ќе (чест.) - свене (гл.)

Ќе свенат ластарите. Ќе се исушат тие раце што ме негувале, што ме раснеле и на овој рид голотијава и ветерот ќе ме дојадат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
За да има завршен дел моето кажување, пајакот измисли настан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Омарина. Вжештен пекол. И најжилав трн ќе свене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Злото не е алка, тоа е низа од алки, запрега на судбината; те зауздува и ќе те влече до оној ден, до мигот во кој под твоите клепки ќе свенат синоличките како во очите на коњот од недетското детство.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Злото не е алка, тоа е низа од алки, запрега на судбината: те зауздува и ќе те влече до оној ден, до мигот во кој под твоите клепки ќе свенат синоличките како во очите на коњот од недетското детство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Сум раѓала исцедена... од боските мои малку капело млекце - и набргу пресекнувало... ќе свене чедото - небаре душичето заспало.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Па овој што и да погледне, ќе свене, ќе се исуши...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Било каква размена на идеи што би можела да се одвива во нашето општество, ќе свене, со исклучок, се разбира, во ешалоните на професионалните академици.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)