ќе (чест.) - опстане (гл.)

Овој збор ќе опстане во балканските јазици како архаизам, но тој долго ќе одекнува во народното творештво кај балканските народи, ќе се задржи во колективната меморија како синтагма темна зандана, како претсобје на смртта, како пекол, како балкански гулаг...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но овој нагон за чистота и овој „возвишен облик“ веројатно ќе опстанат во некоја уште повозвишена форма дури и кога ние философите некако би успеале во совладувањето (или дури само Verwindung) на метафизиката.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Само така, како оаза што среде илјадалетна сува пустина се храни од своите сопствени сокови, ќе најдете сила во горчината на своите солзи и ќе опстанете со слава во Христа, а оние што посакале да ве поништат, ќе отстапат. Амин!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дали мора да е токму вакво лицето на нерадосната пустина во која на крајот ќе опстане само жедниот кактус на нашата осаменост?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто: дали животот на мајка ми всушност претставувал едно вечно секојдневно заминување во се подлабока самотија?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој процес на ‘калемење’ на вештачкото врз физичкото тело (нешто како Робокап) свеста сепак некако ќе опстане.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе нема да има раѓање и смрт - само поправки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во текот на многу генерации, тие усовршени карактеристики стануваат поизразени во рамките на еден животински вид, и од развојот на тие особини зависи кои видови ќе опстанат, а кои ќе исчезнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние слабите ќе ги снема, тоа е законот на овој свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јазикот е нашата снага“ 16 Врати му ги редот и убоста збери ја разнообразноста не отфрлај, памти затоа што: се возобнови ли јазикот ќе опстане – со време народот ќе се осмисли светот а можеби и државата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Никогаш не беа сигурни дека ќе опстанат на земјата на која се населени, дали не ќе ги зафати бранот на непредвидливата историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секоја жаба или мува можат да ја променат стратегијата во обид да ја максимираат својата прилагоденост која може да се определи како шанса дека организмот ќе опстане доволно долго за да се размножи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)