ќе (чест.) - отвори (гл.)

Момчињава толку се истошени, та ни оган не ќе отворат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Туку да бараме некое чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму или да се прибираме внатре, — проговори како со туѓа уста Тренков.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Робовите само што ќе отворат уста запејуваат и тоа ропски, тешки песни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Разгоруваат со какви ли не бои. Бели, пембе, алови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но затоа, пак, штом еднаш ќе отворат, до есента не запираат да ја личат градинката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му влагаше кај комшиите дома, ќе отвореше ноќвите та ќе изваеше сѐ што имат внатре и ќе наклаеше сѐ насрет куќа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Татко понесен од овие идеи од своите книги за јазиците, влегуваше скептично во новата мисија, за разлика од Климент Камилски, кој веруваше дека опасните османизми, не само што ќе ги ослободат балканските јазици од непотребната агресивна конотација на некогашната Империја туку ќе отворат и простори да се откријат зборови и кованици за нови значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава16.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Волкот го видовме по неполна минута.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Вчера имале дуќанче. Утре ќе отворат стоковна куќа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А сега наутро – дрн – телефонот и телефонската слушалка ќе ти ја каже лошата вест. Или ќе отвориш весник и сликата на роднината, на пријателот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си мислам: кокошката е моја, значи и гропчињата се мои. Две веќе имам, уште ли ќе отворам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)