ќе (чест.) - овене (гл.)

Најмногу ми се бендиса една црвена роза и под неа текстот: -Не барај од животот со многу рози да ти ја постеле патеката; ќе остане многу трње откако розите ќе овенат...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- И тие ли ќе овенат, тато? - И тие, кога ќе им дојде време.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со такви пресечени корени во општествената отфрленост и маргинализираност, традиционалната геј-култура сигурно ќе овене.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зар ќе овене сарделата и, во исто време, со истото темпо, во истите дни, минути и часови, ќе се угаси и сè околу мене - љубовта на Агна, онаа сопствена мерка на живот, мојата волја и мојата иднина?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)