ќе (чест.) - исплива (гл.)

И да ја потопиш во најдлабокото море, таа пак ќе исплива на површината...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Полното отцепување на Македонија од балканските државички во етнографски однос ќе исплива најаве со успокојувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Да ти ебам судбината проклета, викаше Трпе - Ајде бе, не се секирај, ќе испливаш од срањето - го тешеше другарот Спасе. - Жими ашимов шо ќе испливам.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ненадејно, како потопена урнатина што ќе исплива на површината на водата, една мисла му се проби во свеста: „Но тоа не се случува навистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Малку ќе им направам трошок и на моиве, но се надевам дека ќе испливаат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но среќа моја што сум педантен - во еден тефтер водам евиденција за секое писмо, факс или и-маил што сум ги пратил откако дојдов во Холивуд, така што треба само да ги прегледам сите 3.000 адреси од тој список и вистината сама ќе исплива на виделина.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сите филмови без цензура и монтажа директно ќе влегуваат во конкуренција за најдобар во маало, во месна заедница, а најдобрите што ќе испливаат на површина како награда ќе добијат пофалница со повратница во спална, и гратис абортус, ако е трети во тековната година.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И тогаш, човечето се открива повторно, дури можам да му го видам лицето, напнато до грч, како да се бори за пресудниот здив, оној со кој ќе исплива, ќе се истргне од бездушната маса.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Етеризиран без лекарска интервенција. Зар еднаш си заспал без да знаеш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Постојат и такви денови: наеднаш ќе испливаш од големите тежини, или ќе помислиш дека си испливал, а всушност тоа е моментот кога клапнуваш а без да си свесен за положбата во која си се нашол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)