завршена како Свети Сава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добро што не чекав, помислив. Униформата ќе ја вратат по еден час, исчистена од сета нејзина судбина и патувањата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Каравлашко не може да го допушти на неговите граници создавањето на една голема Бугарија, која, може, после ќе ја бара од неа Добруџа!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја одбие жалбата како неоснована и ќе ја потврди првостепената 116 пресуда кога ќе најде дека не постојат причини поради кои пресудата се побива, како ни причини на коишто внимава по службена должност (чл. 357, ЗПП). 6.  Измените на ЗОО од 2008 година воведоа значајни промени не само во терминологијата, туку и во начинот на пресметка на каматата, бидејќи престана да важи дотогашниот ЗВСЗК (1992) – в. чл. 73 – чл. 77 од ЗИД ЗОО/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На 9 јули 1944 година била пренесена информацијата од весникот „Њујорк тајмс“ во која министерот за внатрешни работи при Југословенската влада во емиграција Сава Косановиќ, во едно интервју истакнал дека „повоената демократска југословенска федерација ќе ја вклучи Бугарија и таа ќе се протега од Трст до Варна и балканска конфедерација, која исто така би ги опфатила несловенските држави, Романија, Грција и Албанија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа веднаш ќе ја земете и ќе ја затворите долу во зимниците ќе ѝ оставите сенце да има што да јаде и колку што можете побрзо ќе си разотидете по домовите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Слушнав домаќинот ѝ велеше на ќерка му, таа беше на возраст од околу четиринаесет години: Сите, утре рано да станете, ќе ја викнам тетка ти да меси леб за партизаните а тебе ќе те разбудам водата да ја згрееш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако успеат да ја земат контролата над цела Африка, ако ги заземат аеродромите и подморничките бази на ' Ртот, тоа ќе ја пресече територијата на Океанија на два дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само кога ќе припука ќе ја крене главата, ќе ја затресе гривата и ќе се премести.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе запираме на тој пат на секој криво насаден збор, ќе ја покажеме неговата излишност и штетност да остане на старото место.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега ќе ја шокирам – си велам и стартувам: - Да, тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога утре ќе ја видат земјата влажна и ќе ѝ речат дека го оставила цревото да вади, таа ќе рече дека не е од вадење туку дека земјата е таква, држи влага, влажна е уште од дождот што падна пред една недела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гледаш колку е лековерна: лекари па лекари! Толку е сигурна во нивната секреција!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И си рековме добро е што маглата е густа, така полесно и незабележани ќе ја поминеме границата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само уште неколку минути и јазичето ќе ја лизне капсулата и темелите на златниот Молох ќе исчезнат во јароста на пеколот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ручекот кај Кнутс почна со риба на лепче, patè од канабис на лепче, супа од печурки, месо, компир, зелка... (Сољанката дури утре ќе ја дополни дупката.)
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
А ти, другар Ѓурчин потоа мисли му ја каде ќе ја сместиш таа навалица и каква работа ќе ѝ понудиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Хелвиг очекуваше дека тоа ќе ја орасположи Марша. Но по нејзиниот израз на лицето виде дека не е така...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да се опулиш под мишката од ваперов син и ќе ја видиш ваперката, му вели човекот на татка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но ние ќе ја исправиме таа историска неправда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако јас се предадев кога останав сосема сама зар ќе ја доживеев оваа среќа да имам и ќерка и внука како замена за моите?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе ја ставам под хипотека целата своја духовитост за да ги отплатам ратите, кога ќе те притисне сериозноста.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
„Тоа зависи од вас. Вие ќе ја исполните вашата должност, нели?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеби беше солза која ќе светнеше и ќе наедрееше по калдрмата, потоа ќе се лизнеше по неа и наместо да ги натажеше луѓето што ќе ја сретнеа, таа ги смируваше, ги успокојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Многу знаеш, Спиро. А со Мечкојадовава кола ... А?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ќе ја компромитира и бугарската политика во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред прозорецот на јужната страна од мојот стан се наоѓа едно мистериозно дрво.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Елена, како и Невестата, е вплеткана во една инцестуозна врска (поточно, станува збор за двоен инцест: прво со едниот од своите браќа, а потоа со Дејфоб, братот на својот прв маж); ќе ја доживее истата трагична смрт (била обесена); поистоветувана е со дрво (на Родос, Елена е почитувана под името Дендритис - божица на дрвјата): и Невестата, според зборовите на Duchamp, е “како дрво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И јас со пиштење му се откинувам и се измолкнувам надвор. И ноќта пак ќе ја преседам на скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако не ги видев Ардените, Белгија сигурно ќе ја напуштев со мислата дека тоа е рамничарска земја, која е ишарана само со ливади и во која гледав како на нив пасат сортни крави.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе отрчам кај неа и ќе ја замолам да прати некого кај баба ти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој ја држеше за рака, а таа беше свесна дека нејзе ѝ зборува, ѝ говори, ѝ глаголи за патот што им претстои.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ништо, нека си бере, нека се радува, а јас ќе седам скраја, ќе почивам и ќе ја гледам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Пуста стројничка! Со злато ќе ја облечат сега Попставревци... - ѝ завидуваа во Охрид на Мискарица. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Навистина? – се израдува таа. – Нема проблем, седи и слушај ме, така полесно ќе извежбам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кадрите на бушавата брада како да пуштале свои корења во земјата - по многу години черупката ништо не ќе ја крене од тоа место и низ глобовите ќе се спровираат диви цвеќиња непознати дотогаш на планинските предели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само посака што побргу да заврши говорот во кој Анѓа не бираше со какви сѐ гадости ќе ја нарече Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Света е куќата моја: со барут и железо полна е; не ќе ја срами Неда родината своја.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ќе останат во моето сеќавање, но ќе оживуваат кога немирните бранови на историјата ќе ја носат судбината на Арафат и Палестинците до бреговите на надежта...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе ѝ дојдеше така сила, ќе ја натераше нешто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Баба во своите прикаски се обидуваше да наложи среќен крај односно да измисли сказна во која ќе се најде јунак од едната или другата страна на границата која ќе го убие змејот, ќе ја победи границата среде Езерото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога тој ќе ја кренеше каленицата, ние машките на сет глас извикувавме: - Сурова, сурова Нова година!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Секоја вечер кога уморен ќе се вратев дома, бев лут затоа што ми беше минал уште еден ден од мојот живот кој ми донесе само замор, бес и точно онолку пари колку што требаше за да работам и понатаму, ако таквата работа воопшто и може да се нарече работа: по азбучен ред да сортирам сметки, да ги дупчам и да ги прицврстувам во нова фасцикла, каде што трпеливо ќе ја поднесуваат судбината никогаш да не бидат платени; или да пишувам рекламни писма што безуспешно патуваат низ земјата и претставуваат само непотребно бреме за поштарите; понекогаш да пишувам сметки што некој можеби и ќе ги плати, дури и во готово.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Би можело и така да се рече, непечената цигла ќе ја извиши и одржува долго време Отоманската Османската Империја?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ни вети дека ќе ја посетиме Ванга каде што уште од повоените години, во речиси ненаселениот остров, беше изградена Титовата летна резиденција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе ги отвореше ќепенците, ќе го попрскаше подот со вода и со метлата ќе ја изметеше меаната.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Духот на таа вера просто блика од делото на Ренџов, ги буди спомените за детството, ги оживува приказните за нечестивите кои само ќе ја зголемат силата на Божјото име, ги подотвора пердињата на одаите во кои течеше еден живот налик на вечност, влегува во црквите и манастирските ќелии, и талка по далечините изгазени од нозете на аџиите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во рок од две години, оние дечишта ќе ја пријават на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Убаво потстори во бавчата, копна, потпосади и подизрежа, ами зошто не ја искористи сета трева, ќе ја продадеше, да ги прснеше јаболката во цутот. И черешните беа втур цут.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговиот духовен син Бен Али набргу ќе осознае дека најдобро ќе ја води земјата доколку продолжи да работи на изораната нива на бургибизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе потече ли еднаш водана, мислеше, ќе се откине ли таа од оној мраз, и ќе ја плисне ли еднаш својата сила во црнине копанчиња на турбината долу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наградата и другите трошоци на адвокатите се одмеруваат според тарифата за надоместок на трошоците на адвокатите (чл. 145, ст.2 и чл. 149, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Остана горчливиот спомен за потресните денови И еве ме пред ново искушение, пред нова, за мене, судбоносна телеграма, која ревносниот шифрант ќе ја пренесе набргу во земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе се вратите пак кога ќе помислите дека е свршено со мене. Мојата жолта старост ќе ја купите за една обична дневница. Но луто ќе се излажете што го оставате мојот корен зашто вашите брчки пак ќе ги лечите со мене.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Но, се откажуваат од претенциозноста и дискриминацијата... негувајќи ги институциите како цвеќе во ваза... само тие ќе ја покажат формулата на современата цивилизација... која го негува правото на рамноправност на сите народи и култури...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
По градот - можеби на два чекора од нас - шета слободно подлецот, кој се заколнал дека ќе ја убие вашата ќерка, а кај нас во семејството владее такво спокојство, кај нас се пишува за лебеди, кај нас машината за пишување чука ли чука...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога бевме готови да заминеме, еден од браќата, кој одамна беше стапил во Пар­тијата, гласно ја предупреди Мајка: – Мамо, внимавај кога ќе ја минуваш границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Влаинката ја израдува овој краток разговор што му го разбистри лицето на нејзиниот син, па таа наместо тој, навистина ги засука ракавите, скокна и почна да се фали како на гроздоберот самата ќе ја преземе работата околу манџата за берачите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе се родеше едно смрзнато дете, ќе ја побараше смрзнатата цицка на мајка си и, со мајчиното млекце на устето, му ја предаваше смрзнатата душа на Господа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Постојано ми се чинеше дека почнува на глас да се смее дури во моментот кога јас ќе ја погледнам, а претходно тоа не ѝ паѓало на памет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Веројатно ќе ја видам Мира, со сестра ѝ Цветанка, а Костадин рече дека чул дека Вера со брачеда ѝ Живка од Белград ќе излезат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога ќе одеше во вторниците во градот, Сандри како по навик, меѓу многуте скопски касапници, ќе ја одбереше касапницата на Илми за да намине кај него, а тој ќе се растрчаше да му даде триножник, нарачувајќи му на чиракот да донесе од чаршискиот кафеџија две густи, засладени кафиња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Штета! – Воздивна Дедо Мраз – А да не сум се зарекол, веднаш ќе ја запросев куклана со образи од црвени јаболчиња што ми ги нашандисаа очиве...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Јас, бегу, нема што да кажам. Ни ќерка ми ништо не ќе каже. Ништо, ни под нож, бегу.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лавот ќе ја изеде овчичката... - но Томо само одмавна со рака допивајќи ја и последната капка од слатката амброзија скриена под јазикот на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, кога огромна низа на злоупотреби и узурпации, кои сите без разлика водат кон истите деструктивни цели, ќе ја нагризат ткаенината на органскиот живот и спокојната хармонија на планетата, во ред е, органска должност е да се напуштат таквите морбидни собири и да се развијат нови посакувани социјални структури.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако знае човек да ѝ го заврти умот, ќе ја кандиса и за слеп сиромав, и за црн Ѓуптин да тргне; ако не знае, и бег да ѝ се врти, ќе го направи мат и маскара и не оди!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој ќе ја чува неа, кој ќе ме чува мене?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само на една грозна чапја не ѝ ја сврте шијата како на другите, туку ја пушти назад ставајќи ѝ прстен на ногата на кој напиша: „Почитувани цареви и кралеви, не пуштајте ги овие птици ваму каде што не им е местото, зашто ќе ја доживеат судбината како што ја доживееја вашите војски...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Што да правам со Горачинов, ќе ја прашам Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ако имаат, како ли ќе го поведат орото невестинско со една нога или без нозе, како ќе ја развеат шамијата на оро без рака? Како ли?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се разбира дека ќе ја одлагаме колку што можеме повеќе. Но тоа нема многу да промени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајката Ервехе, како вистинска балканска – мајка храброст, со ќеркичката Дрита (Светлана), со светлина во прегратка која ќе ја води низ мрачните предели на војната, жива и здрава ќе стаса во последното спасено гнездо на семејството во Тирана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му се стори дека `рскавиците на нивните носови ќе ја пробијат танката неотпорна кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти ветив дека ќе ја чувам Ана додека си во војска. Не ја чував. Ја дупев.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом ќе ја постигнела својата цел, средната категорија ја враќала ниската назад на нејзината стара слугинска позиција, а таа самата станувала висока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но дали Куле ќе ја задржи тајната или ќе го издаде пред татка му?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Брат ми последен пат ми плаќа кирија. штом толку поради тоа се дере.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија, ќе ја тргне од љубопитност да гледа нечија крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војникот објасни: - Пушката овде ќе ја навалиш така што да ти биде на готовс.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Според тој план Бахтијаровиот одред ќе ја опсади чуката од југ и запад, а тој на бимбашијата, од илјада војници, ќе ја опсади од север и исток и така, заградена од сите четири страни, ќе се нападне на знак од Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку повеќе се приближува до крајот на песната која што ќе ја пее, толку повеќе ѝ се очите во шишето. Пее).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Столаријата ќе ја изглодаат црви, чешмата ќе секне и ќе ја накотат полноглавци, Благовештението ќе потемни и ќе се излупи, Архангел Гаврил ниту ќе стигне до Богородица, ниту нешто ќе ѝ каже.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ќе ѝ пишам да дојде. Ќе ја пречекам в село, а довде ќе нѐ донесе шумарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да била млада, може и ќе ја однесел во кулата, и никој ништо не ќе му можел”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ве уверувам дека ништо нема да кријат и ќе ја кажуваат вистината и само вистината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
