ќе (чест.) - придонесе (гл.)

Тоа ќе придонесе духот на конверзиите да се пренесе и во другите области на животот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа ќе придонесе да се намалат средствата за живот, а од година на година, и наполно да згаснат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Понекогаш ѓупците со запрежни коли натоварени со картони ќе придонесеа за малку контраст низ Сталинова.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Париските комунисти, макар што меѓу нив имаше и од ултралевото сталинистичко крило, веруваа дека со нив ќе се солидаризираат југословенските комунисти, меѓу кои имаше голем број шпански антифашистички борци на врвни позиции и тие ќе придонесат да биде ослободен нивниот соборец од шпанските боишта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да, јас наивен, еднаш каков што создава Господ, со сите мои донкихотовски илузии дека со мојот одбранет докторат и искуството од Шпанската војна, ќе придонесам во спасот на Балканот од вековното проклетство, од неколкуте предложени теми за работа врз докторската десертација дисертација се определив за трудот кој не ја исклучуваше неговата полезност и општа употребливост при враќањето во мојата земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Македонските револуционери на чело со Делчев и Ѓорче Петров нивното доаѓање со радост го пречекале надевајќи се дека тие ќе придонесат за засилување на антиврховистичкиот фронт во Македонија и Бугарија. Но, горчливо се разочарале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да беше некој друг на моево место, тој сигурно ќе му речеше дека ова ќе придонесе да биде примен во Партијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ме радува помислата дека овој напис ќе придонесе вашите книги да $ бидат уште попознати на француската читателска рублика.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Залагањето на одговорните служби сметам дека ќе придонесе во разумен рок ваквите несреќи дури и сосема да ги снема.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сфатив дека ми останува само да се согласам со него дека е потребно да се создадат такви околности што ќе оневозможуваат секоја помисла за постапки што водат кон несреќи и слични окончувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бен Али ќе придонесе стариот Бургиба да живее со спомените на својата величина уште повеќе од една деценија, но со притаена горчина во себе дека не ја достигна вечноста на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој не само што ќе пресуди неговата земја да се ослободи без пролевање крв, туку ќе придонесе Тунис да доживее вистинска цивилизациска и економска преродба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во истото писмо вели: „Се обидувам да оздравам, како некој кој се обидува да се самоубие, ама водата му е премногу студена па брза кон брегот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И верувам дека тоа ќе придонесе за моето оздравување”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пронаоѓањето на електронската меморија ќе придонесе да се стави крај на оваа бесмислица.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Фигурата на таткото, ерудит и добар познавач на балканската историја, придонесува за пробив на романескното, на имагинарното на фикцијата низ уверливото раскажување и посебно кога целосно ќе се наложи козарот Чанга, чија сирова добра смисла и приврзаност за селскиот живот ќе придонесат тој да се здобие со амблематски ореол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Секако, меѓу многуте засадени на Вардариште ти знаеш дека растат и седумте тополи. И тие ќе придонесат да се ревитализира деградираното земјиште.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А тој со овој потфат ќе придонесе да ја спаси...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако е мислењето приватна сопственост, што има вредност само за сопственикот, и него би го оштетиле само лично со тоа што би го лишиле од задоволството што му го нуди, би било важно дали со тоа сме сториле вина само на грст луѓе или на многумина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Извадок од делото на Клод Леви-Строс (Claude Lѐvi -Strauss), Раса и историја Margina #32-33 [1996] | okno.mk 91 ЗА СЛОБОДАТА А ко сите луѓе освен еден единствен човек би мислеле еднакво, не би имале сите заедно повеќе право да го стишат, отколку што би имал тој самиот - ако располага со доволна моќ - да ги стиши нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од оваа разноликост (што на секој поединец му определува соодветни задачи) можеме да бараме само тоа да се оствари во такви облици што секоја од нив ќе придонесе кон најголемата благородност на другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)