ќе (чест.) - прелета (гл.)

Се плашат и од сенките на птиците случајно што ќе прелетаат над нивната сенка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега, точно на залез, јарко блеснува крстот на една камбанарија и една птица само ќе прелета од чардакот и ќе застане на крстот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мило ни е кога ќе прелета птица над нашите глави.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)