БАБА АНЧА: (сама). Уф, уф, уф, блазе на тој што ќе ја земе. Блазе и најблазе!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Некој само ќе се мрцне, ќе ја пофати реката и излегува. Потоа, ко сојка, ја тресе водата од себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш ја предупредувам, на пример, со задржувањето надвор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, газам внимателно иако тоа не мора да значи дека понекогаш не ги избирам лошите премини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Еден очаен Убиец на покриви маваше со тупаници по автомобил, пермутирачки повторувајќи ги зборовите: „Ќе ја убијам, брате, ќе ја убијам!“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А кога ќе ја отнеше тапата од шишето, таа пукаше како ќорфишек од берданка - шишето завиткано во стари весници, стуткана мукава или, сплетено ако е поголемко, во ѓолско лико, а тапата не од плута како што беа граничните пловки на езерото туку од исушена кочанка што излегува од устињето насилно, со офкање.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе ја чекаат Бугарија да ја ослободи Егејска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги смукаат, ќе шмрчкаат, ко настинати и ќе ја фрлат лушпата, нескршена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таков е тој, за него сѐ да е чисто, сѐ на свое место и сѐ на време.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кожава обеси ја, ќе ја штавиме за опинци, вика Лазор Ночески, дробовиве клај ги настрана, вели, ако немаш сатар, дај ми секирче, треба сите коски да се одделат од ’рбетот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Девет пати ќе ја очисти куќата и во мразно доба, кога гладните глутници, предводени од Куциот со волчја глава, завиваа низ маглата, таа, пред налетот на виугливите болки, изгонета и презрена од семејството и градскиот космос, се пораѓа во студот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некогаш играјќи децата ќе ја откопаат нашата плоча Под неа ние, подолу тие, утре вие Сите отруени од исти сништа - В земи да си ги видиме, барем, нашите краишта.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ќе ја заврши започнатата мелодија. Мора да ја заврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе се вратиш... и ќе се љубиме, мил мој - еден за друг ќе живееме - во твои очи ќе ја гледам мојата лика - како во огледалце ќе ја гледам - како првпат кога ме виде - со тие очи - милозливи - кротки - светнати...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
за маскенбалот на поголемата ќерка во училиштето за странски јазици и за разговорот со професорот по математика, што ќе ја оставел на поправен испит, а потоа и со професорот по физичко воспитание, оти бегала од часови,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаеме ние дека мајка ми и татко ми неизоставно ќе дојдат да нѐ бакнат пред спиење, заедно со нив ќе ја отпееме нашата „химна“ пред заспивање: „Ние сме мали дечиња, играме како мечиња“, и ќе се смееме потоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа веќе правеше распределба на нејзината волна, која требаше на Ѓурѓовден да се настрижи од пет шест стотини глави овци и нарочно ќе ја посети Доста, да може да разбере колку ќе треба да задржи од волната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
МАТЕЈ: Не можам да се шишам. Ќе умрам ако се потшишам. Ќе ја изгубам силата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе ја стиснам другата рачка, вратичката на кафезот ќе се дигне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога упорноста ќе биде посилна од очајот, кога тагата ќе ја победиш со насмевка, а смиреноста ќе го смири немирот.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Се надеваме дека намалената зачестеност делумно ќе ја компензираме преку зголемениот број на страници и преку понатамошното издигнување на квалитетот (во секоја можна смисла) на овој гласник „за ширење децентралистичка култура”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Гледам, се завил над него еден облак... Голем, голем, темен, градобитен...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Толку со гајдата, сврши нејзиното, вели, ќе ја фрлам на черен да ја гризат молци... Нека прават глувците седела, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Исто така, тој побарал експертите во Форин офис да се изјаснат дали таквата советска политика "би можело да има влијание врз нашата политика и врз нашите воени планови во подоцнежните фази од војната и, доколку има, на кој начин тоа би се случило".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И замисли си, сосема неочекувано и подло, сите овие срамотилаци во врска со нејзиното решение Стојна ми го изнаприкажа откако цела една ноќ ѝ дозволив да ја искористува мојата машкост! (Ех да можеше природата да раскажува!) „Да знаеш, моме, оти оваа ноќ долго ќе ја паметам“, ѝ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ја гледал од подалеку, му изгледала убава, складна средна дебелина, но кога ќе ја видел одблизу, впечатокот го менувал, се пишманел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не само сакањето на една личност, туку сакањето на животинскиот инстинкт, на простата безлична желба: тоа е силата што ќе ја растргне Партијата на парчиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Збиркава песни од народноослободителната борба - собрани и редактирани од Блаже Конески - до некаде ќе ја задоволи таа потреба.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ќе ја успиев, вели. - Ќе те успие таа тебе, велат жените, со јазикот надвор ќе те успие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја прашам, кај не отишло.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дозволи ми и натаму да ја гледам пепелта. Ќе се вратам, кога ќе станам посилен и ќе ти бидам ученик, и на крајот од Патот ќе ја здогледам розата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во замена со него, Србите, кога ќе ја завојуваа Потковицата, донесува друг збор, пеќ, и така ги учеа децата во училиштето, да го исфрлат од употреба трускиот збор и да го прифатат нивниот, односно српскиот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите Македонци од српската пропаганда ќе бидат на страната на новото течење: органите на пропагандата ќе сочувствуваат тајно, а неплатените Срби ќе ја исповедуваат својата македонска народност јавно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас те молам попушти, оти самата чу со ушите твои кога кажа, дека ќе ја попрска куќава со гасие и ќе ја запали сосе нас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но, нели е собранија, што ќе рече пред овие мили гостинки и одбор селанки? Не ќе ја напади, па да ѝ се смеат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ја поведеш и ти жена ти, тие двете заедно ќе се бањаат, ќе зборуваат и ќе се исповедаат по женскиот обичај, и жена ти може после да ти расправа сѐ што ќе ја прашаш за Атиџе.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вчера учителката рече: „Најуредните тетратки ќе ги чуваме за изложба што ќе ја уредиме на крајот од учебната година!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Не дека ги потценувам чувствата спрема нивните покојници на оние мештани што поставиле ребрести лимени покриви над гробот или го заградиле со столпчиња како кај медитеранските тераси, тоа никако - со некој невин израз ми зборуваше таа - но јас сакам да се направи нешто што нема да го навредува просторот, нешто што ќе си легне во пејзажот, што ќе ја олеснува врската меѓу земјата и небото, што ќе претставува јасен нишан, но нема да го спречува дождот да продира во земјата и тревата и планинските цвеќиња да растат угоре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зад неа, чиниш, останувала волшебна трага на комета што никој никогаш не ќе ја види. И отишла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сите нејзини воздишки и каења ѝ даваше кураж и ѝ ветуваше дека и таа нејзина мала Неда ќе ја пушти на училиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Есенцијалистичкиот влог на националистичкиот конструкт Претходно споменав дека дихотомијата есенцијализам-конструктивизам ќе ја третирам како „патоказ”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зборот „некогаш“ е надеж дека пак ќе ја сретнеме загубената љубов, со истиот жар што сите го носиме, пламенот на љубовта кој секогаш во нас гори во симбиозата на вечната опачина на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зашто, ако заминеше и на негово место се избереше нов секретар, тој сигурно веднаш, штом ќе ја отвореше касата, ќе дојдеше до тајната директива и можеше да ја активира поради видливата агресивност на козите и со тоа би напреднал во кариерата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можно ли е, заради таа своја проклета Партија, да не ми дозволи да прочитам една љубовна песна, во која само ќе ја опишам косата на љубената, под сјајна месечина?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе ѝ го тргнев фереџето и ќе ја одбулев пред сите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само што ќе се пресегнам и водата ќе ја снема. Така, трчајќи по водата, се разбудувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А боите, боите ми се последна ебана грижа”, како да слушнав дека шепоти додека издишуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И кога тој, за кого беше побегнала бегалка, ќе ја погледнеше попреку, таа му се вртеше и, со рацете на колковите, му се правдаше: „Е, не фаќа клетва од мајка, де!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
(Таква сигурност, тоа подоцна го видов, во циркусот немаше; никој таму не можеше да ти гарантира дека, иако си извел една точка на трапез повеќе од петстотини пати, ќе ја изведеш и петстотини и првиот пат.)
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
– Добро, добро – рече везирот – ќе ја расправиме таа работа нели дојдовте овдека, но... како се викаш ти, мори ѓаурко? – ѝ се обрна Мехмед на Анѓа и ѝ се наднесе над главата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во ЈКП „Дервен“ – кадешто работат преку 250 вработени првенствено по партиска линија, во зависност од која која од двете најголеми партии ќе ја освои локалната власт – денес постојат два синдиката во кој своеволно и на недемократски начин е поставено раководството –  кое само ги информира своите членови за направениот избор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе ја чуваш затворена?“ „Мртва е. Ја прибрав за да ја фрлам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Следниот чекор ќе биде чистење на турскиот јазик од арапски и персиски зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но кога ќе ја сретнам очите ги кријам, си свиркам, божем ништо не е важно, и си мислам: зар за неа јас да не спијам... Но свртен ја гледам долго и тажно...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Пат мораш да ми дадеш. Јас не можам по воздух да врвам за куќата што тука ќе ја изградам“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но тоа се случува подоцна. Кога овие, поранешниве несреќници ќе ја загубат силата во трчањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Една ѕвезда се скинува и паѓа над коријата. Господе, мислам, ќе ја запали шумана. Ама ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, ако умреше, никогаш повеќе не ќе ја видеше Атиџе, ниту пак ќе дознаеше дали и таа можеби не го сторила истото, или мисли да го стори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција ѓоа на мостот на воздишките ќе ја сретнев калуѓерката од под чиј фустан Џакомо Казанова избега под друг фустан, оти за него бегството на слобода немаше никаква смисла без бревтање во зоната под фустаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Змиулчето му јадеше од рака, го следеше во прошетките низ шумата, дремејќи во џебот од неговата избледена, но сè уште топла бунда или (кога сонцето ќе ја размрдаше) ползејќи по него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Животот ми е здодевен, сакам да се заљубам, а и во хороскоп пишуваше дека во сабота ќе ја запознаам најголемата љубов во животот, најверојатно облечена во црно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога по завршувањето на претставата, во гардеробата ќе ја праша зошто така лошо го интерпретирала ликот на Јулија, таа му се исповедала: „Вечерва прв пат во животот, ја проѕрев шупливоста, лагата, будалаштината на празната приредба...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие чекале со скаменети лица дали не ќе ја доловат од далечина песната на невидливиот гавран.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние Македонците умееме, ќе можеме да влеземе низ таа врата – ако треба со заби ќе ја отвориме, со остоумноста наша, така што рацете и нозете треба многу малце да сработат, како послушни извршители, активиртаниза целосно дејствување во овој меѓу – период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Таа е кеседарот во нашата куќа. На секој први во месецот, како ќе ја земам платата, така дома до динар ѝ ја давам. Не сметајќи на некои безначајни црни фондови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И обајцата по составувањето на Листата на (без)опасните османизми, верувајќи дека еден ден нивниот проект, актуализиран ќе ја види светлината на денот, си ја продолжија секој својата поранешна работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, најмногу уживаше во квечерините во неговиот дуќан.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ме излудуваа затоа што беа пресметани (и воопшто, Луција беше свесна дека е убава и имаше еден сосема јасно деклариран економски однос кон сопственото тело, чија убавина ја натценуваше токму со тие непотребни движења со кои истакнуваше делови од телото); но мене тоа не ми пречеше, туку напротив, го сфаќав тоа како сигнал кој ми ветува дека некогаш, кога и да е, ќе ја имам Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Иако почесто се среќаваа на скалите на зградата или во дворот, таа во почетокот не обрнуваше внимание на него, но со време, кога ќе се сретнеа, таа ќе го загледаше малку подолго, а и тој ќе ја загледаше малку подолго и тогаш автоматски се поздравуваа, како луѓе што им е непријатно молчешкум да се разминат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И палатата на господин Ристиќ на плоштад, која ни се чини непроменлива, цврста и изградена за век и веков, еден ден ќе ја снема како никогаш да не била таму.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И штом ќе ја кренат коњите опашката тие се стрчнуваат, со подлетнување, и од изметот ја колваат зопта. Кој ќе биде побрз тој ќе превари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се крстеле - ќе ја скршат тврдоглавоста на човечето во стуткана мантија и ќе ја омажат осаменицата, Доце Срменков не се стопил во капка восок за да не може да ја обогати со рожба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не би сакал јас да сум тој што ќе ја доведе акцијата во прашање. Ме разбирате...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Да беше жив сликарот“, велеа луѓето, „ќе направеше слика во која ќе ја прикажеше белата смрт на селото“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ножиња за бричење во неа држев па реков да ти ја донесам. Можеби ќе ја сакаш, а?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И од гуша, и од раце, и од уши, целата ќе ја оберат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и да можеше, ќе ја видеше само неистрошената љубов готова за дарување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така таа и во мракот ќе ја гледа виделината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зар ќе ја чуваш само за мочање, вели, зар цел живот само ќе се подмочуваш со неа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За пусти пари и народноста си ја менуваш. Уште малку и неа ќе ја мениш. Турчин ќе станеш...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се случуваше да плаче, зашто не сакаше да ја измијам, или да ми го преврти чинијчето со јадењето, поради кое јас и ќе ја потчукнев по рацете, но, за тоа никој не смееше да разбере.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа на некој начин требаше да му дава тежина на сфаќањето дека Стојан владее во полза на најширокиот интерес на народот. – Ќе ја ставите и сега за јубилејот?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Настаните кои се навестуваа, ја замаглуваа нашата надеж дека добриот ангел ќе ја мине границата и ќе го донесе каталогот на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никому нема да му ја продаваме, никого нема да го одбиеме и за никој нема да се двоумиме да ја пружиме –  правдата и правичноста. (Заклетва за должноста судија) Луцидната и прониклива римска идеја-водилка за примарното значење на тужбата како средство со кое се стигнува до целта, спомената во воведот на книгава, ќе ја споменеме и на крајов –  бидејќи таа, за среќа, повторно воскресна во правните научни кругови кон крајот на XIX век, под влијание на англо- саксонската и американската правна традиција, во правецот на познатите т.н. правни реалисти. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- А твоите? - Ма, добро е што тој ден татко ми е на смена, а мајка ми ќе ја убедам да не ме испраќа дури до улица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Според него тоа значело дека „работата на собранието ќе ја следи партиската лиинија и спрема тоа ќе ни даде непристрасна јасна индикација за тоа што е таа“.304
