ќе (чест.) - праша (гл.)

Откако убаво ќе го избрише вратот од пот, ќе праша: - Што сакате да учиме?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Аха! Не знаете, а? Добро, добро! — Па се провикна кон собраните селани: — Абре ѓаури, ќе прашам сега нешто вас и ако не излажите мене ќе пуштам секој дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе прашаат ли за него? Што ли им одговара Таа?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Што ќе сториме утре, утрото за да не ни плаче?“ ќе прашаше Елена, (неговата Лена).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А дедо Спасе ја тегне, ја тегне како тесто, па почива малку, па си го полни лулето и после ќе праша: - До каде бевме дојдени?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа беше исто како кога некого одненадеж ќе прашате какво му е броилото на часовникот: со арапски или со римски цифри, во која боја?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мајка ми и сестра ми ќе се зачудат, ќе ги рашират очите и ќе прашуваат: „Што е, кажувај брзо?“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ќе разберам. Ќе прашам по куќите, - рече Билјана, па го поведе малечкото да ја бараат мајка му.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
-Да, да! - потврдува Сухов. -Беше голем измамник Михаил Матвеевич, што се вели, од главата до петиците.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Всушност, Дишан својот став го поткрепува со следното: „да се доведе Декартовото сомневање многу подалеку отколку што тоа го стори картезијанизмот: сомневање во самиот себе, сомневање во сѐ. На прво рамнодушноста”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Интересно, од каде такви податоци? - ќе прашате, затоа што тоа навистина е интересно. -Од баба ми не се, сигурно! - вели Сухов.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога ќе запрашате што е тоа зен, повеќе нема да го има. Кога ќе прашате што е тоа Дишан, веќе го нема Дишан. Кога ќе запрашате што е тоа стил, веќе нема стил.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зошто, ќе прашате? Европа има интерес да се зачува Турција, ете зошто ќе ѝ дава средства за да се зачува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие ќе исчекуваат. – Кој е? – Ќе прашуваат. – Изгубениот гостин – се слуша мојот глас. – Што бараш тука? – Невидената насмевка – одговара мојот глас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Навистина не го сака своето малечко братче?“ - ќе прашате.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Така муцката твоја погана. Ќе бегаш и ќе прашаш има ли ште...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Што толку важно ти се случи, па не дојде?“, ќе праша и веќе следната недела ќе го видиш прв нацртан во дворот на црквата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Знам дека ти е тешко, ама комшиките ќе пукнат од мака кога ќе прашаат да не има нешто ново, а јас ќе им речам – е, нема!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Кај ќе праша со празна уста, вели Маса Ќулумоска, неговите испаднати заби се децата. Вашите умрени деца, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кој ќе праша, кога никој нема време за прашување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И поздрави ја Уља и кој ќе праша за мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И поздрав до Ѕвездана и до сите роднини што ќе прашаат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и полковиот му рече освобождавам те од обвинението, откако го ислуша, за петнаесет дена ќе добиеш и решение, и Ристе се тргна, отпоздрави и се тргна, и одат после други, и којзнае што ме дупна и мене, и јас ќе одам ќе прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, во сичките нас, благодарам, му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот, покорно благодарја, велам, и как се казваш, Мирче Мегленов и ме запиша, мајчето негово, и после ротниот секаде мене ме праќа: во извидници, кај што студи, кај што е калливо, кај што главата ти е пред куршум, и еднаш со Стевана нѐ пратија кај окопите англиски, 124
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај сме, браќа, кај одиме, ќе праша некое војниче од колите и пак ќе се онесвести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си одиме и кој како ќе нѐ види ќе праша: - Аирлија, Јоне, што правите во Дрмине, што ќе правите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Синчето не се предава: го повторува прашањето илјадапати, не дозволува поука, се дрзнува да допраша.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Отпосле ќе прашаат кој е на потег, ама јас веќе сум подзаборавил на играта, сум ја нарамил пушката, излезен сум во дворот и тргам на чкрапецот кон секаде: дум дум дум!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Верувам дека ќе праша за Карл...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ќе прашаш, палатот на падишахот, фала богу, секој го знае.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако паднам болен, дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула да ми размени, јорган да ми фрли?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж - роб! Жена - роб! Син - роб! Ќерка - роб! А мајките; само за солзи се родени!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Што да признаам? ќе прашаше и јас ќе се посрамотев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Најубавите ноќи нели најкратко траат?“ ќе прашаше, а не знаев дали жали или ми се потсмева.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, Пандо, барем ќе се запраша или ќе праша некој друг.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од кај идат оние гласови, ќе прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што изгреши толку, ќе прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само на одење Никифор ќе ми се испули со тажен поглед и ќе праша: — Кај ќе одиш после на работа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што му е, ќе прашам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш само вака со очите ќе прашаш и така ќе се разбереш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Випем за ова, випем за она, ај, на здравје, на здаровје, ни се одврза јазикот и јас ќе прашам: — Оти не одберете друг пат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај помина, ќе прашам, одовде, ќе ми кажат, и јас ќе клекнам да го распретувам снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедо, кој цело време само слушаше, одеднаш викна: - Кој бре, пезевенку, ниеден, ќе праша и ќе рече?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јс ќе праша бегот дали ѓаурска камбана може да се слуша подалеку од гласот на оџата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе прашам по куќите, - рече Билјана, па го поведе малечкото да ја бараат мајка му.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)