ќе (чест.) - меси (гл.)

Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје“ на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седам, ама без работа не се доседува. Ми текна - ќе месам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Невестата Митра си ја знае својата работа. Рано ќе меси, крмакот ќе го нахрани, вода ќе залее, тиква ќе кладе да се свари, слама ќе извади, вечера ќе пригоди и денот поминал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, кој се, де, кој се? Сакам да знам за кого ќе месам леб, зелник. Кого ќе ранам од нашата сиромаштина?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Што ти треба да знајш? Јас ти заповелам да месиш и ти ќе месиш, ако ме есапиш за маж, — ѝ се врекна Мирче и строго нареди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сеќавам, имаше една баба во соседството која кога мајка ми ќе месеше леб везден и велеше Софо дај малку од тој твојот леб...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)