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Едно големо и разлигавено мрсулаво, плачливо дете кое плаче по играчката на сиот глас, а кога ќе ја добие таа толку убава играчка гневно ја фрла на земја и бесно ја гази сѐ додека не ја искрши до последното препознатливо парче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А Ване излезе со теглата в раце, барајќи го првиот камен на кој место да се сопне ќе ја скрши на парчиња, не само невидливи туку и такви што не сакаше да ги види.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стрела трчаше, ту пред нив, ту зад нив, некогаш ќе скршнеше настрана и подолго ќе ја немаше, и кога Денко веќе помислуваше дека ги напуштила и се вратила кон колибата, таа ќе истрчаше пред нив, задишана, со исплазен јазик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека тече парницата, во поглед на истото барање, не може да се поведе нова 121 парница меѓу истите странки, а ако таква парница биде поведена, судот ќе ја отфрли тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тогаш, одново соочен со својата телесност, покрај топлината на шпоретот на дрва потпален од некоја невидлива рака пред да дојде, додека гол до половина се плискаше со водата од некој исчукан леѓен, со мирисот на дуњите над гардеробот, повторно ќе ја слушнеше музиката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ќе бидеме во студентски дом, а ќе ја проучуваме педагогијата на нивното образование.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во еден период, најчесто ја кажуваше поговорката: Shqipëria nje pëllëmbë e ngriti boten në këmbë! (Албанија, педа земја, сет свет на нозе го крена!) Татко, во тие моменти, ќе ја погледнеше, небаре отсутно ќе се согласеше, во потрага по новата кота на нашиот егзил, а ние, децата, настојувавме во разните фази од животот, вистински да ја протолкуваме Мајкината поговорка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога во светлоста на пламенот ќе видиш што се криело во одајата ќе станеш и самиот жива светлост, потоа како и пред тоа, ќе си мрак и пепел на својот мрак, ја сфаќа таа за него обична вистина и се насмевнува, мислиш знае што ќе види во одајата кога семоќниот оган ќе ја започне својата игра.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
XXXIV Ѕвездите се зборови кои блескаат Погледај ги, ќе ја прочиташ Нашата историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ќе ја оправдам неговата доверба. Чесно ќе ја оправдам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ви велев јас дека смрдеата ќе ја истера болеста вели Доксим Тренчески и пие ракија на прагот од меаната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откако ќе ја прочитате книгата, ќе станете полноправни членови на Братството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ја убијам, ќе ѝ ја пресечам главата со нож, ќе ѝ ја симнам од рамената,“ му велеше Азра на Авни, веќе пијана.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Главче почна да се правда дека тој од дома не може да излезе, а камо ли кумитлак да брка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А саканата моја во собата своја заклучена и натаму си ја чешлаше косата низгрбно, и ја врзуваше во опашка, со истата врвка со која во третиот чин Николај Дмитриевич ќе ја задави продавачката Љашченкова.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И тогаш ќе ја извикаше секретарката, ќе побараше кафе, само да се ослободи од таквото размислување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои велат дека вистинската љубов е кога ќе ја најдеш својата душа во некој друг.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И ловецот тогаш ќе ја крене пушката и ќе го застрела крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Она што било фалична анализа на нашата сегашност можеби ќе излезе точно предвидување на нашата иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По мала пауза, како да кажува некоја споредна работа, која сепак еве, од обѕири ќе ја спомне, рече: „И ти, Симон, што е право, поможи“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па после ќе ја сврти платицата, ќе ѝ изврти нова дупка со сврделот, ќе ја презапне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Требало да монтира машина што ќе ја движи пресата и другите делови на фабриката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Добро баба Маре, ќе ја земеме“, ѝ велам и знам што ќе биде следното: „Вода топла има стално, а на езеро ќе переш за дечињата“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ѝ ветуваше дека ќе ја земеш, потоа се ожени за друга. Малку ѝ беа нејзините две деца па ги зеде и твоите поначесто да влече од планините суви гранки, да вари и да пече пченка и тикви, да пере парталосани кошулчиња.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како екстремно спротивно мислење ќе ја дадеме изјавата на Edward Fitzgerald кој пишувајќи за Персијската поезија 1851. година, вели: „Вистинско задоволство ми е да си земам толкава слобода кај Персијците, кои (барем јас така мислам) не се доволно Поети за да заплашат некого со толкав екскурс, и чии дела навистина бараат малку Уметност да се обликуваат“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пушти ја уште малку да аздисува, а тој што ќе ја земе нека му мисли како ќе ја смирува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа вика, избезумено, уште од скалите.) НЕДА: (Кога ќе ја види Милка, првин се стаписува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„За јуриш. Ќе ја заземам сиромаштијата.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кој од следните луѓе од оваа можност би направил стварност (музика која наскоро ќе ја чуеме било да сме во Токио, Њујорк, Берлин или Бомбај)? Јориаки Мацудиара? Јуџи Такахаши? Џоџи Јуаса? Тору Такемицу? Такехиса Косуги? Тоши Ичијанаги? Тоши Ичијанаги.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дури и кога гледаше низ прозорец или ти се чинеше оти сега Даскалот ќе ја фати да не дочула што рекол.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како повреда при работа се сметаше и повредата причинета на опишаниот начин што осигуреникот ќе ја претрпи на редовниот пат од станот до местото на работата или обратно, на патот преземен заради извршување на работни задачи и на патот преземен заради стапување на работа, доаѓање на работа од одмор или отсуство прекинато по налог на работодавецот, како и користење право на преквалификација, доквалификација или вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но место тоа, тој запеал олцкаво и без зборови, со невиност во срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја минува речиси напуштената граница, вардена од самата себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најлошите карактерни особини, егоизам, нарцисоизам, љубомора, завист, огорченост спрема другите, тие се како црви кои ја поткопуваат нашата душа, најтемни демони кои ќе ја уништат секоја келија во нашиот систем во кој останало уште малку добрина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И после само ќе ја пречекориш жената и, ај со здравје, вечнаја ѝ памјат. Талогот прв паѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Убаво е, си мислевме, дождот ќе ги освежи рузмаринот и качинките, ќе ја оздраве изгорената земја. Така ден, ноќ.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Немај грижа, - му велам, - ние ќе ја достроиме твојата работа. Ние и сите што идат по нас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Андон, ќе ја земеше ќерка му за снаа, но тогаш тој ќе си го дадеше и коњот и ќе останеше сам со сонливото куче што ноќе се дави во кашлица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да ја напишев првата телеграма во која јунакот ќе беше анти-херојот, картагинскиот градинар Раиз, ревносниот шифрант Петар Иваз, сигурно ќе ја испратеше шифрирана до Централата, колку и да му се видеше невозможна, невообичена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неспоредлив, ќе ја благословиш ли онаа што те погоди без да ти ја усети бесмртноста?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе ја покријат водата со јаболка, а кумовите ќе ги соберат во дисаѓите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама така ќе ја направиш таа работа што тој да запамети оти што пред тргнување на војна легнал со тебе. Мутлак треба така да направиш, ѝ рекол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Доста ја вложуваше сета сила и умеење што поарно да ги „исправи на нозе“ и со голема нетрпеливост чекаше да дојде и оној ден кога нејзините мечтаења ќе се збиднат, кога ќе ја види Нешка мома, Толето ерген и уште понатаму — Нешка невеста, а Толето зет крај млада невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На враќањето царот го догледал момчето искачено на каменот како гледа во далечината, а говедата наоколу пасат трева.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогашните моќници во светот, генералниот секретар на ООН Курт Валдхајм, Кисинџер и Громико, министри за надворешни работи на САД и СССР, беа во принцип согласни за среќна разврска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оценките се дека ние, во Европа, го имаме најголемиот извор на бистра, питка вода, која, во иднина, сѐ помалку ќе ја има во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Чувствуваме страстно задоволство, специфично локална наслада, додека пред нас се одигруваат колективни ритуали на транспаренција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И земјата е болна кога синовите ќе ја заборават.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие нешто бладаат, ќе ја клоцнат чергата со нозете, ќе го соберат ложникот, ќе офнат и како ќе офнат тие, така и јас офнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во Велика Британија почна да се продава од 1992 година но, и покрај тоа што постоеја претпоставки дека ќе ја замени Екстази, очекувањата не се исполнија, можеби поради недоволните залихи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зошто не беше спремна со мене да ги сподели?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ја врзе гола за столб и ќе ја избоде со стрели како Свети Себастијан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стечајната постапка се поведува по предлог и таа е итна (чл. 8, ст.1-2 од ЗС). 3.  Полномошник на странката може да биде: адвокат, лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па сепак, од потребата за конкретна акција ме одвраќаше помислата дека веќе во идниот момент Катерина ќе ја поткрене главата од перницата (се разбира под претпоставка дека го избрала креветот како место за починка) и ќе ги здогледа книвчињата чијшто број постојано се зголемуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како и со кои средства ќе ја прати на студии во Скопје, кога кредитите веќе јадеа половина од платата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што викнаа: „Дојде брат ти Анѓеле“ ја оставивме нивата уште за малку недожниена. Ќе ја испасат ајвани.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По него клинка Дуковица и си шепоти: мене да ме нема, ќе ја запали шумава!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одново бродиш – а неа нигде ќе ја нема И сѐ што ќе видиш пред да оземјиш, пред да онебееш Ќе биде сликата: Си играат две дечиња заборавени крај водата сина Едното уште кружи – другото се вика Разделина.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
— Верна неверна, тоа се стори, Луко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се оддалечи ли, тогаш се оттуѓуваат, разделница меѓу нив со широк јаз ќе настане и празнината ќе ја покрие коров.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сефардските Евреи во Скопје ќе ја донесат и својата религија, а во нејзина чест тука ќе ги подигнат храмовите Бет Јаков и Бет Ахарон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Слично така, дали хуморот на Лени Брус и на Вуди Ален ќе ја загуби моќта да нѐ насмее кога Евреите сосема ќе се асимилираат, ако се асимилираат?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одново на птиците, помислувам, на грлицата, помислувам, која никогаш на својот возљубен не му ја засенува честа туку, доколку се случи низ животот да остане без него, сама, пак низ цел живот ќе ја брани честа на љубовта: таа никогаш веќе нема да застане на зелена гранка да запее и никогаш веќе нема да се принапие бистра вода.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бомбата ја држеше Васе и веројатно тој ќе ја протне внатре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Оттука ќе се наложи постојаниот контрапункт, на ниво на наративните содржини, помеѓу инспирираните реминисценции на семејната „сага” и на инцидентите кои ќе му се случат во текот на четиридневната посета на оваа земја којашто авторот, не одвојувајќи се од мајчината прегратка, ќе ја напушти на двегодишна возраст, за време на италијанската окупација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе му ја одереа кожата на пцојсаното а мршата ќе ја однесеа во Гробница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
17. ОВЦАТА ШТО СЕ ДЕЛИ ОД БУЛУКОТ ЌЕ ЈА ИЗЕДАТ ВОЛЦИ - и струната откината од цигулката не може да ѕуни, и колата не може да се тркала само на едно колце, само мажот сака да може против жената да се буни...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Речиси секогаш, кога во бран ќе ја облееше блажена страст, пред себе го имаше исколачениот лик на намуртениот Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ние само ќе ја одведеме свеската таму да ѕенѕа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби утре некоја од вас така ќе ја носат и да не мислите дека некој многу ќее жали поради тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јехуда пак мислеше на неа по цел ден. Се радуваше кога ќе ја сретнеше случајно или кога ќе ја посетеше дома, во присуство на родителите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се појавуваат Љубовни парови од сите „нормални“ видови, па потоа хомоеротските парови од женски и машки тип; нарцистичките „автисти“, хермафродити, первертити... цела една галерија на сексуално однесување каде што залудно ќе ја бараме Љубовта ако таа не е „ласцивна“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но да не мислам повеќе за тоа… (Тргнува кон вратата на спалната, но во моментот кога ќе се обиде да ја отвори, го осветлува силна светлина, Тој се свртува, и откако ќе ја види Слободата го насочува револверот кон неа).
