ќе (чест.) - шета (гл.)

- Не можам да дозволам да ѝ препукнува срцето на ќерка ми додека ти ноќе ќе шеташ по покриви... - му рече таа луто.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ни рибарот Бакал што пристигна пред малку во анот, да јави дека е готов чунот со ќошкот, ни тој не знаеше кого ќе шета денес по езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе излезам ѓоа ќе шетам пред куќи и ќе му кажам што е работава...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Уште утре ќе купиме куче и потоа нема да имаме потреба од преговарање дали сакаме да шетаме во паркот, секогаш ќе мора да шетаме, ќе мора него да го шетаме, шетањето ќе стане нужност. (Кога не му паѓа на памет да шетаме дете - ќе шетаме куче).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)