ќе (чест.) - истече (гл.)

Не знам каде ќе запрат јагулите во која вода ќе истече нивното минато Но тие ја знаат патеката на својот сон ја имаат упорноста што ќе им го покаже патот на враќањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ја послуша, но пред да се тргне ѝ рече: „Ќе одам отспротива да те гледам и ако не ми се смилуваш, да знаеш дека целиот ќе истечам по реката“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Значи, овие црни водје ќе истечат, ќе се избистри водата, - му велам на Турчинот и при тоа чуствувам некој радосен подем во градите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И ко однатре ќе истечат, (без лага демек), неколку стотина кила злато.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога ќе истечеше крвта од него, кога ќе запреше кркорењето, војниците го оставаа бикот, кој полека се смируваше и како во сон ќе спреташе полека со нозете, ќе ги издолжеше и ќе ги собереше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќе истече денот како Сува Река Ќе зјае ноќта на чардакот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)