ќе (чест.) - препукне (гл.)

Толку е црвено што се чини дека ќе препукне, а румената и парталава замаглина де пожолтува, де руменее и побледува, а потоа се втопува во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ми и сестра ми ќе препукнат од радост. А поручек сигурно ќе ме поведат в кино а може и во слаткарница.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе препукнев. Како можев, после сѐ што ми направи, да го засакам уште повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рано утрото, кога виде дека ги нема зајачињата, лисицата ќе препукнеше од мака дека се успала.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка ми и сестра ми ќе препукнат од радост.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Душа човечка збира, збира мислиш ќе препукне - ама не може ти кога сакаш.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Можеби тоа е и она што ја зајакнува склоноста на геј-мажите да се идентификуваат со нејзиниот разулавен лик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Здивената мајка која, доведена од своето неблагодарно дете до една крајност на чувствувањето, „шекнува“ треба да ја драматизира – да ја мелодраматизира – преломната точка во секоја љубовна врска што, дотогаш, изгледала неизбежна, безусловна, неволева. ‌Мајчинската врска истовремено е и најневолевиот и најконвенционалниот од сите општествени односи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога таа врска ќе препукне под притисокот на врховниот напон, исходува отворање простор за непредвидлива возможност и за слобода во секој емоционален и општествен однос – каква што е еротската страст – за чија цврстина како врска и за чиј идентитет како страст дотогаш се сметало дека засекогаш го оттргнуваат од царството на изборното. ‌Во овој контекст, сцената на судирот мајка-ќерка вбризгува здрава доза стварност; внесува поостро сфаќање на политиката на романтичноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто го нагризува култот на романтичноста кон неволевото, го нагризува неговото промовирање на задолжителни романтични врски, му го нагризува идеализирањето на емоционалната неслободност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Онемете вие еднаш бранови на дивите црвени води, што притискаат под кожата, зашто ќе препукнам веќе и никогаш не ќе се слуша песната на гулабот што одминува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Римјаните ја гонеа, ја мачеа Императорот Антониј Пиј целиот со злоба во душата на силен жар шлемот го загреал, го загреал чиниш ќе препукне па ѝ го стави на глава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)