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Или станува збор За обичен двојник на божилакот Опчекорен над бездната Не за да го надмудри скокот на еленот Туку за да го принуди и исплашениот Да помине со човечки чекори над бездната По патот што ќе ја надвие Збунетоста од стравот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не ќе се најдат ли и кај нас луѓе што ќе разберат оти довербата на малите држави кон нашата татковина ќе зависи од наши стамболовци и свирчовци, но коишто ќе ја видат опасноста за нашите национални интереси не во Русија, ами во Бугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ајде!“ рече. „Ќе купиме облека што се фрла по првата употреба и ќе ја запалиме штом ќе се извалка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога и да е ќе ја заколам, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За Албер Ками, распнат меѓу медитеранските екстази од детството младоста и пресметките со европската историја, ова раздвојување на животот, го предизвикува чувството на апсурдот, кое ќе ја структурира во сегмент од филозофски систем...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И јас така на скали ќе ја преседам ноќта, стуткана на скалите, пред врати. Ќе седам и ќе слушам како капат јаболката во бавчата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сметаше дека штом таа ќе биде до него, лесно ќе ја врзе на кратко ланче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А кога ветрот ќе ја разнишаше долгата коса на палмата, фикусот ги разигруваше длабоките корени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ама бикот ќе ја занишаше главата и ќе го истресеше венецот од роговите. Волот си е вол. Да разбираше повеќе не ќе влегуваше во јарем.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со дождец ѝ се заканува дека танцот ќе го прекине, боите ќе ѝ ги измие и во непознат правец ќе ја однесе.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Ќе посегнеш кон едно, па ќе свртиш кон друго. И пак празна ќе ја собереш раката. 144
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како што тој ќе ја присегне раката така жена ми му принесува друга чаша со вино и како што тој ќе ја испие така потечуваат матни загадени води што го преплавуваат Балканот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Твојата мантија ќе ја навре преку глава оној што ќе нѐ слуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кој да ги убеди дека луѓето што се делат едни против други на крајот остануваат и без гаќи и без татковина?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не лути се, ќе огрдиш, ќе ѝ речам јас на Оливера и ќе ја удрам вратата зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нешто подоцна тој ја замоли Петра да му донесе уште една мастика со „некоја маслинка“ за мезе и им се радуваше на неколкуте чаши вино што ќе ги испие со реш печена кременадла каква што ќе ја порача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Море, ќе ја секнам рекава! Некој голем оган гаснам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Патувај, залипал. - Девојкава е со нас и ние ќе ја чуваме. Среќно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бев убеден дека ќе ја сретнам Луција; свртев од „Вила Зора“ кон мостот, ја поминав рампата на железничката пруга и се најдов на корзото, кај „Епинал“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Околу полноќ стигнавме до црквата Грачаница. Мислев дека ќе ја видам, но успеав само малку оградата да ја забележам. Многу ми беше жал.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе ја менам верата и ќе се потурчам. Турците јадат баклава, татлии, локуми и се гостат со слатко и благо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Наеднаш, како што човек прави понекогаш со книга за која знае дека ќе ја прочита и препрочита секоја нејзина страница, ја отвори на друго место и се најде кај третото поглавје.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак, тој измислил, направил нешто што можеби ќе ја згрижи неговата чувствителна природа, ќе го победи стравот од непознатото, ќе му ја ублажи болката од неможноста да се сообрази со драмскиот агон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
XLIII Татко во ниедна варијанта не можеше да замисли дека османскотурските зборови со веќе излитено значење, но сѐ уште присутни во балканските јазици, толку силно ќе ја разбрануваат неговата меморија од цариградското време на младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Молчи! Кралицата, одамна рековме, ќе избега во Лондон или во Америка или кај Франко. А ако не, тогаш ќе ја обесиме на Плака.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Приказната за Елена, преубавата ќерка на Зевс и Леда, содржи изненадувачки поклопувања со приказната за Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Напати ќе рипнам и целата ќе легнам, ќе ја потпрам вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои војници во тие пијанства ќе ја грабнат пушката и ќе излетаат од окопата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За првпат тие видоа воз. Кога се зададе локомотивата одоздола, Митра се прицна до Толета, бидејќи ѝ се стори дека река дотечува и ќе ја однесе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој ветар ќе ја повлече со себе пешадијата наострена за бој! Веднаш зад петици на коњаницата лута!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
„Сѐ е мое...“ викаше тој, „Сѐ ќе продадам... Ќе ја оставам на улица, кучката...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но не можејќи да се ослободи од атавистичкото верување дека власта над народот му е месијански одредена од некоја далечна, мистична сила, која може да биде само божја, Бургиба никогаш нема да се ослободи од неа, дури и кога сенилноста и немоќта видливо ќе ја ограничат моќта да владее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но не сакал да го открие значењето на записот, оти ќе ја изгубел одајата на гревот и блудот, во која ја водел, секоја ноќ, малоумницата на логотетот, за наслада своја и на нечестивиот, што од ѕидот ги гледал, како трет во ѕверството страсно нивно!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас ќе ѝ се фрлев во скутот, ќе ја бакнував и ми се чинеше дека таа жена многу ме сака.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Може да не ја погодам, рекла, веќе стара сум, а со стрелањето во капсат може само ќе ја предизвикам за кога ќе ја креваме, или после некогаш, ако ја оставиме овдека, сама од себе да пукне и да убие некого.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И мисли дали наредното ѓуле ќе ја одмине или ќе ја погоди и дали ќе почувствува болка или веднаш ќе ја разнесе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, тогаш попусто се обидував да извршам нужда - бев толку напнат дека пријателот ќе влезе во соба во тој момент или пак брзо откако ќе завршам, па ќе ја почувствува смрдеата како излегува од под вратата - што никако не можев да се опуштам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако сега, во најтешките моменти, го напуштиме, тој ќе ја изгуби таа вера во себе и ќе го вратиме делото за пет стотини години назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како повреда при работа се сметаше и повредата што ќе ја претрпи осигуреникот во вршењето на серијата таксативно наброени „општокорисни“ работи (в. поранешен чл. 44, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
БАБА АНЧА: Блазе кој ќе ја земе. Блазе!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Точно е, ги има многу намалено цигарите, и кога ќе ја фатам на дело, според бројот на догорчињата во пепелникот, дека претерала, таа има израз на лицето како дете што го откриле во некоја забранета работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Татко јасно сакаше да покаже, оправдувајќи ги своите подлабоки мотиви во проектот, дека и тој би можел да се вброи во традицијата на балканските и посебно албанските интелектуалци, дека на Балканот постои и една друга голема култура на луѓе кои црпеле како од европската западна култура, така и од источната исламска култура која ќе ја донесат Османлиите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој само ќе ја поткрене главата, сета со крв и со модрици, и ќе ги овргали очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
БОРИС: Безочноста дрска со глава ќе ја платиш, кај мајка ти дома жив не ќе се вратиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А терзиите ѝ одговараат: Ти девојче, мало ѓаволче, Ти да ни месиш погача; Без сито брашно да исееш; Без вода да ја замесиш; Без оган да ја испечеш. А девојката одговара: Терзии, браќа терзии, Погача ја ќе ви месам; Низ трепки брашно ќе исеам; Со солзи ќе ја замесам; На гради ќе ја испечам.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Малку чувствував тешкотија, поради тоа што требаше да најдам нов правец и да предвидам нова траекторија по која ќе ја градам мојата иднина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако не си, ќе ти ја земам главата и в торба ќе ја ставам пред престолот мој“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кој ќе ја препознае слободата?
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Татенцето така мајсторски ќе ја извезеше сета работа, се колнам, потоа и самиот ѓавол беше втеран в шише.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе ја наѕирам долу кравата, си велам. Знам дека е пред отелување. Слегувам да видам дали има ново.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Земи кофа, кога ќе ја наполниш, јас ќе ја истргам нагоре“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе се дигнам и ќе ја видам распната врз многуте камења поразјадена од средна месечина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не како крал, туку како ангел кој ќе ја понесе во царството на сласта во бескрајот, на кого ја посвети подгорената песна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ја симнам еден ден и добро ќе ја исчистам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подготвувајќи се за едно така страшно дело, кое ќе ја возбуди и вознемири Европа, подготвувајќи се за оној, за човекот вообичаен страшен чин - докрајчување на животот - гемиџиите работеле крајно конспиративно, трудејќи се до крај да останат анонимни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па и откако ќе ја пресече душманот сакам таа да лежи во оваа земја што се напои овие дни со толку маченичка крв.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ТРОШЧЕЈКИН: Бладања. Измислици. Ако денес не ми донесат пари, јас не ќе ја преживеам ноќта.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На Duchamp, 1917, според сензибилитетот, најблизок поет му бил Аполинер, кој со својата поезија прв, по Лотреамон, ќе ја антиципира идејата за редимејд, особено во збирките Alcools (1913) и Calligrammes (1918).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се фати за мене како за последна шанса. Што ќе ја врати кон стварноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неколкупати ги помирисав листовите, божем ќе ја осетам аромата на времето, еден цел век на Маказар, исполнет со присуството на добродетелството на Никола Поцо, со неговите карвани коњи и камили, стадата овци, балите волна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сепак треба да ѝ каже некој лаф што ќе ја потсмири и наместо тоа таа им го кажува она што и самите го чуја низ отворената врата Ки на занцеле на друго место вика адно чувек таму надруф!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Токму во тој миг знаев дека ќе ја видам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Кога таа така ги чисти своите уши, така ќе ја чисти и мојата куќа“ — рекол и ја оставил и неа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште тогаш во Тунис ми зборуваше за својата опсесивна тема на идентитетите, (подоцна ќе напише книгата Погубни идентитети).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Утре ќе ја донесам тортата.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тага што не ќе ја избрише ни најупорната крпа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На масата ќе ја забележат чашката со сѐ уште топол чај, омилен пијалок на Арафат, но тој се спасува во последен миг и заминува во Јордан, потоа во Каиро, кај што ќе се сретне со Титовиот пријател Насер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, сепак, среќен сум што си избрала погрешна личност, зашто ако тоа не беше така, сега не ќе наздравував со жената која ја сакав и ќе ја сакам сѐ додека за навек не затворам очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Девојчето како да разбра што стана со него, го прегрна Трајка со малите рачички и почна да се гушка во него; небарем му велеше на татка си и мајка си оти од денеска си има нов родител, кој ќе ја штити и храни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Скриени се и недоверливи, но најпосле, кога ќе дојде моментот, и тие, како сите луѓе на светов, ќе го отворат срцето и ќе ја искажат својата благодарност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А за сето тоа проклетството ќе падне на нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море ми, како ти текна и воа да го направиш златна, Доле? — праша со восхитеност Доста Макрева и ја фати за врат небарем ќе ја избакне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред секоја од тие долинки можеше прво добро да изгледа дали на сртчето од другата страна се продолжува трагата, и дури после, откако ќе ја изнајдеше со погледот, да зачекори побргу до следното сртче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Догодина Ели ќе ја запишеме во забавиште, - рече Вера откако завршивме со ручекот, па ја погали по косата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Целта на друштвото беше неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма што ќе ја реализираат во Македонија тајно од српската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
После ќе ја извадиш устата, вели, па ќе го ставиш увото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да се изживува со нејзината помамена немоќ, тој ќе ја седнеше в скут, и шушкајќи ѝ во увото, се истураше во неа, безобѕирно туѓ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но немој да мислиш, ти, стар добродушен мрморко, дека во овие бели прегратки ќе ја заборавам малата Џен, малата црна девојка со жолта свилена панделка во косата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас се израдував што ќе го видам Косово, каде што цар Лазар војувал со турскиот цар Мурат, па ќе ја видам црквата Грачаница, каде што царот ја причестил војската.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ја зеде чашата и ја помириса. Пијалакот стануваше не помалку, туку сѐ поодвратен со секоја голтка што ќе ја испиеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таквиот буквар положувајќи ги во Македонија основите на поуслагодената српска писменост, ќе ја омили српската книга и ќе им ги наложи Србите (на народот) како поблиски луѓе и ќе се поитри да го задоволат...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа сосем спокојно верував: ќе се сопнам на неа и во пад ќе ја приклештам под себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Ако сретнеме патрола, ти ќе ја свртиш главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни беше на крајот нагласено дека ќе ја видиме татковината тотално ослободена од трите бога, трите конфесии на албанскиот народ...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Момче, верувајте ми, сега не смеам ништо да ви кажам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе потргнам јас и ќе ја отскријам неа, ќе потргне таа и ќе ме отскрие мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видовитиот носител на знамето на стравот, оној Дмитар-Пејко што не ги познавал границите на сонот и на јавето, наеднаш брзо-брзо им го опишал чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И оваа трансгресија ќе ја зајакне неговата неодолива импулсивност, речиси истата онаа која ќе ја мотивира неговата мајка да го преземе фаталното патување во родната земја и која ќе биде принудена да го скрати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вивнаа хартиите на жарта, запапотеа ќунците нагоре, ќе ја кренат печката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се надеваше, пустиот, дека кога ќе го изведат пред суд, пред да му ја изречат однапред изречената казна, тој како последен аргумент, не како олеснителна туку како обвинителна околност, ќе ја отвореше стиснатата тупаница и на разголената дланка ќе ги изложеше искорнатите нокти од сопствените раце и нозе пред очите на целата јавност, барем во судницата ако не во земјата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Д-о-б-р-о... Еве, ќе ја уцртаме границата т-у-к-а... - помина со моливот по сртот кај што пишуваше „Превалец“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Каде? - В село, Онисифоре. Ќе го однесам баџанакот Јане да го закопаат со поп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Која друга смисла во животот ќе ја барам јас сега на овие мои години.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А оваа потврда ќе ја чувате. Ќе ви ја побараат на излезот од Албанија и за користење на нашите патишта ќе платите две евро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Младината е како растението, тука има климатски услови за опстанок, на таква младина која ќе биде авангарда, ќе ја поведе целата нација кон развој!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само што ќе ја отворам вратата, вели, пак се губам и се губи сѐ во мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ти нејзе ќе ја учиш, глупачке ниедна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе ѝ однесам една бела роза и ќе ја прочитам баладата за белата роза.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секогаш кога ќе ѝ препадне време, да ми се јавува. Кога ќе ја остави ангелот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АРСО: Знам, комшике, ама, Теодос нејќе да знае за Стојанка.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ја натерам да се врати, мислел, зашто немал каде да ја води; таа, со спокојно и некакво чудно безживотно лице од работилница на мајстор што од румен восок може да измеси млада светица, го чекала задуван и зол како човек што е осуден да се соочува на секој чекор со призракот на својата необична младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, имаме предвид дека тргнавме од почеток - од нулта позиција - засилено работиме и ќе ја подобриме положбата. А по нас одите вие!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Било дел од парите што татко ми ѝ ги даваше еднаш во неделата, влегувајќи во кујната кајшто Рашела редовно седеше помагајќи ѝ на мајка ми, било кога мајка ми ќе ја испратеше кај нејзините со некоја понадица, а во неа беше главно сѐ што за делник или за празник се подготвуваше кај нас дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Буквално преведено значење или Два расказа за пример Во последниве два расказа, за кои токму стана збор, примената е една постапка која е карактеристична за поголемиот дел од расказите на оној автор, и која јас овде и сега, за потребите на оваа анализа, а во недостиг на појасна формулација, ќе ја именувам како „буквално преведено значење“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Странката која во целост ќе ја загуби парницата е должна, на противната странка и на нејзиниот замешувач, да им ги надомести трошоците (чл. 148, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе откопаат малку земја, ќе ја лизнат и ќе ја плукнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја пренесиме сега ние оваа новина до сите наши војводи и началници и ќе им соопштиме дека штабот е известен од самиот Хилмипаша оти дал веќе амнестија, та во срок од десет дена нека се предадат сите наши луѓе, а ние што побргу да ја фаќаме границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
