ќе (чест.) - покаже (гл.)

Сепак, раскопувањето на гробот ќе покаже, си реков, ќе се види, бил ли внатре закопан човек? Ќе се најдат, макар трули, коски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Женски, брачни, мајчински: децата можеби со подозрение ќе покажуваат кон таа несреќница и ќе зборуваат со глас што таа ќе го слушне; мачката пак има буви, тие ќе ни влезат во софата; сопственото лице делува замачкано, тоа е поради жештината; дали е вклучена ринглата под гравот? мрачната болест на машината за перење алишта може да се повтори - баботи при испирањето, а ѕвечка при перење; господи боже, веќе е единаесет часот; кој од вас загубил една каљача?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Уморен сум. Ќе покажат анализите.“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Одеднаш му станува јасно дека му е сеедно што ќе покажат анализите, дека му е сѐ едно што и како пропуштил, дека му е сѐ едно што и овој, последен пат, нема да пречекори во финалето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, сепак, го остави Камилски со замислата и со верувањето дека власта ќе покаже интерес да објави ваков речник.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, во случаи каде личностите од порано биле креативни и подготвени, резултатот ќе покаже позитивен пораст на креативноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Едноставно ќе си ја соопштат желбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие што имаат некој авторитет не мора да викаат и да врескаат за да го добијат она што го сакаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Новоздобиените со моќ можеби ќе покажат некаква склоност да избувнат и да имаат незгодна нарав – директорите може да си ги малтретираат подредените, богатите домаќинки можеби ќе си ги мачат прислужничките – но театралностите, главно, треба да се неспојливи со достоинственоста на контролата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку ќе бидат успешни, ќе покаже следната книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Срцето ќе покаже објаснението на авторот, е самата Книга (Палмите).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Конечно, дигиталниот екосистем ќе покаже и поделба на видови и соработка но и некои девијации какви што се мимикријата и лажењето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Времето ќе покаже дали е некој во право (условно кажано) или во криво и дали си кабает за тоа што ти се случило.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Времето ќе покаже дали тоа било моментална треска или нешто позначајно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Настаните ќе покажат дека сепак се работело за сон, но вешто оркестриран од мудриот владетел
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Замислувавме напад од Запад, напад од Исток, сите можни внатрешни варијанти, напади на непријатели од сите страни, макар што на крајот, како што ќе покаже блиската историја, ние нема да бидеме нападнатине од ниедна страна на светот, ниту од запад од НАТО, ниту од исток од Варшавскиот пакт, туку од самите себе, од внатре, од нашата народна армија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Но денес легендата има потреба од реалност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Историјата ќе покаже дека тој ќе долета во својот палестински кафез кој ќе биде будно варден од својот смртен непријател јастребот, израелскиот владетел Ариел Шарон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако ја прогласи за ништовна повелбата на Палестинската ослободителна организација, со која потврдуваше дека оружената борба е единствениот пат на ослободувањето на Палестина Арафат сакаше на крилјата на мирот еднаш засекогаш да долета во слободната држава Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали легендата ќе го мине прагот на реалноста ќе покаже иднината! - продолжи замислено Кадуми...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој одговараше за своето! Но иднината ќе покаже кој беше во право...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иднината ќе покаже дали сме биле во право! рече замислено Татко!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако е тоа некаква утеха, да ја завртиме и последната страница на нашата потрага!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според тоа, беше неопходно одново да се напише еден дел од говорот на Големиот Брат, на начин што ќе покаже дека тој го предвидел токму она што се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со некаков избледен ентузијазам, ќе покажеше со прст на ова или она парче старудија - порцелански затворач за шише, насликано капаче од скршена кутија за бурмут, медалјон со прамен коса од дете што веќе беше одамна мртво - никогаш не барајќи од Винстон да ги купи, само да им се восхитува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога размислуваше брзо можеше да ги одбегне неговите удари: О'Брајан ја повлекуваше рачката главно кога тој ќе покажеше глупавост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Средбата со Карл и неговиот престој тука, ќе покаже каков ќе биде нивниот однос. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Другари мои, пријатели, земете ги како едно, земете ги жедно, дали нешто вредат ќе покаже време.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Сметале дека може да има отстапување од тоа, но само во случај "ако власта во Србија во иднина помине во рацете на поненационалистички елементи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но биле убедени дека "непомирливо спротивставување секако ќе покаже Србија, која полага право и смета дека југословенска Македонија е дел од Србија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Виде и дека е итра, и дека сигурно одоколу ќе покаже благост, за да ја скроти пред него својата сила, која избива грдо како шурка од дупнато црево.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)