ќе (чест.) - научи (гл.)

Цеце: Само обиди се да бидеш Џеки Чен ќе и ги извадам цревата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подобро гледај ме како го работам ова, можеби нешто ќе научиш, хахахаха! Смотан! 142 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кој не ја прочитал 'Двојната Лота' нека ја прочита.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што има смешно ако Марко ја прочитал 'Двојната Лота' а не 'Црни браќа', 'Том Соер' или 'Црвената рака', 'Дружината на Перо Џумката'?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе научи многу за меѓучовечките односи и во семејството и пошироко во општеството.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некои луѓе се утрински, а некои вечерни суштества.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секако дека можеме да се повлечеме во своето ќоше, што и правиме, и да говориме сами со себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега го насочуваме погледот кон множењето и делењето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но за да се стигне до ова ниво на доверба, потребно е да се мине многу „подготвително“ време со рефлективците, во кое тие ќе ве засакаат и ќе научат да ви веруваат. Во спротивно, ништо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, веќе не е важно што се зборува туку кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со сигурност може да се тврди дека некој ќе научи тригонометрија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе научам занает, ѕидарски занает, и ќе станам богат, прочуен“, си говореше тој тогаш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Барем ќе научи нешто, па и мене ќе ми каже.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе го гушнеше до себе мачорот Сурко и ќе му зборуваше: - Кога ќе пораснам, Сурко, ќе научам да бројам многу, многу, па една вечер ќе ги избројам сите ѕвезди. Ќе ги избројам до една...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таквиот, вели Максим, ако се замеша таму со повеќемина луѓе, сигурно ќе научи нешто за стореното овдека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само така ако гледа, далеку ќе догледа, само така ако се искачува - високо ќе се искачи, само така ако учи - ќе научи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На Монмартр ќе научи да игра и билијард.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од него тој на 11 годишна возраст научил да игра шах.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Вреди да се постави тоа прашање, зашто хипстерската стрејт-иронија денес е веројатно доминантниот начин за откинување и присвојување делчиња од главнотековната култура и за нивно преобликување во средства за културно дисидентство, преку процес кој ѝ е аналоген на машката геј-културна практика што ја разгледувавме досега.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ААААААААААААААААААААААААХ!!!!!!!!!!!405 Што прави Милдред Пирс за Соник јут?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Речиси штом ќе научам како да бидам геј, или можеби дури и пред тоа, учам и како да не бидам геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во спотот има исечоци и кадри во кои членовите на групата свират на инструментите (сосе Мур, кој е без маица, а на ќосите, чудесно суви гради му пишува „МИЛДРЕД ПИРС“ со нешто што треба да биде кармин), а тие кадри се изменуваат со швенкови на натписи од киносали, со фарови од кои се гледа ѕвездата на Џоан Крафорд на булеварот Холивуд и со кадри од други локации во и околу Холивуд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако сакаме да го сфатиме односот на хипстерската стрејт-култура кон Џоан Крафорд и кон нејзината оскаровска улога, многу повеќе ќе научиме ако го разгледаме музичкиот спот на Дејв Марки од 1990 година за песната „Милдред Пирс“ од Соник јут отколку ако се задлабочиме во стиховите од песната на групата од албумот Гу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А откога ќе го осознае, ќе научи, ќе знае како да го управува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се збудалив од радост, слегов долу при домаќинот (Коцев веќе се наоѓал скриен кај друг пријател - б.м.) и го замолив да излезе малку низ градот, можеби ќе научи нешто утешно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога низ Виена забрмчеа првите автомобили, на брат ми, кој одбиваше да научи да вози, му рече полу во шега, полу – сериозно: „Мој златен Зиги, купи ми автомобил, јас ќе научам да возам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така беше сѐ до нејзината деведесетта година, а потоа како да остаре и за она време во кое го имаше запрено времето, и само цртите на лицето ѝ останаа исти – остри, како во камен исклесани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Замислував како ги истоваруваат во логорот, ги водат во една просторија каде им наредуваат да се соблечат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А јас не умеам да пливам,“ вели едно од децата. „Ќе научиш,“ го храбри Отла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ви велам: блажени се оние што ќе научат како да живеат со сознанието за неизбежноста на гревот и ќе си ги простат не само минатите, туку и идните гревови, оти само така ќе се подготват за воскресението.