О, скоро пеколот ќе ја раскине неговата утроба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Или ќе ја извадиме од пеколот, или и ние ќе влеземе во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Првите денови, кога нешто ќе спремев, и ќе ставев на маса, тој ќе ја земаше својата чинија и ќе се повлечеше во собата, или пак ќе јадеше отпростум, свртен на некоја страна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Такви исти верувања, кај различни луѓе, на различни простори, се повторуваат неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во градината прво ќе ја поздравеа новите цутови на нејзините цвеќиња, па блесокот на бојата на некој новоузреан плод и, на крајот трите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Четниците, кога ги бараат непријателските јатаци, не тропаат полека и не извикуваат тивко, туку ќе ја искршат вратата и ти, уште нерасонет, ќе ја почувствуваш студената кама под грло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И како се осмелуваш да говориш, ти, совршена кукло која не вика мамаааа, кога ќе ја свиткаат?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Насетував дека правам некоја работа без смисла и цел, и дека, впрочем, нема ни да ја довршам, ќе ја оставам заради некој нов - речник...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А, и кој ќе ѝ ги пази децата, кој ќе смени пелена на татко ти, кој ќе ја чешла мајка ти?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само така, помогнат во најтешките дни, ќе ја задржи верата во себе и ќе ги сплоти сите свои сили за да може еден ден да си ја извојува скапо платената своја слобода без ничија помош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не знаеме каков вид дрво е. Се распрашавме, но никој не знае.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
КУМОТ: Песна ја признавам онаа што кога ќе ја чуеш, дури и срцето ако ти е заспано да ти се пробуди. Ете тоа е песна!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
9.5 Лута змија Во книгата се таи. Ќе ја поткрене ли како камен? Ќе ја надитри ли со студот свој?
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Вечерта ќе ја минеме во задолжително гледање на нова соц- реалистичка театарска претстава.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе ја наведнеш главата и ќе ја послушаш. Поп си, занает ти е да благословуваш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пченицата се мие во ладна вода: низ две, низ три раце, што се вели, низ три води ќе ја поминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ми, небаре ја следеше сенката на сонот на татко ми, до колку и неа не ја повтасала дремката, ќе дојдеше, ќе ја изгаснеше ламбата, ќе ја оставеше книгата настрана, означувајќи ја последната прочитана страница, ќе го покриеше полека татко ми, за да не го разбуди.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Туку чекај, ќе победи ревољуцјата, ќе ја воспотавиме диктатурата на пролетарјато и тогаш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако имаше таква вест, ќе ја читаше со жедност, па макар да се работи за нешто што инаку никако не го интересира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Второстепениот суд може – на седница на совет или врз основа на одржана расправа – да ја отфрли жалбата како ненавремена, нецелосна или како недозво- лена; да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди првосте- пената пресуда; да ја укине оваа пресуда и предметот да го врати на првостепениот суд на повторно судење; да ја укине првостепената пресуда и да ја отфрли тужбата или да ја преиначи првостепената пресуда (чл. 355. ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ти бе, Брезо, не разбираш дека станува збор за тактика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе ја добиеме последната битка во големата борба за „спасување на душите“, дополнуваше генералисимусот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако го прежали коњот ќе ја омажи ќерката си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ете, го облекла; ќе го носи додека не се врати, и најпосле ќе ја објасни својата постапка како единствена можност да му се згазне на опашот на машкиот шовинизам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но палјачото е осамен, ќе ја потсети.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас сум Бреза, твојата идна ќерка. – Го изговарам ова и победнички ја чекам реакцијата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мала утеха ѝ беше реченицата на Јана „неговата светлина ќе биде толку силна што сигурно ќе ја забележиш“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А ни земјава ќе ја нема.“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кај Томо очајот растеше од ден на ден. Секој втор ден доаѓаше дома со надеж дека ќе ја сретне Рада, или ако ништо друго очекуваше абер од Душка која ќе го израдува со нова вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе беше збунета. А кога вечерта и трепкавите светулки ќе ни појдеа пресрет, ќе ја прашав - те милувале ли досега помускулести раце.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можам ниту капка да испијам. Уште повеќе ќе ја зголеми жедта.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако ќе ја сместев Ели во нејзиното креветче, заградено од страните со високи мрежи, и ќе ја натрупав со сите играчки, се зафаќав со приготвување на уроците.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Државата нѐ научи да не работиме, туку да чекаме интерес од по некоја пара што ќе ја клајме во штедилницине“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа и самиот ќе ги земеше сопствените раце, ќе ја погалеше Рендгеновата цевка, ја мрдаше живата во кварцната ламба, го прошируваше или стеснуваше процепот низ кој светлината паѓаше врз нечиј грб, ќе бутнеше инка во некое уво, ќе земеше памук и го ставаше во слушниот канал, задлабочувајќи се во последиците од овој чин кај сопственикот на увото: како настануваат претставите за помош, исцелување, добриот лекар, за општата доверба и радоста на живеењето, и како отстранувањето на течноста се преплетува со душата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Ајте сега, господот ваш, обидете се ако ви држи...” им велеше на луѓето кои стоеја со копачките да му ја срушат; тие кога ќе ја видеа пушката, се растураа и пак се враќаа; тоа со месеци го чинеа: идеа со копачите, вртеа околу куќата и пак се распрснуваа кога ќе го видеа Бандо со пушката; се обидуваа и ноќе и дење, но тој секогаш беше тука: стражареше на мазгалката и ја вртеше пушката кон нив.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По нас клинка и Чако, ќе се заврати по некоја гуштерица, ќе ја збрка и пак иди по нас. 151
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Низ каков сѐ чакал, плевел и горчливи мирудии се провираат водите на животот, и какво сѐ зелениште во него не вирее!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Надвор удираат на вратата, ќе ја откорнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја преместам за една ноќ, потем ќе ја ставам книгата во лажно среде и кога утре ќе дојдеш, со царот, да му го покажеш чудото, ќе ја загубиш милоста негова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рекоа дека Италијанците ќе го земеле и училиштево. Визбата ќе ја правеле затвор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А ако се случеше да фати риба, ќе ја откачеше од јадицата, ќе ја погалеше по блескавите мазни крлушки и ќе ја пуштеше зборувајќи ѝ: - Пливај си слободно, рипке!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Шефот на протоколот бездруго беше во тек со содржината на пораката, но бараше некаква потврда со која ќе ја потврдеше и мојата вредност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе ја негувам да закрепне, ќе ме засака и ќе ме изненади со цветот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мајка ми беше напната за тоа дали ќе ја најдеме зградата во која живее снаа ѝ Христина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Преку пантолони ми го фати како кога докторката ќе ја фати пумпата од апаратот за мерење притисок, ме стегна неколку пати како да сум некоја молзница и мене толку ми требаше – почувствував како малаксувам од изџвркување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама како Јон ќе ја затне на едно место водата, таа ќе се подистрга и ќе се загне на друго место.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можам да се обидам по сто пати, но не ми успева, можам и да играм некоја друга улога, во некој друг театар, да бидам некоја друга јас... но пак ќе го барам сето она што е твое... ќе ја посакувам твојата сцена...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И ќе ја чепатат, што се вели, ќе ја черечат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама на третиот ден, велеше, ловецот ќе дојде порано и со пила ќе ја засече буката на која се качуваше мечката, ќе ја остави само малку недосечена, велеше, колку да се крепи, да се држи исправено дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Никој нема да одиме додека не смислиме што да правиме- рече Даскалот. – Ми е страв оти ќе ја исплашиме. Гревота е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Носеше волнена, синкава кошула, запетлана напред со бисерно-сива и претерано нагласена врвка, со неуништлива кафеава облека од патка, со неизбежно високи чизми со мексикански мамузи и мексиканско сламено сомбреро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега оваа кутра девојка е жигосана, има белег на себе... Ќе ја бие лош глас... Ќе биде бела врана во околината...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ај, ќе одиме и ние со Уља. Во Битола. Ќе ја носиме Горица, да ја бараме од увото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја истргаме постелата од под жените и ќе им викнеме да излезат со кренати раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подобро. Спокојно ќе си легнам - зборував сам со себе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
СЕЛАНЕЦОТ: Како да не е греота...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Напред, детуле, рекол на својот јазик: водата во која јавачот или коњоводецот ќе ја види месечината, онаа вечна и двојна во исто време, на коњот ќе му даде крепкост и змејска сила. Така зборувал.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Камилски претпоставуваше дека брзо ќе ја решат судбината на овие два збора, коишто, според него воопшто не можеа да се сметаат за опасни, така мислеше и Татко, но за него расправата не беше завршена, туку таа дури сега почнуваше: Има зборови кои ја имаат моќта на метафори, со неколку од нив може да се раскаже дури и да се опфати историјата на човештвото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа на старост се мачи, ги израсна децата како арслани и еднаш во својот живот ќе прави радост и ќе ја прави сите да ја видат, некои да ѝ заблазат, други да ја оговараат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека се знае и нека се прикажува: или и Анѓа ќе ја имам, или ниедно – си рече во себе и стисна срце да го чека резултатот од оваа опасна игра.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа страшно ќе ја задоволи, како да ѝ ја даруваш последната роза или ја водиш на бесплатно патување со времеплов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кралот гледаше во мене и рече: „До утре, кога ќе ја спуштам во гробот, да си готов со сликата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш Татко веднаш ќе ја разбереше пораката излегувајќи од својата библиотека, од неговиот балканвавилонски центар на илузиите...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. Не нѐ остава тој пес кадијата; ќе нѐ расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Лесно ќе ја наредиме работава!“ - ја смируваше тетка Стана.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Мал Борче пред некој ден во доверба ми рече дека Кире од кадровското го викале врбов прат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
210 Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, големите трошоци за евентуалната операција и лекување, како и намалената животна активност и претрпениот страв – работничката, после консултација со адвокат (А.Ѓ.Танчевски) кој правно ќе ја застапува во сите понатамошни фази на спорот, летото 2008, се решава да тужи по основ на повреда на работно место и на тој начин да бара обесштетување со кое што ќе го продолжи понатамошното лекување и ќе ја надомести направената нематеријална штета.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе ја направам од железо и тоа ќе биде највисоката кула во светот“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сепак, индикацијата ESQUIVONS - “да избегаме мудро и со презир” - ќе ја надмудри таа перверзна привлечност, било да е таа телесна или естетска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Крмакот ќе ја убие мечката, а ловецот ќе го застрела крмакот, и така со два улова ќе се врати дома, велеше татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш, еден богат сопственик на ланец ресторани, јавно вети дека ќе ја дарува со злато колку што и самата беше тешка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Свежината на ноќта, ќе ја замени огинот на денот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Штом ќе ја заклучи, се враќа во собата и оди до прозорецот и гледа на улица.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе те каснат и тогаш, откако ќе ја вцицаат крвта, се залепуваат за раната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да бев сигурна дека навистина не ми е мајка ќе ја земев со црнците и ќе беше задоволна. Ќе имаше и кур и пари.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Онисифор Проказник рече дека тој ќе ја тера кон Лесново. Неговиот имењак ќе се врати.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа теорија беше опасна за српските интереси во Македонија, зашто ќе ја повлечеше по себе согласноста на Србија да се образува одделна македонска држава и со тоа Србија не ќе добиеше ни еден дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ги задолжи Албанците со книгите За албанската албанската азбука, Албанската граматика, како и неговиот програмски текст Што била, што е и што ќе биде Албанија (објавена во Букурешт во 1899), драмата Беса и многу други, додека новата турска култура ќе ја задолжи со Толковниот турски речник (со близу 45 000 зборови).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А си мислеше дека ете сега ќе ја фати за плетенки и ќе ја заврти да и погледа во очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислеше дека тогаш ќе умре таму, дека ќе ја доживее истата судбина како и Учителот, презрен од своите, исплукан од подбуцнатата толпа, дека неговото земно тело, веќе измачено од претходните патешествија, ќе остане за навек во Светиот град.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И Мустафа Кемал Ататурк ќе ја објави на 1 ноември 1928 година лингвистичката револуција за да ја замени арапската азбука со латинична азбука.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа население ќе ја претставува главната опора на турските интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доаѓаа и девојки, и ние се правевме важни; најпрвин тој ќе ја извозеше целата патека за рекордно време, а потем јас ќе возев на едно тркало само на рамниот дел од патеката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеше да се очекува дека набрзо - што и се случи - на сцената ќе се појават купишта имитатори кои до бесмисленост ќе ја форсираат златната формула.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И налето, по вршење, ќе се прошета лично бацко Пере по селата, ќе се види со пријатели и ќе ја собере вересијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АРСО: (Како да го сожалува.) Е, ама ќе ја држиш чашката дури не се испразни, зашто таа сирота, си нема столче, ѝ се окршило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ми заличи на изненадено дете кога ќе ја здогледа саканата играчка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа длабоко беше потоната и ако само за неколку минути не дојдеше да ја земе, не ќе ја пронајдеше дури до пролет.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оди си спокојно на училиште. Ќе ја испратам јас како што ѝ доликува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Борис Калпак ја донесе долгата пушка од која загинаа Јане Крстин и Пецо Дановски, Каменчо Скитник извади од дисаги кубура со сребрена дршка: се родил, истиот ден останал без мајка, го израснале на густо млеко од биволица; повеќето се плашеа од него кога ќе ја заборавеа неговата благородност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе земе војничето една свеќа, ќе ја запали во окопата, ќе земе две-три матерки ракија, и ќе не почести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може ќе ја задржи пак на кулата и ќе си ја дарува уште повеќе отколку порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Читам така, ко во треска, мислам дека и својата несреќа ќе ја најдам таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го заобиколи трњакот и влезе во питомината на која до пред една недела, изгледа, не беше ожнеана пченицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе ја разбудам тишината во зората со песната на мојата душа, ке го отворам срцето, ќе допрам до најтемните тунели и од изворот на прадлабочината ќе ги извадам богатсвата на моето битисување, суштествување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Подај ми ја раката јас мојата ќе ја кренам вишно стебло врз жилав корен да врзе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Потоа пак зел да брои жолтици и пак откако изброил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола; Овие, рекол, ви ги давам за кô ќе порасне Драганка и за кô ќе ја мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И после, како и досега, пак ќе ја фрлиме вината на големите сили, кои секојпат излегуваат криви за нашите грешки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе ја обесам ноќта и ќе ја бодам в папок глогов кол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нека ѝ биде чиста болката, а со време ќе попушти, ќе ја развражи устата, ќе пушти лаф.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога тој ќе ја спуштеше раката кон ципите, та му ја тргаше велејќи: - Не!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Станувам сѐ повеќе таков поединец, кој претпочита да проба, да вкуси, со еден збор човек кој првин ќе ја испита стоката а потоа ќе ја одредува нејзината вредност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не постои друга што ќе ја замени.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Една Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии. (Само не брзајте, ќе ја запознаете и ќе ви се здодее од неа.)
