ќе (чест.) - никне (гл.)

Но и Филозофот одговори подобно, со парабола сјајна: „И Господ, Исус Човекољубецот еден беше, а дојде да нѐ спаси сите нас“, рече Филозофот, и продолжи мед да тече од устата негова: „ Ако имаш зрно, ќе никне ли од него клас, а од зрната на класот првороден, ќе никне ли нива цела, па од неа друга?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веруваше дека во урнатините ќе никне новата билка на животот. Така било овде отсекогаш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Изгледа тука ќе никнат нови висококатници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)