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И уште ќе ви кажам: блажени се оние што спознале оти жените не се подолу, ами повеќе од нив, оти само така ќе научат дека вистинската љубов не наредува и не заробува, ами човека го издига и го ослободува без страв да оди кон Совршенството“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова можеби ќе прозвучи многу нецивилизирано, ама ако некому му опнеш сто стапа по грбот сигурно ќе научи како треба, а како не кога се во прашање почитување на некои востановени норми - да се биде воспитан, добар ученик и почитувач на државата и партијата на власт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Ќе го чуваме дури да порасне, а кога ќе научи да лета, ќе го пуштиме на слобода,“ - зборуваше девојчето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Секое дете верува во себе, ќе научи и ќе сфати учителката Наде, на МАСТЕР ЕКРАН постојано ги прати Успехот од децата на ЕДИНСТВЕНИТЕ МАТЕМАТИЧКИ ИЗРАЗИ Со софтверот SynergyNet е во 45 четириесет и пет а стариот систем на учење е 16% по ред.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И што ќе научиш таму во едно тесно, зачадено одајче. Од чадот не се гледа и учителот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш човекот што ја вози ќе ги научи сите нејзини мани и удобности. ќе научи да ја управува толку добро, што ќе стане дел од него. ќе се сплотат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Или, ќе исчезнат, ќе го променат изгледот, ќе научат да го зборуваат проловскиот сленг, ќе се вработат во некоја фабрика и така непрепознати ќе си ги одживеат животите во некоја споредна улица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, големата маса човечки суштества, кои обично заглупавуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат; и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сфатеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кога еднаш мајка ѝ рече дека кој ќе научи писмо ќе може да му пише на тоа момче што го сака, таа се зацрвене до уши, избега од рацете на мајка ѝ која сакаше да ја избакне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„И?“ „Пикасо“, рече таа. Се згрчи. Белки еден ден ќе научи да го изговара тоа име.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- „Се умира ли од тага? Ќе научам ли да сакам повеќе, ќе дозволам ли некој да копнее по мене?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Целиот живот ги избегнував овие силни чуства и сега кога конечно те пронајдов и ти ја подарив душава, дојде и разделба.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Колку пати ќе им се повтори, толку подобро ќе научат“, рече учителката Мица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Не знаете? Ако, ќе научите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ќе им речам на моите кои шетаат надвор, среде бел ден на сретсело да ти удрат едно дваесетина стапови по голи плеќи и гол гас, тогаш ќе научиш и цел живот ќе памтиш и на другите ќе им кажуваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мирно и не зборувај таму! Мирно! Не знаете да застанете мирно? Ќе научите, наскоро ќе научите!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со време ќе научат да се грижат и за ранетите. Јасно? Тоа е сѐ!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да читаат – ќе ги научам, да се потпишат – ќе знаат, а и есап ќе научат. Ако сакате.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ќе научиш ќе видиш и колку сте сите и дале те броев.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Оти кој не ќе научи да ја испее азбуката тој понатаму на училиште, нема зошто да доаѓа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ајде почни. Број! - Не знам – рече Јоле. - Ќе научиш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вашата политика е што ќе научите и што ќе прочитате по вечерни весници.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Само така ако гледа, далеку ќе догледа, само така ако се искачува - високо ќе се искачи, само така ако учи - ќе научи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе научиш како да дознаваш. Потруди се.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Игбал се загледа некаде далеку, кон високите врвови на планините од другата страна на езерото, кон оваа страна каде што очигледно се наоѓаше неговото село, ама не се гледаше, и мене ми се чинеше дека сосема заборавил на моето присуство, кога неочекувано проговори: - Само тие што ќе научат да летаат успеваат својот живот да го направат како што би сакале да биде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Еднаш им се јавив во хотелот во Бомбај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)