ќе (чест.) - создаде (гл.)

Ги загуби и последните илузии дека ќе создаде нешто големо во новите балкански услови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но дури и во најапсурдните измислици на Frere-Jones можеме да го согледаме неговото мајсторство. Vitriol, кој почна со неговиот матурски проект, беше експеримент од кој произлезе фонт во обид да се пронајдат автоматски средства кои ќе создадат остро оштетени букви. Rietveld започна како игра врз салфети меѓу Frere-Jones и Chris Vermaas, кој од нив ќе нацрта посмешно „а”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оној којшто го гледа Анемиц Цинема, ќе се бори при читањето и така ќе создаде субјективна модулација на зборовите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само ќе создаде блокада на умот да не мисли на бедата на сопствениот живот, кој е таков токму од оние кои го бомбардираат со наметнатите медиумски срања.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Гемиџиите, значи, однапред знаеле дека, фрлајќи ги овие бомби по солунските улици против полицијата и аскерот, на непријателот нема да му нанесат голема штета освен што ќе создадат паника во градот и услови да бидат убиени или да се самоубијат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој универзален мултимедијален јазик меѓу другото ќе создаде глобални мрежи за информациска размена, коишто човековото однесување брзо ќе го размножат и ќе спречат многу недоразбирања.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа значи дека човештвото ќе создаде планета по себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Новите telescreen технологии ќе создадат телекомуникациски врски за податоци, за да понудат пристап до информациските складишта односно до сајберсветот. И на кој начин можеме да го споредиме компјутерот со психоделиката?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од своја страна Влавијанос сметал дека "демократската атмосфера нема автоматски да ги реши проблемите", но сметал дека таа атмосфера би создала подобри методи за нивно решавање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сметал дека левите сили ќе создадат атмосфера во која дискусиите по прашањето на границите ќе бидат можни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога ќе размислам сериозно јас и попот Милошевски бевме и останавме сепак пријатели иако овој мој став ја следи познатата увереност дека не треба да се смета на „посебно пријателство“ кај луѓето помеѓу кои времето ќе создаде осетливи цепнатинки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа дата ја сметаат за апотеоза во неговата политичка кариера. Врв на кривата на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набргу Палестинците во Јордан ќе создадат држава во држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа ќе создаде гротескни ситуации, кога неговите потенцијални наследници ќе учествуваат во невидени сцени на еден театар на апсурдот во играта со немоќниот владетел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, тие луѓе не можеле да се откажат од своите стари верувања, од своето семитско многубоштво, а секој што ќе се откажел од вербата во новиот Бог бил казнуван, по Мојсеева наредба, од неговите блиски приврзаници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Маргина 35 61 Овде четири и пол години се работеше, од илјадници работници се бараше да го дадат својот максимум, сигурно не затоа за сега да се изложуваат дела на луѓе кои покрај сè беа и мрзливи, па за пет часа го наплескале платното уверени дека смелоста на моленевитото остварување на таков еден гениј, ќе направ доволен впечаток и ќе создаде претпоставка за прием на таквите дела. IX Претседателот на Државната комора за литература, Hans Johst, зборува на Неделата на воената книга 1941: ...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа тоа не го смалува значењето на Кејџовиот пронајдок кој генерации млади композитори и следбениции ќе го усовршуваат и ќе создадат денес веќе обемна литература за овој инструмент.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Постојано ми пишуваше писма дека ќе ме чува како кралица и дека ќе создаде за мене богатство со тие негови десет прсти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како што нагласува Сасен, нафтената криза од 1973 година ~ стави крај на оваа побарувачка, означувајќи го почетокот на денешната ера на сè позасилена емиграциска контрола и бесконечни политички дебати за емиграцијата.41 Бездржавјанството почна да стекнува поистакнато место на меѓународната политичка, безбедносна и хуманитарна агенда во почетокот на 90-те години, со распаѓањето на зголемен број на федерални држави и создавањето на нови држави по Студената војна, што стави друг акцент врз заштитата на раселување на населението.42 41 Peter Newell, “Global Challenges to the Future State,” Glo- balization, no. 503 (2001), http://www.india-seminar. com/2001/503/503%20peter%20newell.htm (accessed Novem- ber 8, 2006). 42 „Во тоа време, постоеше растечка загриженост дека распаѓањето на Советскиот Сојуз, Југославија и Чехословачка ќе создаде голем број на лица без државјанство и раселени лица, од кои многумина може да бараат да се преселат во Западна Европа. (...)Досега, сепак, активностите [на УНХЦР] беа силно концентрирани во Централна и Источна Европа.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таквите ограничувања на количините воздух какви сѐ последици ќе создадеа и каков колапс ќе се случеше?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Немој да се грижиш ако од вакви прераскажувања се раѓаат спорови, тепачки и неволји: толку поголема е честа на прераскажувачот колку што поголемо и поблескаво дејствие ќе создаде неговиот расказ.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Младиот човек на нашето време треба да биде истото што и морската труба: преземајќи ги зборовите од еден крај, веднаш да ги пренесува на другиот; колку што посмешно умее да прераскажува, толку повеќе памет му припишуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)