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Можеби Советите ќе ја прифатат нашата вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој сериозен обид да се одговорат прашањава би нѐ одвел далеку зад границите на тукашнава студија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чудно, нели! Ќе ја видите кога ќе дојдете.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Умираше стоејќи и во едно бескрајно чекање дека ќе ја види топла и проѕирна спална.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си ја замислував дури и изненаденоста на нејзиното лице кога ќе ги забележи моите пораки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако му се истури чашата, капка по капка ќе ја собира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
САВЕТКА: Со здравје, сваќе! Ќе ја нагласи вујко ѝ работата, ти ич не бери гајле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ете, за пример ќе ја земам темата за хомосексуалност. Се смета за анархија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Борис подрипна од местото: — Во добар час дојде, момче, Седни, седни одмори се.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
КОТЕ: Немај гајле, јатрва ти ќе ја сврши таа работа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тогаш бевме распеани, првпат пијани и се напрегнувавме кој прв ќе ја заведе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако каданата нејќела со арно, насила ќе ја грабаме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А за нас, децата, границата, всушност, и не постоеше, неа ја чувствуваа силно Мајка и Татко држејќи ги нашите животи во нивната заедничка прегратка, во прегратката на надежта дека ќе ја минеме границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога ми покажуваше таму, на Тумбата, каде точно сака да биде нејзиниот вечен дом, таа дури ни не праша што мислам јас за нејзиниот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сонцето сјаеше на ситните зелени ќерамиди на павилјончето во градината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако заплачеш за нас заплачи, ако се молиш за нас помоли се, ако простуваш прости ни на двајцата, ако сонуваш сонувај не заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ја замолив мајка ми да ми каже кој точно го дотуркал каменот, а таа се насмеа веројатно изненадена и самата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред гроздоберот попот ќе ја благослови и таа ќе појде во куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Шегувај се ти, војводо, но следниот пат кога ќе приредиш ваква гозба, ќе ја доведам и неа. И јадеше шумарот, кркаше, како некој Крали Марко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така ќе ја залажев болеста, вели, ќе ѝ ги затворев очите да не може никого да види, никому да му се доближи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се дигнам и ќе ја видам распната врз многуте камења поразјадена од средна месечина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако како полномошник се јавува лице спротивно на одредбите од ЗПП судот ќе донесе решение со кое на тоа лице ќе му оневозможи натамошно застапување и за тоа ќе ја извести странката (чл. 81, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Една вечер кога ќе стивне вревата во каушот, ќе ја испушти крвта. Или нешто поубаво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се раздени, зацапавме во снег.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Европејците кажуваат оти не можат да направат ништо, оти секоја мерка од Европа комитетот ќе ја прими за заострување на неговата агитација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ех, вели Цветан Велјаноски, ако ни успее ова со општинава и со училиштево, отпрвин ќе ни служат само нас, ама после, ко ќе ја видат ползата од нив, може ќе се здружат со нас и веселчанци и тројкрстчанци и тополчанци, а може и некои подалечни села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Им пркосеше и на наставниците - не сакаше да одговара кога ќе ја прашаа, се држеше недисциплинирано.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И уште нешто... Не, за тоа нешто ќе ви речам откако ќе ја извршиме задачата со приредбата, на седми септември навечер, во пресрет на Денот на независноста!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Нашата мачка е ловџика. Сега ќе ја најдам. - А црна ли е? скокнав од столот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едно утро забележал Раиз како фикусот се доближил а со некои гранки ја зафатил во цврста прегратка и половината на палмата. Прегратката траеше со денови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бескрајна радост во срце бие мил ми е секој ко брат, ко свој, славата моја кој ќе ја скрие. – Единајст' Октомври- празников мој!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
- Оф, мајче, ќе викне, и ќе ја сврти главата настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Турските дипломати се лажат многу ако мислат дека повеќе ќе ја зачуваат Турција во Европа ако се придржуваат според политиката: divide et impera.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја претчувствувале главата пред жртвеникот на прегладнетоста: пред пенливи ноздри виси побелен јазик и се допира до нејака тревка; тоа е преживарска смеа над човечка алчност - лапајте и цицајте крвца, еднаш билјето со корен ќе ја смукаат и вашата крвца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Солун, малата Ервехе засекогаш ќе ја види и ќе ја научи лекцијата за тоа колку се луѓето на Балканот измешани, различни, неспокојни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се завртела на петици дива во својот пркос, сама и сепак посилна од нивната врела ламтежливост и пак се занишала во колковите враќајќи се во светот на своите тајни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нѐ распоредија кај селскиот одборник, а јадење немавме и легнавме гладни, а не знаевме ни колку ќе се задржиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го носиш како заден траг на денот. О како ќе ја пренесеш до другиот брег мојата песна!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Една девојка е сигурна дека некои нејзини мисли се всушност туѓи наметнувања, и прави спротивно на нив - ако прво помисли: овде ќе ја преминам улицата, веднаш потоа се спротивставува, и преминува на некое друго место; ако си рече: „Време е да јадам“, во следниот миг решава да остане гладна до следниот ден; ако си помисли, додека пие вода: „Пази да не ти се лизне чашата од рацете,“ уште веднаш ја фрла чашата на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но тоа се прави не за да се лишат весниците од слободата да пишуваат, а затоа што на Балканскиот Полуостров им придаваат големо значење на сите статии што се однесуваат за балканските работи и мислат оти владата под влијание на печатот ќе ја измени својата политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ќе те удира, а ти ќе се превиткуваш, ќе потсинуваш, ќе се собираш копец во вратот и во срцето, ќе ја собираш устата, ќе ја собираш раката и, примижувајќи пак ќе ја подаваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А солта, пустата, ни се сади, ни се вади. Кај ќе ја најдеш? Некои одеа, бараа, копаа земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само енергичната борба со тие три држави ќе ја избави од погубување нашата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И конечно, во казнивите дела против правниот сообраќај постои и делото „Фалсификување исправа“ според кое тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Обидот е казнив (чл. 378, ст.1-2 од КЗ). 271
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислеше на туѓинецот- градител што умре и на сиромасите што ќе ја јадат неговата печалба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога огнето ќе ја надминеше таа граница, тој ќе го распреташе и тоа стануваше пак онака тивко и затлеано, како питом, мачор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гласот набргу дојде и до ушите на Профим: в земја ќе ја спотераше Царјанка, ќе ја заколеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Доколку Џорџ Орвел случајно го прочитал ќе се почуствувал инфериорен и ќе ја запалел 1984 уште необјавена, како Гогољ што му го удрил ќибритот на некои свои писанија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оттаму, од нејзината могила, таа ќе ја гледа куќата во која ги поминала сите тешки и сите среќни години, како и најголемиот дел од патот, оној единствен пат по кој во една далечна ноќ се качуваше кон ѕвездите и кон планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се обидуваше, па дури и во потсвеста, да бара аргументи со кои ќе ја релативизира и оваа одлука, препуштајќи ѝ се на судбината, како на краен фатализам.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Денес таа работи на позиција дактилограф- администратор во Одделението за водовод, кое според систематизацијата на работните места носеше вкупно 802 бода (вредноста на бодот е утврдена на 12,5 денари).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Да сум на нивно место, по сто сладоледи на ден ќе јадам, Снеже секој ден ќе ја водам в слаткарница и во Луна-парк, а на Бреза ќе ѝ купувам колку што сака мастики- цигари за да ги „пуши“ кога си игра мајка и деца со куклите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На неа воопшто не ѝ било важно дали обичните граѓани ќе ја перципираат нејзината линија на движење или не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па и која друга ќе ја заведе ако не јатрва ѝ Митра?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеме што е пред нас и позади нас, минатото секогаш ја стигнува сегашноста, ќе се испреплетат, ќе се сплотат и ќе ја создадат иднината и ништо нема да сфатиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И пак сета моја брада ќе ја напикаш во напрстокот на абаџијата Панчо Крстин од Кукулино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Се изнавика Пере и којзнае дали не ќе ја дотераа работата до оружје да не се испречи на среде Толевата огромна фигура.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Често покојниот татко му велеше: „Војната е, синко, многу нешто во животот: дури неа не ја поминеш, дури таа не ти помине преку главата, не си ништо; тесто си, зелено јаболко, кревко ластарче. А неа кога ќе ја поминеш, стануваш прекален...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И ќе ја кренам главата вака и ќе ги гледам кај што се стројат во низи на небото, пиштејќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според него, „овие два сојуза би претставувале мост на хармонија меѓу Русија и Западна Европа и мировни авении сосема различни од вештачки формираните држави, оформени од големите сили во текот на војните.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Ќе ѝ ги исполниме и двете нејзини желби, ќе ја пуштиме на матурската забава и на екскурзијата низ Југославија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпосле најдолните, најочаените органи на српската пропаганда, родум Македонци, пак се полезни за Македонија: од нив се образува класа од недоволни од српската пропаганда за коишто нема пат кон Бугарите; тие ќе ја зголемат класата од националните сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Очекуваше дека пак ќе ја види враната но таа не се покажа веќе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Самата ќе ја откриеш вистината кога ќе дојдат деновите за тоа, вистинското време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ќе ја убијам, да знаеш, еден ден ќе ја убијам! – викна излетувајќи од собата и повторно се залета во мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Клекнете. Земјата на манастирскиот двор била мека од влага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти реков, се насмеал помладиот тревар. - Тој ни од удар на наџак не легнува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа постојано чукал со чекан.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И Толе го запна бројот на мариовската курдија и до вечерта се рашета горедолу низ долината за да го дочека вечер кир Андони, да му определи обор каде ќе ја помине зимата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одам, а времето само се мурти, не стои на една нога. Се топори да врне. Ќе ја пушти брадата од Свети Никола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја прилепиш до грнето, вели, и тоа цел ден ќе врие, ќе поткашлува како стар човек, поднастинат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што е за право ниту еден сонувач Нема да рече многу ми е гајле за иднината на сонувањето Не што нема да рече многу ми е гајле Ами ќе ја обнови и ќе ја поткрепи идејата За воведување светска сонувачка штафета Сега не мора таа да му се врачува на Врховниот сонувач Баш на 25 мај И не мора сосе штафетата да има и слет на стадионот на ЈНА Постарите сонувачи паметат и такви штафети и слетови Со кои некои неиспилени на несонувано тераат мајтап
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Таму ќе биде мажена – таа, Ивлин. Таму ќе ја почитуваат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие изгледале мудро под црните забратки, очите им биле врели од страст да победуваат. Или само така му се чинело на зашеметениот поп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А следниот пат кога ќе дојдеме, ќе донесам малку гипс и ќе ја затворам како што треба.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Господ неа ќе ја однесе во иднината, во животот, а во минатото ќе ме остави мене.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„И девојките, и нивните муштерии“, вели итрецот, и тоа беше неговата најголема тајна што понекогаш ете, и јавно ќе ја соопштеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко им се врати на Битолските кадиски сиџили (од XVI до XIX век), врз кои работеше до крајот на работниот век, до последните атоми на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Господа, ни се чини, за брада го фаќаме, само кога ќе ја смениме верата.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што велите? - Попот прв нека ја удри- рече Петре. - Не, Петре. Ти ќе ја удриш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- А како бре, главчо, ќе ја истресеш или ќе ја излижеш од себе таа миризлива бела или сина или каква друга кралска сапуница? А? Добро вели човекот. Под туш! Само под туш! Раскажувај, другар!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И тогаш за малку и јас ќе ја лапнев земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мила – ја замолив – стани сега и оди да вежбаш, да не те караат после, а јас ќе ја прашам мајка ти дали ќе ми дозволи да те слушам. - Сакаш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На извесен начин таа сфаќаше дека и самата е осудена, дека порано или подоцна Полицијата на мислите ќе ја фати и ќе ја убие, но со друг дел од разумот веруваше дека е можно некако да се создаде еден таен свет, во кој можеш да живееш како што сакаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпрвин таму пребледува небото, станува розово, црвено, набабрено со пурпур и чиниш одеднаш ќе потече црвенило и ќе ја облее засенчената страна на планината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во почетокот, ретко разговаравме меѓу себе, можеби затоа што се бевме заколнале дека ќе ја чуваме тајната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чу себеси како ветува дека ќе лаже, ќе краде, ќе фалсификува, ќе убива, ќе ја поттикнува употребата на дрога и проституцијата, дека ќе шири венерични болести, дека ќе фрли солна киселина во лице на некое дете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или можеби да се пентари по запуштеното задно скалиште во надеж дека ќе ја сретне уморната жена со лице на провинцијалка, бело како брашно?