ќе (чест.) - изгуби (гл.)

До Ќутеза патот е лош. Ќе изгубиме доста време.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ќе изгубеше фигура, чувствуваше дека полето на кое ја загубил фигурата, зјапе празно, жално, втонува, се урива, а загубената фигура ја земаше од масата каде што ја оставаше противникот и не можејќи да се помири, ја пипкаше со прстите, ја жулкаше жално, ја вртеше низ прстите како да ја проверува дали и нејзе ѝ е тешко како нему што е исфрлена од играње.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како да заспаа моите тревки туѓа магија им ја украде моќта твојот мирис во стебленцата кревки претскажав дека ќе те донесе ноќта знаев: сѐ ќе изгубам, но ќе љубам.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Штом ќе изгубев трпение, ако за нешто ми досаѓаше, веднаш ќе се сетев колку и таа е осамена, без мама и сѐ ќе ѝ простев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Татко ми и така сакаше да студирам некоја егзактна наука, како техника или барем медицина. - Ќе изгубиш цела година.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја обеси ја онде на чивијана, молим те, да не стануам, оти ќе изгубам од работата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не гледаш оти сио народ кај ми стануаат и чес ми праат?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден пазарен ден излегол царо да шета низ чаршија и кај што врвел покрај дуќаните, сите дуќанџии му стануале, само терзијата не му станал; при с¯ што го видел царо оти врвел, па не му станал, чунки преесапил ако стани, ќе изгуби стотина игли од работата и ете ти зијан.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Браос, мајсторе, а, така те сакам де!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јес, мистер. Кога црнците ќе изгубат нешто што сакале плачат исто како белците, нема што.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе изгубеше трпение, по скалите се качуваше до чардачето за да го почека таму својот стопан во колак свиткан пред вратата од варосаното одајче.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ќе изгубеа пораснат син или ќерка, го проколнуваа Бога што не ги зел нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Немој, бре, Дуко, му велам, што ќе изгубиш ако не се презиваш Вендија. Нивите, парите, што, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)