ќе (чест.) - пропадне (гл.)

Ако не може да се потпре на тоа, лесно ќе пропадне.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А тато убедливо зборува: „Не ќе пропадне веков, мајко; голем е веќе, нека се снаоѓа како другите деца на негова возраст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако кликнете во обоеното „Во овој текст ќе се обидам...“ ќе пропаднете во дупката на хипер-просторот, којзнае каде!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога сето друго ќе пропадне (а тој презема сѐ да биде подготвен во случај тоа да се случи), тој создава уметничко дело ослободено од обвинувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двете ситуации не се чисти и на ниедна не и давам предност”. (...) Една дама, разлутена заради изложените конзерви од пиво во галеријата, рече, „Што прават тие овде?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа продолжува, ако е тоа ќорсокак, до друг ќорсокак.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Значи дирекцијата на дрводелската задруга се клава ад акта! Така се вика фирмата кога ќе пропадне?“, прашав. „Точно така. Ад акта“, одговори Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како мајстор за мртовечки ковчези ме одредија кога ненадејно му се претстави на Господа газда Спиро.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А што да напишам сега на тенеќето?“ прашав. „Стокми нешто што не боде очи“, ме посоветува Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За моја среќа или несреќа патот за Штип и за Криви Дол го затвори германската војска што се повлекуваше од Грција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
До трипати смее да се отвори одајата, велеше преданието, и ако од трипати не се растолмачи записот, сонцето ќе се помрачи, земјата ќе пропадне, ќе се отвори и ќе проголта сѐ што лази, ползи, плива и лета по лицето нејзино.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гарванов бил задолжен да им ги предочи на гемиџиите следниве аргументи: востанието што требало да се дигне ќе пропадне ако на чело на востаниците не застане интелигенцијата како раководител.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ќе видиш сега, ко ќе пропаднат плочиве, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама мракот ме закрепува. Да не е мракот, си мислам, дека ќе паднам од некаде, ќе пропаднам некаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се присети дека, таму некаде кон крајот на осумдесетите, кога веќе беше јасно дека комунизмот ќе пропадне, тој и стотина негови пријатели од факултет се собраа пред собранието, барајќи слобода на говор, демократски избори и подобри услови за живеење во студентските домови.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Веќе чувствуваше дека сосема ќе пропадне во таа длабочина. Во тој процеп. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се престоруваш земја и камен. И длабоко со тебе ќе пропаднат нашите грстови вода за да остане пусто ова распаќе без корени и без деца!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Зарем ќе пропаднат државите, ако му ја задоволиме желбата на едно село... Не?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш сите планови ќе пропаднат и можеби конечно ќе останато овде во мрежата на осветата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во таа фуснота беше цитирана завршната реченица од некој расказ на Кафка, која според тврдењето на авторот дословно гласела: Заради сето тоа ние ќе пропаднеме!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колкумина витези, прашувам, исчезнаа поради тоа чудовиште и пропаднаа, како што и ние ќе пропаднеме?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Сета моја работа ќе пропадне ако не сакаш да помогнеш. Ќе виси насекаде низ куќата...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше тоа во „Генитрон”, омиленото списание (дваесет и пет страни) на пронаоѓачите-занаетчии од Париското Подрачје, кога мојот вујко Едуар ја имаше таа среќа да го запознае еден ден...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повторно во врска со признавањето на својот патент- систем, најдобриот, најхерметичниот, за секаков вид пумпи за точаци...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пак ќе пропаднеш во твоите будалштини!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во еден момент се исплашив дека нема никогаш да ми верува и дека сè ќе пропадне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Браво! Браво! - врескаше тетка ми од другата страна на жицата, - Паметно, умно дете!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Напати ќе ми се појави некое светло, ќе се извре некаде далеку од земјата и одново ќе пропадне в земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)