ќе (чест.) - снема (гл.)

Некои не се воздржуваа да земат повеќе јадење, за под перница, зашто кој знае, можеби ќе снема, како што се случувало во партизани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Покрај тоа што марксовиот рог на изобилството обилно си ја исфрлаше својата содржина, одвреме-навреме по нешто ќе снемаше по продавници.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ах, тие млади диви јаренца кои скокаат од карпа на карпа и од ѕвезда на ѕвезда - барајќи ме.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пред нив е како непреодна планина испречен стравот дека брзо ќе снема работа ако повеќе мајстори застанат на скелињата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ах, тој молив, човек во човека На Јован Павловски Кога ќе докрајчи моливот, кога ќе снема сили никакви траги да остави зад себеси, човек не треба ништо да му зборува, ништо да му доверува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од оваа ноќ пак сон ќе снема.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некои си купуваат вештачки кукли, да им се најдат кога ќе снема приодно кревање на здолништата и природно спуштање на гаќите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во меѓувреме пушат тревки преку мобилки јавуваат дека ќе задоцнат на договореното место.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)