ќе (чест.) - чита (гл.)

Како ќе зборувам со него? - Ами со кого? - Со букварот. Читав од него. Легни па ќе читаме.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе легнеше на кревет и ќе читаше дела како „Битие и небитие“ и „Форми и вредности во модерната поезија“, одбивајќи ги со презир каубојските, порно и криминалните романи што неговите пријатели постојано му ги нудеа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога веќе не можеше сам да бира што ќе чита, можеше да бира што ќе гледа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тивок глас, со желба никој да не слушне: „Ќе читаш ако останеш жив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од голово мое теме безброј букви што ги китат тој ќе чита.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Читаше бавно со мек глас, од голото теме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И сето тоа да го напишам како нова возбудлива авантура за која ќе чита целиот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе читам и секој негов збор ќе си го превелувам со устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе чита ли некој? Книгата беше стара и распарчана, со жолти и нагорени страници, истуткана од носење по џебови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Да се договориме“, рече Филип „ќе читаме само екологија од Ванчо Меанџиски.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Зошто фирма, господине, вели Доксим Тренчески, кој ќе чита овдека фирми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)