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вујна Клементина ќе ја забележи нејзината расположба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Приказна како приказна, ја сервираа на јавноста на фонот на посмртните маршови и закани дека ќе стрелаат прецизно таму каде што најмногу ќе ја заболи државата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По толкуте прочуени води, долови, вирови, извори, бунари и чешми, човек, да си рече дека просторот што го оградуваа Потковицата плива во вода и дека е таа вистински Елдорадо на барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ќе те одведам, - ѝ реков. - Ќе ја одбереме најубавата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но, бевме убедени дека општеството на крајот ќе ја прифати одговорноста”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Првин ќе биде тешко преку ноќ да се превоспитаат овие козари, козите нема никогаш да исчезнат од нивното сеќавање, но, на крајот сигурно ќе ја разберат вистината за комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И колку таа ќе ја охрабри изненадата Најиспробаната метода што треба да ја навести победата. (Упатените ја паметат опсадата на Троја. Огромниот дрвен коњ.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Што ќе земете сега вие: калва од ушиве или калва од под ноктиве ќе ја земете, му рекол и Гојко и нему му ја истркалал главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога судот ќе казни со парична казна или ќе отстрани од судница адвокат или адвокатски приправник како полномошник, за тоа ќе ја извести Адвокатската комора на РМ (чл. 304, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Море што се пречкате тука, дајте ја ваму јас ќе ја пресечам. (Ја грабнува погачата, сече и фрла пред секого по едно парче, а останатото ѝ го дава на Ката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас ја обожувам баш лушпата. Кога ќе ја лизнам со јазикот ми се суши плунката и се наежувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да беше учителот член на партијата, можеби ќе ја добиеше тужбата и подоцна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дај јас ќе ја правам салатата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да загинеш за слободата може ќе ја добиеш смртта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја надене ко со вила, ко со вилушка, велеше, ќе ѝ го преврти чкембето, ќе ѝ ги смеша цревата, ќе ја истрбуши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Да драга, ти би ја турнала. И јас ќе ја турнев да бев тогаш ваков, каков што сум сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
АКО СЕ РАЗБУДЕВ ПОРАНО ТОА УТРО ВО ВЕНЕЦИЈА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„И потоа умираш“, реков. „И потоа умираш.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Каде на друго место ќе ја видеше ако не беше наминал токму во понеделникот, во канцеларијата на другарот Јаким, за да интервенира во врска со случајот Чардаклиеви?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Лазор Рогожаров ќе ја отвори устата да се смее и ќе заборави да ја затвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слаба утеха за мене, и голема моја мака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Ќе каже. Ќе ја сечам и ќе проговори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко, со месеци, се распрашуваше, трагаше по најпогодното место од каде што сметаше дека најбезбедно ќе ја мине границата тајно, заедно со семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Да, доброчинителе. - Знам како ќе ја задржиш сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Палејќи ја, помисли ова да се случуваше на негов терен, одамна ќе ја згазеше под нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па така, како повреда при работа се сметаше повредата на осигуреникот причинета со непос­ редно и краткотрајно механичко, физичко или хемиско дејство, како и повредата причинета со нагли промени на положбата на телото, ненадејно оптоварување на телото или со други промени на физиолошката состојба на организмот – ако таквата повреда причински е врзана со вршењето на работите на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Така никој нема да биде повреден, а јас ќе ја спасам мојата душа од обвинувања. Од таа вина што не е моја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Расни ме боже, раце големи дај ми да бидам последно тело црнината што ќе ја догребе од сите тревки и од историјата на една песна многу што ја сонија - Македонија: Тргнав да ја барам телото го изгубив.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Впрочем оваа прикаска сепак, имаше продолжение што ќе ја исцели. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ова ќе го разбереш, тогаш ќе ја достигнеш највисоката доблест – самоодрекувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа не се согласуваше со својата ќерка дека на Дончо треба да му се пружи најмногу затоа што го нема татка си крај себе (па ако го има што ќар?), особено што веќе се знае дека ќе ја има снагата нејзина!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Немаше деца иако имаше тело кое, помислуваше Јаков секогаш кога ќе ја видеше подготвена за љубов, дури и под долгата бела ноќница што сега ја носи, повикуваше на бескрајни оплодувања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таква ја паметам мајка ми од она време кога ќе ја заварев седната до потокот на оној син камен што можеби војникот на бел коњ го дотуркал. (Кога го спомнувам војникот на бел коњ всушност мислам на човекот кој ја качил на планинава а никогаш не ја венчал!) А можеби каменов го дотуркал таткото на тој војник на бел коњ кога првпат му се посакало седнат да си ги лади нозете во потокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, дури и така растревожен тој сфати дека не сакаше да ја размачка белата хартија со тоа што ќе ја затвореше тетратката додека мастилото беше сѐ уште мокро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе ја замолам ако може да ѝ го продолжи дежурството на Весна барем уште за една недела.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сето тоа ќе ја раскости ветерницата, фиран ќе се стори.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
— Потихонка, ќе срипа полицаецот и повторно ќе ја обеси главата да спие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не е важно која беше процедурата на нашето враќање и враќањето на нашата кола (љубезниот британски моторциклист до автопатот; уште пољубезното арапско семејство кое излегло да се повози последниот ден од рамазанот, до Тангер со еден пар средовечни јенки туристи; следниот ден, љубезниот возач од агенцијата за изнајмување коли кој доби добра напојница и, се разбира, имаше дупликат од клучевите; сигурниот чувар на плажата, кој со болно достоинство му објасни на возачот дека мојата напојница од осум дирхеми не е соодветна на тоа што тој „цела ноќ” го чувал нашето сега веќе отклучано комби, но дека уште два дирхеми ќе ја суредат работата); поентата на оваа анегдота со загубениот клуч, на која во меѓувреме едвај и да помислив, сѐ додека оваа дигресија со која купувам време не ја врати, е што...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Секој мој збор ќе ја уништи ноќната фантазија, тихата, таинствена музика што ги обзема.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зар од Алма Ата ќе ја ослободуваме, вели, зар од Казахстан ќе пукаме?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти таа, и покрај казните, се однесува секогаш на ист начин, како што нејзе во моментот ѝ одговара, а потоа ќе ја издржи казната и пак по старо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе повика така, и така ќе ја испушти душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му го опиша, како самата да го видела или да го почувствувала, вкочанувањето на телото на Кетрин штом тој ќе ја допреше, начинот на кој таа како и понатаму да го оттурнуваше со сета сила дури и кога нејзините раце беа цврсто обвиткани околу него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што мајка бараш по гробишта? Ќе мислат носиш храна на востаниците, јас ќе ја окркам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И реката е несигурна пред неа - ќе ја исфрли на површина, кога- и- да- е.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Има крај, се има крај, само коњот е тромав и бавен да ја довлечка колата до крај. И што кога ќе ја довлечка? Ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Та со што ќе ја зачешла невестата свекрва си вечерта по венчање и на што ќе „т'кне прва вошка“ од неа, ако свекорот не ѝ купи нов чешел?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И едно утро, во Рамалах, идната престолнина на неговата палестинска државичка, израелските полициски сили ќе упаднат во куќата во која престојувал Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оставија да стане востанието, мислејќи дека ако не „самостојната” политика, тогаш крвта на Македонците ќе ја натера „великата ослободителка” да си ги остави своите работи и да дојде да војува за нас, за да ја повикаат после во Берлин и да ја загуби Манџурија и влијанието во Персија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само апла не лажи го: тупаницата тој своја како туч во камбана за удар ќе ја висне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Читанката цела ќе ја прочитав и доаѓав до некои сознанија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе ја допуши по завршувањето на работата, ако успее да го зачува тутунот во неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Тешко на Бугарија со вас! Ќе ја пропастите!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со чиј ум ќе ја прајте? Со умот на егзархијата или со умот на патријаршијата?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во Прага ми рекоа дека први ќе ја признаат нашата привремена влада.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А до третата ноќ Тате можеби ќе биде тука на тремот сѐ дотогаш додека ние не бидеме веќе одамна подготвени за спиење, и тогаш ќе ја чујам Мама како го повикува да влезе, речиси исто така како кога мене понекогаш ме повикува од улицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Понекогаш ќе ја поткренеше главата фрлајќи го погледот на онаа страна каде завршуваше улицата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И јас ќе ја земам Наталија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„О, море Спиро ќе видиш каква девојка ќе стане таа, ама којзнае дали ќе ја видиш повторно?!“
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Исто така, во групата на казниви дела против службената должност – постои и делото „Измама во службата“, според кое службено [или одговорно] лице кое, во вршење на службата, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со поднесување лажни сметки или на друг начин ќе доведе во заблуда овластено лице да изврши незаконита исплата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години (чл. 355, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе го изигра задолжителниот ,казачок" и на крајот ќе ја засучи ногавицата за да му го видиме дрвото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Кога ќе пораснеш и ти ќе ја сркаш таа попара - замислено одговори Анѓеле.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ние, нестрпливи, сакавме да истрчаме надвор, ама Петре Даскалот нè спречи: - Ќе ја исплашите- рече. Гревота е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе ја купи гравурата на Свети Клемент, ќе ја извади од рамката и ќе ја однесе дома скриена под жакетот на својата униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
КАТА: Вистина така е, ама таа е веќе голема, што се вели зборот, утре ќе ја мажиме, пак треба да разбере. (Влегува Софре.) Што направи?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Филозофот треба да знае дека на тоа столче, пресветол управнику, пред него седел само уште отец Стефан“, изустив, мислејќи дека со тоа ќе ја задоволам потребата на Стефан да биде пофален.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гледај, ќе одиме со пладневната ракета во Л.А, со хеликоптер во два часот во Санта Барбара, со авион во девет во Енсенаду и таму ќе ја минеме ноќта!“ 71
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе ја фати за раменици. Тој не беше приказна, ќе рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Дали утре ќе ја рецитираш наградената песна или некоја друга? - праша Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Да беше тука баба, ќе кренеше викотница: - Оф, јас сирота, чедо на баба!...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ја подзавртат главата и ќе ми го истурат млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Добро де, љубов моја, до кога ќе ја плашиш твојата Срцка?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве ви ја главава - на, ако тој космест волк не нè демне од ридон.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа ќе ја подисправи ороспијата!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Туѓинецот ќе ја искористи широкоградоста на небото ќе влезе низ подземни порти и со отров ќе нѐ попрска Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби ќе ја викнеше на помош и баба Цвета. Можеби ќе ѝ телефонираше на мама, на тато. Ќе ги вознемиреше на работа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И Мечето пишуваше по два три пати една иста вересија, која по неколку месеци ќе ја плаќа Брајан кога Петруш ќе си ги земе тевтерите и ќе му оди в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чаршијата ќе ја затвориме, кавурите ќе ги пуштиме од апсаана, името да ти го слават! Ишала!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Погледот стигнуваше до блискиот брег, во Албанија, откако ќе ја минеше границата помеѓу двете земји, означена со понекоја невидлива бела пловка на езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Не сме , - се согласи Барбут- бег. – Сепак, ќе бидеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но ние умееме и во поинакви ора да се вртиме. Ќе те соблечеме и ќе те пуштиме гол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имено, одговорно лице – кое со намера да прибави противправна имотна корист за правното лице во кое работи или за друго правно лице: создава или држи недозволени фондови во земјата или во странство или со составување на исправа со невистинита содржина, со лажен биланс, процена или 270 инвентарисување или со друго лажно прикажување или со прикривање на факти ја прикажува невистинито состојбата и движењето на средствата и на резултатите на работењето и на тој начин ќе ги доведе во заблуда органите на управување во правното лице при донесувањето на одлуки, ќе се казни со затвор од една до пет години (чл. 287, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И отидовме: ќе ја земеме Велика. Ама сватовите се опијанија и заборавија колку има, колку нема, што им треба, и што не им треба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Адон - во согласие со таа опседнатост - ги опишува сите можни пансексуални испреплетености во светот на луѓето, животните, растенијата и камењата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Море... жената е за сѐ крива! Е, што ќе ја изнатепам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Најверојатно ќе ја напуштев гимназијата ако се случеше вошката што ја фати Нанчо да се прошеташе по кафената боја на костумот и да ја посочеше некој со прст. За среќа, ја улови Нанчо. Сполај му барем за тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Леонард Мид ќе запреше, ќе ја накривеше главата, наслушнувајќи и погледнувајќи, а потоа ќе ја продолжеше прошетката без ниту најмал шум.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе ја закаса печурката, ќе ги заврти очите, и ќе почне да подзема со јазикот, да ги преклопува вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И можеби мислел: ова е крај, патот ни се стрмоглавува во бездна на пекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Зашто сега си ја фатил судбината за гуша, па натаму ти ќе ја управуваш неа. Разбра што ти велам, човеку?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Не ми се слушаат евангелиски мудрости! - одговори Арсо. - Ќе ја пробијам, да знаеш!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе ја надгледувам. Ќе наслушам дали дише, дали е уште жива. А таа не знае ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе ја допрете амебата таа се собира; таа чувствува, не зборува, но чувствува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Митко прво силно се изненади и за малку ќе ја испуштеше слушалката, а потоа кога малку се созема почна силно да вика, онака како што правеше мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Што има за зборнување, пак ќе ја сретнам таму.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Мртва… Да ја фрлиш…,“ рече, па ги стави рацете на држачите од столот, како да сака да се поткрене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- А дали ќе наврати, дедо? - Можеби. Ќе ја очекувам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа е позната стара работа превркнам — препукнам прегач — особена унечка со телови прегос — денот после венчањето кога се пие блага ракија предотина — прежда преѕалувам — претерувам во нешто пресек —ѓутуре (спаилакот се зема ѓутуре без да се бројат снопјето) прид — пари за невестата без кои во Мариово не ја даваат родителите девојката прикрепник — мажот ми (мојот прикрепник) принова — новородено дете припрто — кусо време проведи ме (од кучката) — одбрани ме провирач — камен со дупка преку која се провираат болни и бездетни жени проводија — подарок во пари на невеста и мало дете пролетнина — пролетни посеви промрткам — не се согласувам, си пишманам проскомидија — дел од црквената литургија прочврча (сланината) — се испржи пцалт — црквен пеач пувка — врста печурка, габа која е мека и пувка кога ќе ја стегнеш со прстите пупулче — младо девојче, пупуљак пупурник — кржлаво дете, рахитично пурде — име на машко дете дури да го крстат пуст — ничии, без стопан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А се плашевме, со нашите детски глави, ако го спомнуваме често името, дека прва ќе ја земат и ќе ја убијат нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Каква точно, не знаев ни самиот, но секако нешто што ќе ја оправда мерата на мојата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
немој ќерко, светла Ѕвездо - на небото ти ми личиш - не влегувај в црна земја - таму нема вишно небо - нема сонце, месечина, нема ѕвезди, мила ќерко - црна земја е студена - има само црни змии - ќе ја пијат твојта младост - твојта снага фиданлија - твојте гради негалени -твојте усти нељубени
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Како ќе погледнам во некого, така овој ќе ја наведне главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ја удрам меѓу рогови и ќе ѝ избегаат очите од главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но јас сум жив, ќе ја уверува, нашите приказни се во кристалната ваза.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оди полека кон нив на секое скалило за миг застанувa небаре проверува дали ќе ја издржи нејзината тежина, се доближува до милите, а тие свртуваат грб и влегуваат дома.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој си замислуваше како го полнат нејзиниот град илјадници од оние млади распашани луѓе, што самозадоволно се покажуваат, убави и дрски, и дека некој ќе ја придобие неа, неопитната, ќе ја упропасти нејзината младост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За тоа време можат да бидат поставени ракети натоварени со атомски бомби на сите стратешки точки; на крајот сите тие ќе бидат испукани истовремено, со толку разорни резултати, што ќе ја направат одмаздата невозможна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
304 Револтот и сомнежот за корупција во редовите на овие јавни функционери и службеници, кои се блиски до локалните моќници, а којшто е јавна тајна меѓу работниците, и кој на моменти оправдано преминуваше во отворен гнев и презир – со право, пред нас, ја постави дилемата дека, во наредниот период, треба да направиме студиозно истражување на оваа доста загадочна и мошне скокотлива тема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А и како да замине?! Сето ова што се случи пред малку, нема да ја остави на спокојство. Ќе ја преследува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Велат дека остана без наследник, не можејќи да замисли дека друг достојно ќе го носи факелот на светлината на слободата во Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Да не требаше да жалам, вели Јоше Свирачот, ќе ја земев гајдата и дење ноќе ќе свирев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една ноќ, Невена сони силен сон: Голем ветар куќата нивна ја буткаше, се навали, а од другата страна Невена со баба ѝ Трајанка ја потпираа, па така ќе ја исправеа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Ќе не симнат во некое предградие на копното, ќе ја смират во нас морската болест, и пак ќе нѐ фрлат на бродовите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- А Шарлаган- кан? –праша еден момчак. – Што ќе правиме со него?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Штом ќе ја допреа на кој било начин таа тема, покажуваше способност за голема прецизност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Николај, што ти бил? Тој ќе се исправеше, ќе ја дигнеше главата и ќе зататнеше: - Генерал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги менуваше брзините барајќи ја соодветната и ја молеше да издржи барем до врвот, а потоа по удолницата белки ќе ја издуваше пречката и со порамномерен ритам ќе ги довлечкаше до дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но тоа законот изречно им го бранеше, па тие обележја место на кое кога-тогаш, се надеваа, ќе ја подигнат црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И, гледајќи ги нив со чашите в рака и тие, со дрвените цокули, решив и му ја спраштив во слободата, та неа, кутрата, си мислев ќе ја најдам во планињето што немаат крај, во висините до под небо, во далнините и во шумите зелени и ширни, во видикот до кај што ти око гледа....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И многупати ноќе ќе пристанувам и ќе ја наѕирам Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Да, браќа, - продолжи директорот, свесен за превидот, - вие ќе се вклучите достојно во прославата во која нашата Партија на трудот, нашиот народ ќе ја покаже големата љубов кон великиот Сталин и почитта кон неговото дело, во името на целиот пролетерски и работнички свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нејсе, нели кинисала, каква да е — таква ќе ја водат в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ја трпиш ли довек смрдеата што се испарува од него?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Националните држави бараат неменливи, долгорочни и одредени национални граници кои ќе ја одредат територијата, како простор со одреден степен на кохерентност и значење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Да го допуштиме и спротивното, дека сегашната борба најпосле ќе ја принуди Европа да се замеша во турските работи и да ја принуди Турција да им даде рамноправност на македонските народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
таму ќе ни судат и така не засурмуваат во вагонот небаре добиток за продавање и клан, клун, клан, клун, лазаме за Софија пооди, пооди, - запри, па пак тргни, а ништо не гледаме, имаше само една дупка во отворче одозгора, над нас и не знаеш кога се стемнило, а си заборавил кога било дење, денот и ноќта си ги смешале нозете, ги избришале границите и не знаеме дали сме поблиску до денот или до ноќта, само некогаш ќе подотвори некој, ќе ти остави кофа со вода и по едно лепче - камче за да ти ги скрши забите и пак ќе ја тргне вратата, ќе го штракне лостот, штрангата, а ние ќе го топиме 118
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Напати ќе ја прекинат песната и ќе речат: — Можеби не чини пред толку мртви да пееме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А може овој пат ќе ја прескокне куќата наша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќта била студена, ќерка му не се вратила дома, а тој сепак се надевал дека ќе ја запали колата, и покрај мразот фатен на прозорците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа никогаш нема да можам да го прежалам, ќе се задушам во сопствената продирачка прашина на вина која ќе ја носам како превез околу мојата судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Му намигнуваа на Отец Симеон и се кривеа а тој ги ширеше очите да сфати и да впие нешто битно во себе, нешто што ќе ја измени таа вечер во чудо невидено: „Не наденувај се на туѓи рогови“, му рекоа браќата на тој што дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
— Ами знаеш ли дека Сефедин и мудурот во Витолишта најмногу пиштат од тоа село?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Подзапре малку и чистејќи ги ноктите со врвот од перцето неочекувано праша: - А јас да сум Херкул и да го навртам Вардар кон училницава, ќе ја исчистам ли, придавки?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со години стојам збунет пред бесконечниот список на имиња на ѕвезди и болести, на месеци и на денови, на села и на цвеќиња; со години се мачам да ги насетам сенките на звучната линија на македонските придавки со години си живеам во прелага дека еден ден поодблиску ќе го запознаам, поодблиску ќе ја насетам сензначноста на емотивниот и мисловен предел на македонскиот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Касметлија... касметлија си, сестро. И не бери гајле. Ќе ја носиме чупата најлесно што ќе можеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долго се мачев да одгатнам зошто и како се случуваше тоа секогаш кога ќе ја земев в раце древната Библија од долапот кај иконите - Библијата сама да се отвори на истата страница на која и претходно се отвораше...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Врховистичката оружена акција во Македонија ги поттикнала големите сили, особено Русија и Австро-Унгарија како “најзаинтересирани“ за настаните во Македонија, да го забрзаат подготвувањето на реформи надевајќи се дека на таков начин ќе ја смират револуционерната атмосфера во Македонија и ќе ги осуетат бурните настани што биле на повидок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Земјо, тагата ни ја открадна. Стиснете ги тревките неа ќе ја исцедите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сѐ би било фино и глатко, да овој човек освен со „тешки” зборови и патетична глума, не се дрзнал да се „ослободи” од својот проблем така што ќе ја прска публиката со својата заразена врела крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Lanier, најентузијастичкиот заговорник на новиот клуч, што ќе ја отвори вратата на човековата фантазија, е веројатно првиот човек којшто на насловната страна на The Wall Street Journal, сериозно деловно списание, се појавил со реге фризура (dreadlocks).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Востание е борба за слобода, против Турците, ќе ја ослободиме Македонија – ја убедуваше тој.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- На вашата ќерка ѝ е ставена вода од бањат мртоец у кафето за да не може да се омужи ама и неа ќе ја средиме.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Веруваше дека народот ќе се спаси, кога ќе ја победи изолацијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А за крај ко ќе ја пуштиме сирената да рика, леле мајко, ќе се скапи од бегање.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кој е за оставање, другар сум му до последно издишување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе мине денот и кога ќе мине ноќта, моите чинки ќе ја изгубат моќта и гардистите пак ќе се будни.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Не!“ Ќе цукнеше со јазикот Полин и ќе ја продолжеше дремката.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ни ја остави, се разбира, и азбуката на доброто и злото а ќе ја паметиме и нејзината граматика на нестивнатиот копнеж по најмалиот син далеку, во туѓина. (Како да ѝ остана подотворено едното око - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Друг ќе ја пишува твојата автобиографија. Некој кој ќе симулира дека си ти.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
3. Со татко ми две работи можат да се случат: или бргу ќе оздрави или ќе ја презими зимата в постела: сѐ што приготвува најубаво јадење мајка ми, нему му носи: пилешко месо, недоварени јајца, сутлијаш, пита, мед.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Крсто, стопанот нејзин, повеќе навреден отколку желен да спечалува, млада ја остави со единствениот син и замина за Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
-Штом ќе ја насетам болката, или ќе се појави некој проблем во врска со здравјето, најнапред одам на лекар а потоа постапувам според неговите наоди и совети. Ништо друго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кој ќе го плати тоа, која ли нова држава ќе ги залечи раните, кој нов пасош ќе ја надокнади загубата на детето, која државна граница може да ги врати животите, се прашувам...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само малку ќе се потпреш на рачката од мотиката и ќе ја кренеш стомната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во однос на ова британската позадинска воена мисија на Фицрој Маклин на 2 октомври ќе ја извести мисијата Spike дека поради неможноста да се соработува со партизаните “и фактот дека членовите на мисијата практично се затвореници ја евакуирам целата мисија Brasenose и Мекдоналд во најскоро време“.289 На мисијата Brasenose ѝ било наредено на 30 октомври да замине при ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ќе ја ставиш устата во лончето и ќе кажеш што имаш за кажување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)